Да, во право си. Хелти микс ми е ок, ама не е нешто толку посебна за да не можам да најдам слична ако не иста за дупло помалку пари. Да ми треба ептен покривна па и во ред, ама моја шминка ионака е 99,9% дневна лагана шминка. Така да и јас мислам да и дадам шанса на аура. Она што прочитав и јас по нетов е дека е баш таква, замена за хм. А и сакам да менувам. Уште нијанса да погодам, за мене мислам сепак 801одговара.
Јас претходно ја користев Manhattan Easy Match, исто ја има во понудата, а има иста покривност како оваа на Aura. Летоска ја користев Easy Match, баш е лесна, со средна покривност. Многу ми се допадна тоа што се прилагодуваше на мојот тен, и тоа што не светнуваше во текот на денот. За помалку од саат време ќе одам во Cosmo да ги видам нијансите, па ќе изберам меѓу двете пудри. Ако не ти се брза, ќе пишам која повеќе ми одговара
Искуства со Artdeco Rich trеatmеnt пудрата? Моментално е на попуст во Космо 650 ден. Јас ја користам хелти микс на Буржоа. Што мислите која е подобра, дали да ја купувам?
Добра е, убаво покрива и лесна ми беше на лицето, ама е само 20мл за разлика од другите што се по 30мл. Тоа и е единствената мана што можам да и ја најдам.
Јас ја користам во последно време. Пудрата е наменета претежно за сува кожа. Со оглед на тоа дека имам премногу сува кожа, на мое големо изненадување, и без подлога, не ја чувствувам како 'тежина', напротив. За покривна, искрено не е баш, ама јас немам некое проблематично лице, тук таму пред пмс 2,3 акни, ништо страшно, затоа од тој аспект сум задоволна. Многу ме иритира што остава отпечаток, ама тоа е. Цената мислам дека беше околу 300 денари. Едит, сега видов прашуваш за онаа 3 во 1. Јас зборував за таа 8 во еден.. Сепак не верувам дека има некоја особена разлика..
Може ќе се најде мислењево за некој. Пан стикот од мах фактор е добар. Мене ми е тежок на лице и светнувам за брзо ,а имам комбинирана кожа. Има многу добра покривност. Во последно го земам само темниот за контур е одличен.
До сега ја користев пудрата на essence, па нешто ме удри да пробам на Aura, ја има некој користено, да ми кажете како сте задоволни и колку кошта одприлика.
Вчера ја земав Stay all day од Essence зашто прочитав дека сте задоволни од неа ,како за секој ден. Арно ама не се информирав околу нијансите и сум ја земала soft beige и тотално сум ја утнала работата. Од Дм ја земав и тамо кога гледав на тоа светло не приметив дека е толку жолта а за soft nude немаше тестер и дома кога пробав -харикири . Не ми ја заменија ради што е отворена, иако претходно ми се има случено да мењавам ради утната боја и без проблем ми смениле ... тој муабет на страна. Добра е пудрата за луѓе со чисто лице , ама мислам за некоја со малку акни дека нема да и биде покривна(само да посочам) , мада мене не ми сметаше. Значи едино што ми сметаше беше жолтата боја на моето лице инаку ќе бев задоволн за таа цена.
Пак завршив со Double Wear, овој пат ја земав 2N1 Desert Beige. Најевтина беше во Sephora - 39,95€, на други места беше по 47€. Некни ја зедов и MF Facefinity, исто на попуст од ДМ, 588 ден.
Здраво, неколку месеци ја користев пудрата Ревлон колор стеј и бев прилично задоволна и во однос на покривност и во однос на трајност. Имам препорака на мојот дерматолог да ја купам пудрата на Виши дермабленд како медицинска пудра што повеќе одговара на моето проблематично лице кое лесно може да се нафрла. Дали некој ја има користено оваа пудра и Ревлон па да ми каже искуства и да направи споредба. Поздрав
@Karmina1989 јас ја имам користено на Виши дермаблендот и можам да кажам дека не сум воопшто задоволна. Така ми стоеше до скоро полно тубиче додека правев чистка во несесерот и не и ја дадов на свекрва ми. Мене лично пудрата ми е мноогу мрсна, светев како лампион од неа. Ама буквално како лампион. Покривна е но многу лошо изгледа, премногу се познава. Инаку јас имам комбинирана кожа со мал број флеки од некогашни акни на образите и чат-пат по некоја акна. Многу очекував од пудрава но, тотално промашување беше за мене. Можеби некој друг има позитивно искуство со неа, јас за жал не. Поздрав
А се исфрлаш ли од Ревлонот? Ако кожата добро ти ја поднесува, не гледам зошто да ја менуваш. Докториве земај ги со резерва, најголемиот дел од нив добиваат провизија од препорака на одредени производи
Како подарок ги добив и првата е добра како секојдневна пудра со мала до средна покривност, втората е потешка и обично ја користам навечер но почнува да се лупи доколку нанесам втор слој одозгора и после 3-4 часа носење ме печат очите од неа И двете ми се промашени нијанси на пудри, читајќи ве вас помислив да ја земам оваа па чекам ваши коментари за неа како сте задоволни
@borjan4eto Есенс пудрата е повеќе за комбинирана и нормална кожа, али со камена одозгора е добра и за мрсна. Трае навистина долго (не знам за 16ч, али 8 да). Средна покривност има, само проблем се нијансите, многу се темни за мене и мал избор има. Како за споредба јас ја користам Римел ластинг финиш 103 и е некаде 3 нијаси потемна од 10 и 20 на Есенс. Али за цената нема кај нас подобра.
Ако имаш комбинирана/мрсна кожа ти ја препорачувам новата на Голден Роуз. Предобра е одлична покривност и трајност. А со цената се тука некаде. Многу поскапи пудри не ми биле толку добри колку оваа пудра искрено импресионирана сум.
Која цена е? Јас бев импресионирана од ГР во стаклено шишенце, али таа ми беше за ептен ладни денови, сега одма би светнала.
Ви благодарам @Elence93 и @Rose96 ќе пробам тестери од нив и ќе напишам импресии од таа што ќе ја купам