Како сте задоволни од Rimmel stay matte и течната и камената пудра? За покривност, трајност... Значи покривност мислам дали покрива акни и црвенила.
Па ете така се впива по 10 мин како да немам ништо на лицето не викам дека пудрата треба да биде како маска на лицето ама пак и затоа стваш пудра за да покриеш несовршености ...затоа служат нели ?
Manahattan Clear Face BB cream 9in1 е многу добра. Има мат финиш и воопшто не пробива мрснотијата од лицето преку неа, а да не збориме за тоа како покрива. Јас имам премногу мрсно лице и од кога ја пробав се заљубив. И згора на се' убаво мириса.
А ова е ббкрем, не пудра? Можеш да ми кажеш колку чини? Сега сум во дилема...јас ја имам на Аура, да не е слична со Менхетен? Страв ми е да не ми се нафрли лицето од Ревлон, зашто имам прочитено дека се ифрлувало...а јас имам многу чуствително, единствена пудра која ми одговараше беше Римел мат(ама беше како паштета) Е сега од Менхетен или Римел финиш која е подобра за мрсна кожа? Досадна сум ама уште нешто....што е подобро да се нанесува прајмер пред пудра или подобро камена пудра накрај? Имам 18год и не сакам уште сега да ставам се, што би било подобро за мојата кожа?
Ja од секој бб крем се исфрлам. Незнам зашо....Прво земав чинам Менхетен , па Авон као мат демек ,па на Биотен мислам цц крем и се во канта фрлив. На Менхетен имаш пудра за тинејџ кожа ,антибактериска и мат е плус, ја имаш пробано? Мене таа ми го чистеше лицето,до пред 2год ја користев. Можеш за под неа да земеш баџа некоја ,прајмер на Аура за т-зони.
Ревлон, Макс Фактор 3 во 1, Мејбилајн Stay Matte. Но прво пробувај тестери да видиш која кје ти одговара на лицето.
Пробај си прво од тестер па потоа купувај..не само за Ревлонот туку за било која пудра. Мене Ревлонот ми е супер , не ми се нафрлува лицето. Менхетен не ти препорачувам тоа е чист бетон Сепак пробај си тестер па одлучи
Не знам колку чинеше ама многу е добра бидејќи и јас имам мрсно лице како тебе. Пробај си тестер за секој случај, но не ми се верува дека нема да ти се допадне. А според мене, подобро е да си ставиш камена пудра на крај затоа што ти дава "airbrush" финиш. И плус подобро е камена за масна кожа.
Супер е пудрава, јас имам сува/чуствителна кожа. Има лесна средна покривност, ама трае во текот на денот.
Здраво драги феминки, извесен преиод почнав да користам две пудри со кои добивам одлична покривност и трајност дури до 8 часа на мрсна кожа. Ја користам Виши дермабленд како коректор односно на оние несовршености каде е потребна поголема покривност, нанесувам на црвенила мозолчиња со мала четка и добра блендирам, потоа нанесувам камена пудра од Радиант прфект финиш која е доста добра и квалитетна и овозможува на кожата да диши и не создава акни ниту ги затвора порите. Поздрав и се надевам му помогнав на некоја феминка со мрсна кожа.
Фото финиш ја имам користено лани зимата и веќе и заборавив што како, ама не се сеќавам дека нешто посебно ми пречеше околу пудрава. Имаше убава завршница, затоа и има назив фото финиш, посебно на сликите убаво изгледа, како фотошопирано лицето Кожата ми и тогаш беше сува, па можеби ми беше пресува. Тоа единствено негативно што се сеќавам, мада бев бремена и беше есен-зима, па можеби и тоа имаше влијание. А да, не е баш дека стои 18 саати, без камена пудра ја користев. Со другата пудра немам искуство. На 412 страна од темава има пишувано за фото финиш пудрата