Женски дај кажете некоја пудра за сува кожа која добро покрива.Скоро сите убави пудри се мат,а мене не ми одговараат на кожата
Ај сврти на претходната страна и прочитај. Се изнапишаа страни и страни за скоро секоја пудра и пак ве мрзи да прелистате..
@Avery јас забележав дека ниедна крема на Алверде не е добра како подлога за пудра. И аква и матирачката ги користев и не одговараа воопшто. Многу ми се допадна Гарние бб кремата. Original/ classic, light ја земав. Лесна, убаво го изедначува тенот, доста е покривна што ме изненади, а имам чувство како да имам само крема на лице. Мала количина е сосема доволна за цело лице, а по потреба ставам уште еден слој и воопшто не се приметува, не делува како премногу. Но, кога е потопло ставам на местата каде кожата ми е мрсна наместо втор слој, малку од пудрата на ГР, најновата, и се покажа како одлична идеја. И ми трае доста долго, лицето така ми издржа целовечерно танцување, смеење, на два пати само тапкав со марамче на челото и на образите. Не се избриша. Бар и на пудрата и' најдов примена, да не ја фрлам.
Дојдов да ја пофалам пудрава. Долго време трагав по некоја покривна пудра ама за СУВА кожа. Дефинитивно оваа е најдобрата пудра што сум ја имала. 8/10 покривност. И што е најважно не ми се прават лупешки како други пудри, со што и да ја нанесувам. Обично ја нанесувам со четка зошто повеќе ми покрива, некогаш ја комбинирам со камена и тогаш подолго трае. Дефинитивно би ја купила пак, и пак и пак Цената и беше 670 денари , ја зедов на отворањето Космо кај катната гаража.
Девојки, дали некаде сте сретнале рецензија за новата мат пудра на Голден Роуз? Знам дека @Rose96 имаше пишувано, ама како што знам таа ги користи најсветлите нијанси што ги има кај нас, па претпоставувам ја имаше тестирано само нијансата 01? Јас си ставив од тестер од нијансата 02, таа ми ја препорача продавачката, ама очигледно не ставив доволно и самата пудра не е со таква текстура да стои во место како што мислев, туку се разлеала во кутивчето на места каде што не можев да ја дофатам, а се брзав за да излезам и гледав што побрзо да ја нанесам. Не можам да донесам заклучок дали сосема ми одговара 2ката бидејќи кога видов дека нема да ми биде доволна ја помешав со фејсфинити и ми се изгуби прегледноста за вистинската нијанса на Голден Роуз. Така додека размачкував ми се виде убава, стварно мат, и веднаш се фиксираше, ама би сакала доколку има по нетот да ги видам уште еднаш сите нијанси, за да одам и да ја купам, а не пак да си ставам од тестерот, ама изгледа ќе треба бидејќи вака кога ја гледав 2ката ептен жолта ми делуваше, ама на лице не беше до толку случај. Ептен малку информации има за пудрата на интернет, дури ни слики нема освен тие од сајтот кои не ми помагаат многу, или јас не пребарувам како што треба. Доколку некоја има искуства или наишла на рецензии со слики, ве замолувам постирајте ги линковите.
Побарај си во мало кутивче да ти стават да си ја испробаш и да видиш како ќе ти одговара и нијансата и самата пудра. Мене ми е супер и мои другарки ја купија и ептем се задоволни ама и тие ја имаат нијансата 01 инаку ќе ти испратев swatches Мислам дека и Ревлон ја имаш користено која нијанса ја имаше?
Розе сега гледам дека делува двосмислено тоа што сум го пишала претходно. Си ставив во такво малецко кутивче од гроздова маст, ама нели има некои внатрешни вдлабнатини и не можев убаво да ја дофатам бидејќи се имаше разлеано скроз на дното на кутивчето, а брзав да излезам од дома и затоа ја измешав со друга. Претходно кога сум ставала други пудри или на пр ЦЦ кремата од Биотен, си стоеле во место, а оваа скроз се разлеа. Затоа ја мислев и течна и непокривна кога ја видов таква разлеана, ама кога ставав одма се фиксираше на лице и баш делуваше густо и покривно, што ме зачуди колку мат ефект ми даде, не очекував искрено. Не сакав пак истото да го правам, да си ставам од тестер, ама изгледа ќе морам, нема никаде слики со нијанси, ни кај босанските и српските блогерки. Ревлон имав 220, ама таа имаше некој мал розев подтон и не можам најдобро да се ориентирам по неа, а 180ката не дојде на ред да ја пробам.
Овде ќе пишам рецензија за MAC Fix fluid течната пудра , верувам дека некои девојки од форумов ги интересира Пудрава ја земав уште пред неколку месеца кога бев во Солун (во мојов град кај што сум нема MAC) , на попуст ја најдов околу 23 евра. Доаѓа во стаклено шишенце со капаче без пумпица , а и заборавив да купам Прво што забележав е мирисот. Ужас , невиден. Мириса како боја за ѕидови ( мм вика на него му мириса на нафта ) и мириса јако , на лице за среќа исчезнува брзо , но на сунѓерчево мирисот останува додека не го измијам. Второ што забележав е густината. Пола саат се мачев да извадам малку од пудрата , колку и да го тресеш шишето пудра не испаѓа Покривноста е средна (за тие што имаат поголем проблем со лицето) мене ми е одлична со еден слој ми покри убаво насекаде, не навлегува во порите на лицето (доколку не ставиш прајмер) но, кога ќе ја нанесам и кога ќе се засуши (а се суши многу брзо така да треба брзо да се нанесува ) на лицето поточно на делот кај образите и под очите осеќам некоја тежина , затегање што со никоја пудра досега ова не ми се има случено , на останатите делови од лицето е ок , само овде е проблемот. На лицето останува се додека не ја извадиш , по 8-9 час приметувам дека почнува мааалку да ми засветува носот и челото ( ова зборувам ако немам нанесено пудра во прав и прајмер). Има голем избор на нијанси иако мојава спаѓа под ладен подтон C- Cold , сепак не е розевкаста на лицето баш е неутрална бојата , ни жолта ни розева. Мојата нијанса е NC15. За понатаму не би ја зела повторно , мерак ми беше да испробам нивни пудри , но некои работи навистина ми сметаа ,а и очигледно е за тие што имаат многу мрсна кожа штом на мене ми тежи на лице.
Девојки за каква кожа е оваа пудра? Дали е покривна и колку пари е? Имам комбинирана кожа и сакам да си најдам некоја добра пудра до кај 500 денари, 500 и нешто. Предлог некој?
Јас ја користам во моментов Este Lauder Daywear и сум презадоволна од истата. Дефинитивно повторно ќе ја набавам. Бев прилично скептична бидејќи имам прилично светол/блед тен, а кожата ми е екстремно осетлива и сува, но за среќа подобро се прилагоди на кожата од многу други кои биле со назнака за сува/осетлива. Поточно мојава сува и осетлива кожа прв пат реагира така добро. Нема покривност, нуди изедначување на тенот и дава свежина. Плус е спф 15. За преку ден најдобар избор кој сум го направила.
Тешки се повеќето пудри на Mac, има далеку подобри избори. Освен таа големата за лице и тело, таа е лесна и гледам ја користат за модели, кога сакаат да добијат свеж изглед. А баш те забележав во темата, дека пудрата ти беше cakey... Имаме наш збор за тоа? Тортесто?
@LivingGlam Тoчнo е , бaш пудрaтa се пoзнaвa нa лице, aрнo рече cakey изглед Знaеш , јaс имaм мрснa кoжa дoдушa нa некoи делoви и нoрмaлнa и сум кoристелa дaлеку пoдoбри пудри нa Буржуa, Есте, Мејкaп фoревер итн.. Мaк кoзметикaвa ми е некaкo преценетa, и незнaм штo тoлку пoлудувaaт девoјките пo нивниве прoизвoди единственo кaрмините штo им вредaт
Оваа пудра не сум ја пробала , но би ти предложила да видиш дали е на попуст некоја од овие две на Bourjois 123 perfect , Bourjois air mat или новата на Loreal infallible matte - оваа е околу 500 и нешто
http://1.bp.blogspot.com/-XLGDLMMtzTY/VcJxoZhSSRI/AAAAAAAANcc/WUPN_P-ob2E/s1600/IMG_2953.JPG Пробај со ова на делот на тетоважата
Дали фиксаторот помага шминката подолго да остане мат? Врз течната мат пудра поминувам и со четка со камена пудра, но пак светнувам после 2-3 саати. А не сакам да ставам многу камена пудра зошто изгледа ептен вештачки.
Ти ги препорачувам да си ги пробаш хартиите од есенц за мрсна кожа, кога ќе почне да ти се мрси кожата само тапкаш со тие на мрсните делови и шминката изгледа како штотуку нанесена.
Многу помага. Јас еве користам добри пудри, ама ниедна не може да ми издржи толку долго на лице како кога имам ставено фиксатор. Се случува малку да светнам на т-зоната, ама 9-10 саати се во прашање, така што тоа е и повеќе од одлично