Глупости, не дека нешто ќе сменат 100 или 200 денари (јас ја купувам 850 од парфимерија), ама нека не се припотресуваат до толку, зашто сепак Ревлон не се Клиник или Есте Лаудер. Јес да квалитетен бренд се и не се баш нешто многу драгсотр буџет-френдли, ама (околу) 1000 денари за Ревлон Колорстеј...ми се плаче! Уште ако е унаказена пудрата, збогум шминкање. Некако, со тек на годините ми се смачи да барам идеална пудра. Леле, баш ми требаше сламка за рч-рч. Ќе го крка некој ако ми ја за**але пудрата. Се шалам, нормално.
Ма ајде ќе се прежали тоа некако, ама ако ја унаказиле пудрата, многу лошо ќе биде. И јас ко мајка ми, да си купам неколку додека уште ги има старите на залиха, ќе се најдат.
Ве молам препорачајте ми некоја мат пудра ама доста прекривна бидејки имам акни а и црнки кои не може ништо живо да ги прекрие...Имам мрсна Т-зона а останатиот дел ми е нормална..Ја користам лореал но уште повеке акни ми излегоа сега на жешково а и мн ми светка..Ве молам предложете ми нешто..
Jас периодов сум наjзадоволна од Loreal 24H matte, не мрда пудрава со саати а ja ставам и преку ден. Многу е покривна, а сепак не е тешка. Може само да ти се проблем ниjaнсите, неколку членки се пожалиja на тоа.
Е ако ја унаказиле ревлонов нема да вреди ни за 500 а не 1000 ден. Јас уште тагувам по старата ревлон, квалитетот што го имаше пред едно пет години.
Девојки знам дека ББ кремите не се покривни ама некоја која има барем малку поголема покривност да ми препорачате, со цена до 300 и нешто денари? П.с разлика меѓу ББ и ЦЦ крема што е?
Па не, имав бб крема од гарниер и не ми одговараше и се скарав со бб креми од тогаш Но, ми треба нешто полесно за летово.
Разлика е што цц кремата е попокривна,бб кремата покривност 0,така да боље ти е цц крема есега која незнам баш да ти кажам,ја имаат постирано таа на биотен,не била лоша и ја се мислам да ја земам ама онака преку ден не е баш лоша,ама ако имаш акни не би ти препорачила,ја се мислам како за подлога да си ја ставам.
Разликата е што цц кремите се наменети за покривање црвенило и мали несовршености, а бб кремите се исто обоени креми, но со помала покривост, а повеќе анти ејџинг состојки. Ама покривноста зависи и од фирматата која ги произведува. Јас летово ќе пробам да издржам со цц крема, ама можно е да продолжам да си ја мешам со пудрата. Пудра си е пудра, дури и тие со слаба покривност. А цц кремата која ја користам е од Биотен, околу 200 денари е.
Итоа 50%ај која пробала нека пише дали е ок цц кремава,па зар 600 денари била пред?Каква и е покривноста?
На боржуа покривноста и одлична и нијансите и се убави, само НЕ Е за мрсна кожа. Имаше рецензија на блогот кај rose96 http://rosee96.blogspot.mk/2015/07/bourjois-cc-cream-review.html
Ја,имаш во космо за тоа сум сигурна,пошо ја гледав пред некое време цена,470/480,ако ја пробаш пиши каква е, ја фалат ама да не е мн.тешка и да не се познава кога ја ставаш на лице е тоа ми е малку страв.
Јас цц кремава на Буржуа ја имам пробано, ми издржува 4-5 часа на лице преку лето што за утринско излегување е супер, инаку мојава кожа не е мн мрсна , комбинирана е можам да кажам. Слична е со 123 перфект пудрата што ја користам моментално , само нели цц кремава е каде каде полесна и понепокривна. Инаку ја имам пробано на тестер цц кремава - имав едно кутивче од крема за лице и отидов во Сефора ми го напони кутивчето со цц крема и така ја испробав хехе
Ја имаш во ДМ, Еликсир и Космо. Јас сум презадоволна од неа, за мрсно лице е најдобра, има висока покривност и јас не ја менувам за ниту една друга. Само јас не ја користам секојдневно, за преку ден, особено на топло мислам дека е тешка, особено за оние кои не се навикнати на тешки пудри. П.с фала женски на одговори. Оваа од буржоа ми е малку поскапа, таа цц крема на биотен дали има добра покривност?