Јас дојдов да помрчам за ревлонот. Исто сра*е како порано е а е поскапена дури на 940 денари. Многу скапа пумпицава излезе. За тие пари пари барем поголема покривност очекував (од последнава формула). Значи истата формула ко порано само плус пумпицата и 2 нови нијанси и единствено позитивно ми е што на тие што 220 им беше светла и розева, новите нијанси мислам дека ќе им одговараат.
@M.laDy и капачето нека го сменат па нека стават цена како Double Wear . Ова значи да се опремиме додека има од старите.
@senza.parole, ако не се лажам, во твој пост ја видов GR Longstay matte течната пудра, па би те замолила доколку веќе ја имаш пробано да споделиш некаков впечаток. Јас неодамна ја купив онаа стик-пудрата и позитивно изненадена сум од покривноста, ама има многу светкав финиш и ја пренаменив во коректор. Баш сакам да ја пробам течната, одамна ја мислам.
Manhattan mat пудрата. Нема потреба од камена, оваа е предобра. Јас на свадби со неа се шминкам, а имам многу мрсно лице и брзо се потам ама оваа многу е покривна и не светнувам дури и цел ден на лице да ми е.
Си ја зедов CC кремата на Буржоа, со една нијанса потемна од мојата. Ми се свиѓа бојата што се добива, како исончан изглед, со крем коректорот на Алверде ми е добра во покривност, само ми се исфрли лицето. Дали од целосното менување на козметика последен период, не знам. Освен @Biodevojka некој друг да не ја користел тонираната крема на Гамард. Од сликата не можев да оценам убаво за нијансата и покривноста, барав во Зегин не успеав ни кремата, ни тестер да најдам. @koritsaki ти можеби? Или имаш предлог за некоја полајт убава органска пудра/тонирана крема за периодов? Ист тип на кожа, па и нијанса отприлика имаме инаку
Ја користам manhattan mat пудрата но сакам да ја пробам новата на golden rose mat , дали е сличен ефектот?
@blueberry93 ја немам пробано тонираната крема на Гамард , за пудра органска знам дека има на Др. Хаушка би требало да има и за комбинирана кожа , но не сум пробала ништи од нив.. Биодевојка сигурно знае лошото со органскиве производи е тоа што нема тестери..
@blueberry93 Онаа на Хушка е добра за комбинирана кожа. За тоа може да потврдам. Има 5 нијанси па ако си многу бела имаш 01 која е најсветла. Јас ја користев 02 ама мислам дека требаше да ја земам 01 затоа што повеќе ќе ми одговараше сигурно. Онаа на Гамард има само две нијанси светла и темна. Светлата не е порцеланска туку со жолт подтон. Убава е за летно време, ама за нијансата дали ке ти одговара не може да ти гарантирам.
Јас оваа пудра не би ти ја препорачала, јас ја користам од 2012 секој ден до денес. зошто не? точно е тоа дека е покривна, но делува тежко на лицето не е баш пријатно, ако имаш црвенило ке те пече (барем мене од време на време), а тоа додатно што си бела е проблем затоа што нијансата бр.1 е како паштета да мачкаш, јас морам да мачка и по врат бронзер како не би изгледала како чудак. Се на се + е тоа што е покривна има добра структура (не е ни мат ни сјајна) - е тоа што знае да пече (периодично, барем мене), нијансите се ужас иако пред повеќе од пола година се обидоа да ја сменат нијансата 1 во нешто посветло ама сеуште е темна. Јас ја купувам исклучително ради структурата и плииииз ако некој друг ја пробал и користи некоја друга пудра со ваква структура ке ми бидете од голема помош
Бидејќи темата е единствена за пудра, тука да прашам. Е сега баш и не знам дали има, но дали и каде можам да најдам пудра како спреј за покривање на кожата на нозете? Или што препорачувате за покривање на тој дел? Тенк ју грлс
Лосион за самопотемнување (light/medium/dark) зависи каков тен имаш. Јас заради капиларите на нозете,и порачав на една брачеда од САД, специјален лосион(крем),но го има и во спреј.Можи и на цело тело да се става,ама јас немам потреба. Задоволна сум, многу убава боја се добива, ама одма, го мачкаш како пудра и си имаш убави нозе како од списание
Јас ја препорачувам токму од причина што е навистина покривна , мене воопшто не ме пече (а исто така имам проблематична кожа , акни на некои места и слично), убаво мириса и има трајност(од сабајле до вечер не се разлева и слично)и чини околу 600 ден.За нијанса, нормално секој ќе си одбере нијанса што му одговара.Инаку претходно користев течна пудра на Bourjois ама повеќе не се произведува .Чинеше некои си 870 ден.Ако некој исто користи некоја од течните пудри на Bourjois , со мат ефект и да покрива , нека ми пише pls.
@P.S.love Тенк ју Но, не барам за тенирање, туку за покривност поради белези и црвенила. Такво нешто да предложите?
@Pamela Daisy јас ја користам на Буржуа 123 перфект и е со мат ефект , Аир мат е помат само читам нијансиве биле по жолти додека оваа првата има понеутрални. Ти збориш за Флауер перфекшн? И јас ја користев таа ама повеќене се произведува з жал. Инаку од 123 перфекшн сум презадоволна