Серумот одамна го повлекоа од продажба во Мк, кратко по лансирањето на новата подобрена формула на Хелти Микс пудрата. За нормална кожа беше супер, за комбинирана со соодветна подлога и завршница беше солиден, ама тука не можеш да го најдеш за жал.
Фала многу за одговорот Епа тогаш ке ја купам тас што ја има, оти имам слупано дека не е тешка на лицето, не изгледа како малтер и не е ептен мат. Иако имам нормална до комбинирана кожа, не сакам тешки пудри, и уствари немам ставено пудра на лице едно 5 години... Оваа ке ја земам дека сум на свадба па да неутрализирам малку црвенило некаде ако имам.
Супер е Хелти Микс пудрата, мислам дека ќе ти одговара, @Unica. Ако те носи патот накај Грција, провери дали серумот го има таму. Јас одамна го немам купено, ама последното шише го купив од таму. Само фиксирај ја со пудра во прав, за секој случај, да не те изненади Т-зоната на топлово време.
Јас користам Impela мат пудра пошо имам мрсна кожа Но ја нема таму кајшто ја земав моѓе дапрепорачате друга мат и убава за мрсна кожа?
Хелти микс серумот го има во Грција се уште инаку сум слушнала дека Хелти микс е попокривна од серумот.. @DiFlove пробај ја пудрата на Буржуа 123 перфект или Ревлон колорстеј
Серумот стварно одамна го повлекоа од продажба иако незнам зошто бидејќи е прекрасна пудра....јас последно серумот го порачав од lookfantastic.com беше негде 10.99 фунти немаше ни шипинг ни ништо..после тоа ја купив и Healthy mix новата формула и сум задоволна и од двете...серумот ми е полесен на лице помала покривност ама мн добар природен финиш има...ако немаш проблематично лице изгледа како ништо да немаш ставено...од друга страна бар на моево лице Healthy mix ми е малку потешка од серумов и има поголема покривност ама и оваа ми дава природен финиш...двеве ги рекламираа демек како за сува кожа, јас искрено неам ни сува ни мрсна ни нормална, најчесто е комбинирана ама и двеве си ги користам и не сум забележала ни премногу мрсење ни перутење ни ништо...серумот 3 месеци секој ден го користев па почна да не пумпа веќе ама кога го отворив сфатив дека уште многу пудра има внатре...протреси и си пумпаше еден период....после пак престана ама пак ја отворив и уште пудра имаше внатре и почнав со шпатула да си ваѓам зошто стварно не вреди да фрлиш ем убава ем не многу ефтина за наши стандарди пудра а внатре да е полна а покажува демек дека нема
Јас се спремам за Боржуа, прочитав различни мислења. Хелти микс одговара за сува и нормална кожа но може да се погоди за комбинирана. Хелти има густа текстура па пробувајќи јас така на рака мислам дека ги покрива проблематичните делови. Можеш да ја пробаш таа, во Шатци до недела е 600 денари.
Не знам баш колку Боржуа Хелти Микс е погодна за комбинирана кожа, поготово на вакво време со температури околу 40 степени. Од сопствено искуство, не ја препорачувам за сега.
Мишелке јас па неа ја користам бар сега на 40 степени и да ти кажам супер ми е...само носов малку ми се мрси ама не ми е проблем...и јас станав чудна од друга страна, од најмат пудрите шо се дрецкав претходно по мат, сега се префрлив на овие со поприроден финиш и тоа баш летово хахах