ако имаш бел тен , ќе ти биде катастрофа , нијансите се толку темни и портокалови инаку пудрата е супер. Посветлите нијанси не ги носат на балканов , па затоа само преку нет да ја порачаш ако сакаш посветла нијанса
Девојки дали течната пудра од Алверде некој ја има користено? Ја има кај нас? Јас пудри баш и не користам,ББ крема знам понекогаш знам да ставам ама ова божем 'природно' нешто па
Тоа од сликата не е течна пудра, туку шимер-флуид (илуминатор). Не знам за која пудра на Алверде станува збор, но јас лично не сум задоволна од тоа што го имам купено и пробано. Не успеав да најдам соодветна пудра за мојот тип на кожа, поточно некоја која ќе ми ги задоволи потребите и очекувањата.
Еден вид „база“ која ја подготвува кожата на лицето за нанесување на течната пудра, така што ги корегира несовршеностите (ги „пополнува“ нерамнините на лицето, ја матира или и' дава сјај на кожата, придонесува шминката да биде подолготрајна и сл.). Има прајмери за лице и прајмери за очи, наменети да ги интензивираат сенките за очи. И тоа е тоа.
И јас користев комерцијални пудри се додека не ми испаднаа кожните проблеми. Сега користам исклучиво на алверде. И јас со години бев навикната на комерцијалните па кога свртев на природни ми беше лицето како да не е моето, подруг изглед даваат , не малтарат , не го прават онака лицето мазно како на порцеланска кукла не го очекувајте тоа.. Но со тек на време ќе се навикнете , јас сега повеќе неможам да замислам да купам пудра од лореал или ревлон. За секоја промена треба време и период на прилагодување, не го очекувајте од природните пудри истото како и од традиционалните.
Ако не ти е тешко ќе може ли да ја сликнеш пудрата за да видам како изгледа? @Mishela фала ти.Реков јас не се разбирам баш многу многу напишав нешто ова ми излезе Случајно ова да не е?
@Rose96 Знам дека ти ја имаш користено на ГР мат пудрата. Да те прашам за една споредба меѓу ГР и Севентин мат плус која е подобра? Се плашам таа од ГР да не ми напраи беља на лицето..
Моментално ја користам сличната по амбалажа на оваа скроз десно (ова е base gel, незнаев дека постои) минералната пудра заедно со минералната во прав затоа што кожата ми е комбинирана и можам да кажам топ комбинација.
А која од пудрите на Алверде е најпокривна и одговара за мрсна кожа? Не очекувам да матира, секако ќе ја купам подлогата на Аура. И цена отприлика, да знам комплет колку би ме чинело. ☺
А ако веќе сакаш природна козметика, зошто би ставала подлога од Аура? Таа ти е чист силикон... Најпокривна мене ми е минералната течна пудра, сепак не очекувај да даде ефект како стандардните пудри. Околу 250-300 денари е.
Јас последниов месец ги користев овие две пудри на Yves Rocher. Исто природни препарати. Денес објавив рецензија за нив http://mymakeupbagm.blogspot.mk/2016/09/yves-rocher-comfort-cream-foundation.html