Секако ќе пишам пудрава ја нема веќе во продажба во мк ниту во останатите балкански земји , ја порачав од овде а ја испраќаат поточно од Англија. Биодевојка ми рече дека во Италија се уште ја има во продажба. http://www.ebay.com/itm/121583825647 А многу ја фалат по нет дека за мрсна кожа е одлична , плус е органска
Се надевам ќе се сетат од Bourjois Macedonia да ја увезат, има простор за оваа пудра на пазарот со оглед на тоа дека се повеќе девојки и жени се ориентираат кон користење природни и органски производи.
И јас искрено се надевам. Немие јасно само зошто толку често, производите кои се мнг добри ги повлекуваат од продажба? Не само овој бренд, сите брендови го прават истото.
Moже да ми кажеш каде да ја барам , како изгледа ииии дали евентуално може лицето да ми го расипе.. ☺ ии дали е она ,,,тешка" пудра или пријатна за секојдневно..
Девојки, го користам правот веќе некое време за матирање на Т-зоната, но не сум некој кој се слика на ноќни излегување, па ме интересира дали на слики со блиц лицето изгледа бело? Вечер сум на еден настан, каде веројатно ќе не сликаат, па не би сакала да изгледам смешно. Инаку ставам мала количина со голема четка за пудра во прав.
Бело оставаат најчесто оние што се со спф, особено ако е повисоко од 15. Така што види дали има. И ставај мала количина како до сега и не би имало проблем. ☺
Баш читав рецензии и гледам дека проблем имаат само оние кои прават бејкинг со него, односно ставаат голема количина. Се надевам дека е така Инаку, нема спф
@Avery, мене ми е добра оваа матирачка транслуцентна пудра, иако морам да признаам дека многу внимавам кога ја нанесувам, зашто многу лесно можеш да „забегаш“ со четката и да изгледа смешно на слики. @koritsaki, коректорот е добар, меѓутоа исто како и пудрата, не одговара со секаква подлога.
Јас ја тестирав air mat со подлога на luxe avon дефинитивно не држи,едвај 3 часа. А без подлога цел ден.
Дааа се познаваа и тоа многу, страшно изгледа мене 2 пати ми се случи кога бев излезена навечер и се сликавме и по лицето бев како со бели флеки буквално како на сликава подолу а можеби и полошо а немав многу голема количина нанесено Можеби не е кај сите така ама јас такво искуство имав.
Добро излезе Супер ми се слеа со кожата и воопшто не се познаваше на слики. Баш ми е жал што си имала лошо искуство Фала ти на одговорот
Некоја полупокривна пудра ( и подлога за неа) која би го правела како сјајно лицето? * не ми се смејте не сум многу упатена по шминкиве
Јас до сега користев мат пудра на менхетен,доста покривна но многу тешка,не е за секој ден,па да ми препорачате за комбинирана кожа некоја полесна ама покривна пудра,tnx
Rimmel Staу Matte ako сакаш баш матирачка, инаку Catherine Arley. Во глобала не вреди да се дава многу пари на камена пудра затоа што составот им е отприлика ист.
@MiAmor Матирачки пудри јас би ти ги препорачала следниве , на Буржуа аир мат , Буржуа 123 перфект од течни пудри и камена на Буржуа хелти баланс а најмат резултат ми дава пудрата во прав на NYX
Јас пак ќе ја пофалам Буржоа аир мат. Лани после одмор ја земав и ја користев се додека не ми осветле тенот. Оваа година после одмор повторно ја употребувам. Лесна е, не се чувствува на лице, дава убав тен и го матира лицето, потполно ми се слева со тенот и после неколку часа изгледам исто свежо како кога сум ја нанела. Не ми предизвикува никакви негативни реакции на лицето дури некако и почисто ми е откако ја користам. За сите на кои им треба солидна пудра за комбинирана и мрсна кожа мислам дека ќе биде фин избор. Само има мал избор на нијанси.