4ката ја имам. Мава на жолто да знаеш. Пробај си ги убаво тестерите. Мене другите воопшто не ми одговараа. Јас на попуст ја земав околу 550. Мислам дека редовна цена и е над 700.
Max factor Lasting performace Многу е лесна и покрива многу го измазнува лицето и не сјае , не ја менувам за ништо .
Ја земав на буржуа еир мат на попуст во шатци 540 намалена од 720,вака што пробав од тестер ми се виде добра лесна на лице,па ке видиме како ке се покаже
Каде е моментално на попуст Bourjois air mat и која цена е? Видов во Шатци на страната, ама старо им беше тоа.
Оваа ја имате пробано? Ги имам користено сите пудри од Макс Фактор само оваа ја немам, и планирам да ја купам ама незнам ни што да очекувам измешани критики има, некои ептем ја фалат некои не се нешто многу импресионирани.
Одвај чекам да ја пробам пудрава , ја порачав за 1 недела би требало да стигне. коректорот го имаш пробано , добар е?[/QUOTE] Да се саморецитирам за пудрата , денес ми стигна пудрата Биодетокс , ми беше многу страв да не е некоја стара , расипана , дата на трајност нема , а вака не изгледа чудно плус ја пробав на рака , нијансата ми е 100% погодена , мириса убаво како и сите пудри на Буржуа и приметив само дека е многу мат и треба брзо да се нанесува зашто брзо се суши (фиксира ) на лицето Ќе ја користам секојдневно па ќе пишам рецензија овде Ако ми се погоди ќе си земам полно залихи во случај да ја повлечат и во Англија
Bourjois Biodetox ја повлековме од продажба негде при крај на 2012 година, и повеќе не се произведува. Некои пудри ги повлекуваат само од малите пазари, како на пример Healthy Mix Serum која сеуште се произведува и во некои земји сеуште се продава, но Biodetox беше глобално прекината и важи за сите пазари. Ако погледнете на официјалната страна на bourjois.com можете да ги одберете поголемите земји и ќе видите дека никаде ја нема оваа пудра. Тоа што е останато по некои web страни се заостанати количини кои веројатно се прозведени 2012, но ако чуваат во соодветни услови и не се отворани според мене ќе бидат во ред уште неколку години сигурно П.С. Земјите на европска унија немаат обврска да ставаат дата на трајност на своите производи туку само рок на трајност од отварање затоа што се смета дека од тогаш почнува деградацијата на производот..
Полоша пудра немам користено! Ја пробав и со различни креми под неа и без ништо и неуспешно. Се распоредува нерамномерно и после 10 мин изгледа како кал. Со четка мора баш на брзина да се нанесе, инаку изгледа како шара, а со сунѓерче ја снемува.
Женцки, оваа ја имаат повлечено од продажба, Maybelline Affinitone со розевко? Долго ја нема во ДМ ниедна нијанса.. Има иста ваква амбалажа со зелени букви. Тоа е замена, иста е пудрата??
Таа со зелено е минерална,не е иста.Повеќе е за осетлива и мрсна/комбинирана.Не е баш толку покривна како оваа. А,немам видено дали е повлечена.Одамна ја користев.Провери во други парфимерии
Ја има ли некој користено Radiant Profesional Make Up Natural Fix течната пудра? Цената и е 860 денари и би требало да е квалитетна за тие пари, но не знам никогаш немам користено производи од тој бренд па сумљиво ми е ве молам споделете искуства
Ја користев пред еден месец, и тоа беше најдобрата пудра што некогаш сум ја имала. Имам сува кожа, во одредени периоди комбинирана, и пудрата совршено ми одговараше, не ја суши кожата, одлична покривност има и трае со часови.