Јас ја купив завчера, имав можност 2 пати да ја испробам и можам да кажам дека на моево лице има средна покривност. Моментално имам неколку акни на челото и околу виличната коска па за да ги покријам требаше над нив дополнително да натапкам уште еден слој од пудрата или коректор. А за црвенилото на образите доволен беше еден слој за да го покријам.
Во ДМ стигна новата пудра на Catrice, HD Liquid Coverage, па да ви кажам Многу ја фалат по интернет, и јас ќе ја купам сигурно понатаму, да потрошам барем некоја прво од складиштево дома. Доста е лесна и течна, и шишенцето е со пипета/капалка, но би требало да е доста покривна (колку што читав, да дава ефект на втора кожа). Во ДМ е околу 450 денари. Спојлер: слики од интернет
Јас имам сува кожа на лицето, и почнав оваа пудра да ја користам. Матирано, а сепак не изгледа како маска да сум ставала. Покривност одлична, ни акна ни црвенило ми се познава, и што ми беше нај битно, нема жолт подтон! Цената околу 370 мислам е.
Супер што напишаа дека стигналаа баш ја чекав, ептем ја фалат едвај чекам и јас да ја пробам и нијансите се прекрасни многу природни.
Ја зедов баш денес, сосем случајно. Одамна не користам течна пудра па си реков да пробам може ќе се погоди.
Имам комбинирана кожа, повремено проблематична.. Предлог за лесна пудра за секој ден? Патем, каква е улогата на компактната пудра, баш ја гледав на Есенс, но не се разбирам многу..Дали пушта некаква боја или ја прави кожата бела?
Update: ја носев и синојќа и денеска. Според мене, солидна. Би ја нарекла мат верзија на Хелти Микс. Голема покривност нема, се надоградува лесно по потреба, не ја чувствувам воопшто на лицето, со точно една капка ми ги покри критичните делови. Само би рекла дека треба убава хидратантна крема пред да се нанесе пудрава, се суши во мат финиш па би можела да истакне суви делови. Точно колку трае не знам, ама од сабајле до сега ја носам и ни малку не ми е избледена, а имав прилично бурен ден, со шопинг, со све. (друго би додала дека јас не ја носам на цело лице, така да не знам како би издржала на т-зоната ама со оглед на тоа дека само на критични места ставам, би рекла дека навистина е ефект на втора кожа) Епа то децо.
Препорака за пудра за сува до нормална кожа како за секој ден? Само да не е таа на буржоа heality mix или како беше.
Ако веќе сакаш пудра на Виши и ако ти треба за комбинирана масна кожа ,пробај ја оваа , густа е плус многу убаво покрива , на нет по блоговиве читам многу убави работи за оваа пудра
Фала на советот, имам нормална кожа и не ми треба којзнае колку покривност, би сакала малку полесна пудра, оваа малку попокривна ми стои ама ќе побарам тестер ако најдам ќе ја пробам па ќе видам која ми одговара.
Некој да каже нешто повеќе за REVLON COLORSTAY пудрата, дали може да се носи преку ден, дали прикрива? и од прилика колку пари е?