Ја поружна пудра од Affinitone у зивот немам пробано. Уште стои како си ја купив, секој мопжен недостаток ми го истакнува на лицето,па и таму ај што нема се појавуваат ккао суво лицето,исперутано,воопшто не можеш да ја размачкаш како нормална пудра подеднакво,се познава секој потег.Ужас.јас имам сува ,па може да кажам и мешана кожа,ама пудрава е стварно без везе барем на моја кожа.Течна пудра,ама се претвора во прав кога ја нанесуваш.таква беше и таа Wonder Finish ,ама таа беше преубава. А ова дали јас добро разбрав дека пудра Диор е околу 1000.Многу евтоно тоа, со оглед на тоа дека Max factor има пудри 900 ден, а е средна класа.
Околу 400 денари и не е мрсна и многу ми одговара бидејки јас на челото и носот имам мрсна кожа .Така и се вика Ideal Balance.Пробај ја ако имаш мрсна кожа не е скапа
Јас имам мрсна и проблематична кожа и до сега најзадоволна сум од Deborah-Color copy. Исто и на Revlon не се лоши пудрите. Позз до сите
еее супер ич не е скапа баш ке ја купам да ја пробам се надевам дека ке бидам задоволна фала ти за информацијава
Јас мислам дека мозолчињата ти се појавуваат од кремата што ја ставаш под пудрата. Затоа што пудрите од менхетен се антибактериски и секој козметичар ги препорачува на тие со проблематично лице, затоа што не предизвикуваат ништо. Сепак сега е многу топло, а кремата ги затвара порите и не дозволува да дишат, па и пудрата одозгора кога ќе ја ставиш го фиксираш лицето и не му даваш да дише, па како резултат на тоа се појавуваат мозолчиња. Пробај со пудрите на севантин, тие се полесни а покриваат. Јас сега користам таква и задоволна сум. Овие пудри се убави да, но ги препорачуваат над 25год, барем јас кога сакав да купам, така ми кажаа. Но не покриваат многу, повеќе се хидратантни, за оние со стакло чисти лица.
Овие пудри се убави да, но ги препорачуваат над 25год, барем јас кога сакав да купам, така ми кажаа. Но не покриваат многу, повеќе се хидратантни, за оние со стакло чисти лица.[/quote] epa koj ti kazal te izlazal ,zasto bas tie se preporacuvaat za pomladi zosto se lesni pudri a i helaty mix-ot prekriva odlicno
Девојки, пред извесно време си купив камена пудра од дебора, и искрено многу ми се погоди. Долго време експериментирав, па еве оваа ја препорачувам на тие што имаат мрсна-комбинирана кожа, убаво покрива, не се лепи одма, не свети лицето, подолго време трае, убава е навистина. Само колку да ви кажам ,ако на некој сега му треба ваква, мислам дека нема да згреши. А и не е многу скапа, 310 денари ја купив.
Малку оф топик, ама прашањево е во врска со пудра, па тука ќе го ставам. Ме интересира како ја нанесувате камената пудра? Врз течна или само камената директно врз лицето (нормално секојдневниот крем како подлога). Јас немам навика да користам камена, само течна, а знам дека е убаво да се стави малку, ја прави по трајна шминката нели? Па кажете ми како ја нанесувате, само таа или прво течна па камена? Фала...
Јас ставам прво крем за лице,...па течна пудра....и на крај камена меѓутоа само на помрсните делови т.е на Т-зоната.....плус руж на јаболкниците за изразување......
Фала за одговорот Грл23. Не сум користела до сега камена, па ми беше страв да не изгледа премногу камено како восочна фигура, но ако ставам по малку на одредени делови, како што викаш, сигурно нема да делува гипсано.
Пудра никогаш во живот не сум користела. Сега пред матурата купив една баш за таа намена. Impala е пудрата и ја имам само два пати употребено. Али ок е, иста боја е со бојата на мојата кожа, па кога ќе се размачка убаво не се приметува разлика.
Добро, не дека јас нон-стоп ставам пудра, ама сега ај за навечер или за посебни прилики ставам ама по малку, никогаш не се малтарам, да ми изгледа како со брашно да сум се натапкала. Понекогаш ставам прво малку течна и коректор, ако има нешто да се покрие, најгоре по малку камена. Често пати знам и само да поминам со камената, колку да се рече дека сум ставила пудра. е во лето, речиси и не ставам пудра, топло е, ми се масти и онака лицето, нема потреба од оптеретување со тешки пудри.
па јас ја купив ск во Unique,мат пудрата е 420 денари а другите видови незнам колку се...Али тука некаде се движат цените а пудрата е мн добра...
баш сакам да ја пробам пудрава зошто не можам да си најдам асална пудра секави има пробано али нуту една не ми одговара или бојата нема да ја погодам или од кога ке ја ставам ми прави лишаи зошто имам сува кожа.оваа н а менхетен мора да се проба