Сакав да пишам за моето искуство со DERMABLEND на VICHY, го видов твоето прашање и да ти кажам дека исти ваков финиш има DERMABLEND. Јас ја купив и поубаво нешто не сум ставила во мојот живот на лице. Се што сакав од една пудра имам: не се познава дека имам ставено пудра а покривна е 100%, има некој свиленкаст изглед, не мрсен и никако не изгледа како маска на лицето (има ефектот како на девојката од сликата и гледам сакаш баш таков ефект). Е сега, има една маана, малку е скапа пудрата, јас прв пат давам 1400 ден за пудра од 30мл, но од сега натаму нема шанси да ја сменам, така да веднаш ќе почнам да собирам за наредната пудра после 5-6 месеци бидејќи толку време користам една пудра . Јас ја имам 25 Nude нијансата, бидејќи сум прилично светла, но некако се приспособува на тенот, преубава пудра
Овдека има правено контур на лице со хајлајтер, не е само пудра во прашање. Тоа можеш да го направиш со пудра која одговара на твоето лице и добри кремасти коректори за контур за да добиеш убав облик на твоето лице.
Постои ли некаков спреј што го измазнува тенот? Значи не класична пудна, не ББ крем туку спреј/некакво средтво што ќе и даде сјај на кожата и малку поизедначен тен на лицето? Очајно ми треба нешто вакво
Vasa preporaka za nekoja pudra za sekoj den za na rabota nesakam mmogu pudra da stava ama koga odam na rab moram imam kombinirana koza.
Кај мене (споменав еднаш погоре) пудрава има средна покривност. За да може да покријам мозолчиња морам да натапкам дополнителен слој пудра, а црвенилата по образите ми ги покрива со еден слој. Во поглед на финишот, за да се добие мат финиш (јас би рекла дека има полу мат) треба да помине одредено време додека пудрата се фиксира. Додека не се фиксира имам забележано дека е некако леплива на допир. Што се однесува до трајноста, односно траење на мат изгледот не е нешто голема споредено со на пример последните 2 пудри што ги имам користено, Bourjois Air Matte и L'Oreal Infallible Matte. Со камена пудра издржува до 3 макс 4 часа а потоа ми засветува т-зоната. Се на се мислам дека пудрава е солидна (особено за цената) а најмногу ми се допаѓа што е лесна и баш природно ми изгледа кожата кога ја имам на лице.
Новата пудра на Catrice ја купив вчера, а ја пробав денес. Ја ставив утринава во 9 часот и еве сега е 21 часот, а уште не е мрдната од лице. @Rose96 цел ден ја гњавев со слики како се држи пудрата и таа може да потврди дека е одлична. Покривноста и е средна до целосна, може да се надогради каде има потреба, а да не изгледа валкано. Јас не користам коректор и камена пудра и еве тек сега после 12 часа има малку маснотија на носот. Црвенилото не изби никаде, не распука, не се собра никаде. На лицето изгледа баш како втора кожа, не се ни чувства дека ја имам. Мал минус за нијансите, јас ја земав најтемната и мене ми е одлична, но девојки со потемен тен од мојот би имале проблем со нијансиве. @sesilija мислам дека бараме исто од пудра па ти препорачувам да ја пробаш, а и со нијанси сме тука негде.
Марама ти благодарам што ме означи. Јас пудрата ја видов пред некое време на босанскиот блог Makeup Arena, и од тогаш ми е на листата за купување, само мислев дека уште ја немаат донесено во Мк. Блогерката исто има мрсна кожа и исто како тебе ја изнафали пудрата, сакав и постот да го постирам овде, ама сум заборавила. Еве го сега, ако некоја сака да прочита поопширно. http://www.makeuparena.com/2016/09/catrice-hd-liquid-coverage-tekuci-puder.html Која цена е? Според босанската цена би требало да е околу 450ден? Ако не ти е тешко, постави некоја слика да видиме каков ефект дава на лицето.
Спојлер: слики Не знам дали ќе се отворат на големо сликите. Првата е без пудра, втората со пудра во 9 часот и третата е вечерва околу 21 часот. @sesilija пудрата е 470 денари.
Презадоволна од Катрис!! Пудрата ја нанесов во 07:00 Цели 12 часа лицето не ми светна,пудрата е негибната,можеби малку избледен руж итн ама ништо алармантно. Се на се ептен ми се допаѓа,не се осеќа на лице,покривноста е ок со можност за надоградување без да изгледа валкано. Се на се солидна 9ка има кај мене и тоа ради нијансите.Ја препорачувам!
Споредба меѓу l'oreal infallible matte pudrata, bourjois air mat и новата од catrice во однос на покривност?
Loreal оксидира, ти земи ако сакаш темна нијанса на слика со блиц ќе бидеш дух бела. За покривност е одлична, покрива. Боржур сум најзадоволна отвори неколку страници наназад во темава имам пишано за неа. А за Катриц не знам.