Е па тогаш да ти препорачам јас да ги пробаш пудрите на Bourjois, Air Mat конкретно баш сите се на жолто а наменета е за комбинирано/масна кожа
Девојки некоја добра камена пудра..Ја имам течната на ревлон колорстеј но не сум задоволна баш како розе боја некако ми е и плус бојата сум ја утнала светла ми е малку па дали ако земам потемна камена ке биде во ред или да не си лупкам пари безвезе..И сакав да прашам дали во диор даваат тестери за пудра ако некој знае..Благодарам
Боржуа еар мат 03, пудрата е со изразито жолт подтон. И јас имам изразито жолт тен и оваа е стварно погодена во тој поглед, само што мене ми е малце темна. За навечер ми е ок, пошто ставам и камена, па се осветлува, а за преку ден вака ми е премногу шминка. Пудрата е дефинитивно за мрсна кожа, евентуално комбинирана со хидратантна подлога.
Ја купив новата на Катрис, 03 од Еликсир. До сега вака не ми се погодила некоја пудра. Доста е покривна, а не е густа. На подочњаците натапкав отпосле уште еден слој и немав потреба од коректор. Толку е мат што и нема потреба од камена, иако јас по навика ставам од транслусцентната на Римел на т-зоната. Лицето изгледа како веќе да имате камена врз неа, баш фотошопирано. Повеќе би одговарала за мрсна и комбинирана, освен ако ставите доста хидратантна подлога. Мене лично не ми се свиѓа што немаат светла нијанса со баш жолт подтон, али оваа е доста блиску.
Каква е најсветлата нијанса од оваа нова пудра на Катрис? Мене оваа 030 ќе ми биде темна како црното од еурокремот...нешто така. Јас не се делам од Ревлон, ама ако има фина светла нијанса - зошто да не сменам малку.
Девојчиња да не сака некој пудра 700ден само еднаш е ставено од неа не ми одговара на тенот инаку вчера е купена
Жени, да се јавам на рапорт за HD Liquid Coverage, Catrice. Сакав да ја тестирам цел ден со подлога, вчера акав цел ден, поидеално за тест од тоа, здравје. Да почнам со физички карактеристики. Многу ми се допаѓа стакленото шише, а пипетата ми е целосна иновација. Не пробувам сè што е ново, а ме мрзеше да гуглам кој сè бренд произведува такви. Имено, пипетава ми се виде многу функционална, не зема многу производ во цевчето при стиснување, па по потреба си земаш уште и си ставаш врз сунѓерчето/четката за нанесување пудра. Јас за земав нијансата 030 и можам да го потврдам она што го пишав погоре, дека одговара на 52 од Bourjois, 180 Revlon и 2N1 Desert Beige од DW/EL. Самата нијанса гледана вака низ шише, макар и на рака, делува жолто, ама на лице нанесена изгледа целосно неутрално, што мене со жолт тен ми е тотален погодок, од проста причина што искуството ми покажало дека жолто делува уште пожолто на лице, па лицето изгледа многу "несвежо", уште и ако е пудра која оксидира, како тиква во фаца. Можам да ја споредам и со 60 Sand, FF/MaxFactor, скоро идентични нијанси, со тоа што FF изгледа далеку пожолто на лице. Пудрата е целосно мат, течна и средна по густина, на лице "се понаша" исто ко DW, средна до целосна покривност и брзо се суши, па потребно е побрза работа со неа. Дури и оние со изразено мрсна кожа потребно е да нанесат соодветна подлога претходно. Верувам дека ако немате некоја пмс акна, нема да имате потреба од коректор. Не забележав никакво оксидирање, мене со камена почна да ми свети лицево после 10 саати. Добра работа е тоа што кога потапкав со паломa, немаше никакви траги од пудра, што значи навистина е постојана. Меѓутоа пудрава сепак има една мана. Ужасно се фотографира со блиц. Не знам колкав спф има, меѓутоа на слика со блиц сум ко дух. Рака на срце, тоа беше некни кога имав ставено само пудра, а не фул шминка, меѓутоа не верувам дека би имало значителна разлика бидејќи тенот на телото апла ми се разликуваше од тоа на лице. Со DW/EL ни оддалеку не беше така. Останува сепак да ја пробам и така, иако имам некое чувство дека не би имало некоја промена. Прашајте уште нешто ако сум пропуштила да пишам, деконцентрирана сум скроз. Цена: 469 ден., DM маркети.
Значи кога ќе нѐ фати некоја еуфорија на темава за некој бренд пудра, не сме нормални. Така беше со Ревлон, така беше со Фејсфинити, кратко траеше и со Голтен Роуз, Боржуа, па сега еве со Кетрис. Овој пат мислам дека еуфоријата е најголема- се прашувам дали остана девојка што не ја купи пудрата? Ја земав и јас 3ката, 4ката ми излегаше доста потемно, плус зима доаѓа, сигурно нема да потемнувам, туку обратно. Ја има и во Еликсир, и таму цената и е 469 денари, читав дека немало залихи во Дм, ама имаше по 2-3 шишенца од секоја нијанса, веројатно се снабдиле со залихи (иако не верувам дека ќе им бидат доволни) Ќе пишам впечатоци кога ќе ја пробам утре, вака кога читам толкава трајност од феминките со мрсно лице ептен се радувам, 10 часа, па и 8 нека се, ми се чинат неверојатно.
Ете, Catrice како бренд го има и во Еликсир веќе? Ова е ново. Нека трепка! @sesilija, болдирај го напишаното.
Не верувам дека е ново, само некако по навика сите ја бараат во Дм. Конкретно за пудрата, ја има како еден од новитетите на стр. 55 во нивниот каталог
Ако има некоја прилика скоро да ја проба и со блиц како изгледа би било добро. Ме фати страв кога прочитав лош коментар во врска со тоа.
Ми треба лесна пудра наменета за комбинирана, мрсна кожа.. Дали добар избор би била на Катрис или пак на Affintone 24h? Или на Essence? Catherine Alley? Ако имате некој ваш предлог, слободно пишете ми
И јас барам лесна пудра ама некако тешко ми оди На Essence ја имам користено 2-3 пати и мене ми е многу тешка. Вчера ја земав новата на Catrice 030 и се надевам дека конечно ќе бидам задоволна од некоја пудра. Кога ќе ја пробам ќе пишам коментар.
Affinitone 24 е помалце покривна од Катрис HD и е помалце мат, па ако имаш баш мрсна кожа би ти требала некоја подлога, додека пак за Катрис треба похидратантна подлога зошто таа пак е друга крајност. Двете се лесни на лице. Кетрин арли не би ти препорачала. А исто добра за комбинирана и мрсна кожа е Голден роуз мат пудрата и има поголем избор на нијанси. А на Есенс со пумпица малце оксидира и е незгодна со боите, а и малце потешка.
030 Sand Beige. Кога веќе пишав, заборавив и јас тоа да спомнам, дека воопшто не се осеќа тешка на лице, не е од типот пудри кои едвај чекаш да ги симнеш од лице веднаш штом стигнеш дома.