@koritsaki , знам дека ја користеше Ревлон колорстеј пудрата и како што те гледам на слики имаш како мојот тен. Кое бројче го земаше? Сакам онлајн да ја нарачам Buff нијансата за нормална/сува кожа, ама да не ми е бледа се мислам... @mime87 на xtras.co.uk ги имаш и двете, бесплатен е шипингот во МК. Елф имаш и на iherb.
@Emy867 , да 150 buff ја користев , мене таман ми беше , сосема идентична со мојот тен. 150ката не е и баш светла за мене зборам , баш е неутрална ниту розева ниту жолта. 180ката се мислев едно врмее да ја земам ама Розе96 баш постави слики на нејзиниот блог и се премислив , доста потемна е од 150ката има и посветла од 150ката , 110 ама не, таа е па ептен светла
Девојки која е полесна и подобра комбинирано-мрсно лице на кетрис или севентин тајм плус? Исто и камена пудра препорачајте ми некој, онаа кетрин арлеј? добра ли е? само камена да не бие на римел зашто таа ми правеше лушпи... Фалаа
Ревлон пудра најевтина ти е во Зегин 750 денари Имаш и во Космо таму е околу 800 и нешто ама имаат тестери можеш таму да ја пробаш а од Зегин да ја купиш
Essence soft-touch mousse make-up. Подобра нема, се нанесува со шо и да ти текне. Јас лично користам мокар Beauty Blender, сум ја нанесувала и со четка ист ефект има. Многу е лесна на лице а има убава покривеност. Може и да се надоградува. Ја користам околу 2 години, лично мене ми трае од 4-6 месеци. И најдоброто од се е шо нема потреба од камена пудра, пудрата си има преубав финиш.
Која крема ја користите под Боржуа еар мат или Катрис новата? Очигледно не ми одговараат периодов, доста ми го сушат лицето, а не ми се ни до пола. Не ми се купува друга пудра. Пробав со маслото од роза од Алверде и со Био масло, али не одговараат воопшто.
Oпшто од алверде производите не се погодни за подлога. Моментално го користам Балеа аква серумот, го нанесувам 10-15 минути пред пудра, а добро ми се покажале и кремите на Еуцерин и Нивеа
Со Боржуа ја користам Афродита со невен, Авон Нутра Ефектс сината и Нивеа сината за нормална кожа. Овие три ми се океј, а ете не ми текна да го пробам флуидот на Балеа, мислам дека и тој ќе одговара. Со Кетрис не знам, уште не можам да ја начекам 01 за тестирање.
Девојчиња, која нијанса од revlon colorstay и catrice hd liquid foundation одговара на burjois healthy mix бр. 52? Уште едно прашање, дали на catrice пудрава е добра за нормална/сува кожа?
@cupicupicake Еве можеш да видиш од сликава дека одговара со Ревлон 180ката Инаку на Катрис пудрава е за масна кожа , јас ја немам пробано ама читам на нет дека матира
Епа тогаш сепак ќе ја купам ревлон, ми треба да имам и покривна пудра за искачање. Bourjois е супер само кога ќе се вратам од работа после околу 8-9 саати веќе е избришана.
@cupicupicake Одлична пудра е Ревлонот , јас ја имам користено...само внимавај да не ја земеш таа за масна кожа зашто шишенцата се исти Од Буржуа ги имам пробано скоро сите пудри и исто така се одлични , оваа ХМ ја земав во летото , но дефинитивно е за нормална до сува кожа на мојава масна кожа стои околу 2 часа
Марама каков тип на кожа имаш? Јас имам нормална и сакам да ја купам пудрава па се мислам дали ќе ми одговара.