@LollySky ништо тогаш..смачено ми е да барам постојано нешто а не сакам да купувам веќе вака и после да го фрлам. Ептен сакам да најдам некоја бб крема, нешто добро за лицево кое нема да ми се исфрлува уште повеќе..
Девојки која пудра би ми ја препорачале за нормална/сува кожа? Кожата последниве 10 дена од кога времето е поладно ми е ептем сува особено на челото и образите почна ми е најмногу па мат пудрите што си ги користев никако не ми одговараат.
Мене ЦЦ кремата на Bourjois ми е прекрасна, 3 години ја користев. Никакви иритации не ми правеше, нијансите со многу природни и дава солидна покривност. Одговара за сува и нормална кожа ( евентуално комбинирана, ама со сетирање на т зоната). Единствена маана е што цената е 750 ден, колку и поквалитетна пудра.
Ја купив оваа пудра дали некој од вас ја има користено за да знам што да очекувам? Инаку кожата сега ми се нормализира не ми е толку мрсна како порано дури последниве дена ми е дехидрирана и сува, па сакам и на Bourjois Healthy Mix гледам многу е фалена по форумов.
И мојава кожа исто ми е пресува последниве 10 дена Bourjois Healthy Mix ја купив завчера од Анабела во Охрид 560 ден ја земав имаше само 51 и 52 нијанса. Предобра е за овој период , има средна до висока покривност и не е многу мрсна , баш таман. Ако ти одговара некоја нијанса земај без да се мислиш.
Во Скопје Bourjois Healthy Mix е 600 денари, во Anabella и Cosmo до 15.01 а во Schatze до крај на јануари. Претпоставувам дека ги чистат залихите затоа што треба да стигне со нова амбалажа. И според мене е за сува до нормална кожа, јас имам комбинирана/масна па брзо светнувам, за 30 минути. Има светли нијанси, на @Rose96 претпоставувам ќе и одговара 52. Нијансите влечат благо накај жолтеникаво, ама според мене тоа го освежува тенот.
Знам дека е за сува затоа и не ја купував до сега, ама сега кожата ми е некако сува дехидрирана без живот и затоа се мислам да и дадам шанца плус дека е сега на попуст. Инаку оваа на Голден Роуз што ја купив добра е?
Претпоставувам за зимскиот период дека ќе ти биде таман, ќе бидеш задоволна. Сепак појачај ја и хидратацијата на кожата со некоја похидратантна крема и внесувај барем два литри вода дневно, и тоа влијае на кожата. Јас на пример во зима под кремата го користам плус и Aqua серумот од Balea за хидратација. Од Golden Rose немам пробано пудри освен камената пудра
Ти благодарам за советот, земав една нова хидратантна крема на Clinique се надевам дека ќе има ефект.
Минатата недела ја земав пудрава ама не ми се допаѓа.Тоа што ја утнав нијансата нема врска,ама нема никаква покривност.Прво ја нанесував со четката за пудра на ГР,потоа се прсти еден,два слоја џабе не помага а страшно многу оксидира жал ми е за парите.
Каде ја има seventeen matt plus и која цена е? Освен Космо, далеку ми е. И дали добро изгледа на слики? Имам многи светол тен и не сакам како дух да бидам.
Денеска ја носам за прв пат, и задоволна сум во однос на цената. Ја имам нијансата 02 светла со жолт подтон и се адаптира на кожата. Има средна до висока покривност и полумат финиш. Незнам дали е долготрајна, до сега ја имам околу 3-4 часа и супер изгледа не светам ни најмалку.
Не ни сувите делови не ми се истакнати, сега нормално не изгледа природно се познава дека имаш пудра ама ништо многу екстремно. Ќе ја користам деновиве и ќе пишам пак како сум задоволна и од трајноста а и ќе видам да не ми предизвика некаква реакција на лицето.