За (моја) среќа - сменети се, од новава има многу понормални нијанси. Од старата како да немаше некоја средна нијанса, сите ми беа пресветли или претемни, па си обезбедив залихи од Америките Како и да е, сите што имавте проблем со наоѓање соодветна нијанса од Ревлонот - проверете ги новите со пумпица. @marama Марамке, сум ги имала и двете и како и девојките погоре - ти ја препорачувам ColorStay за комбинирана/масна кожа на Ревлон. Таа на Севентин ми беше попрашкаста и повештачка на лице, додека Ревлонот, иако е многу покривна, изгледа поприродно. Моментално ми е омилена течна пудра и ја немам сменето скоро три години
Ауу, лошо. Новите се потемни за разлика од старите или? Нека се јави на рецепција некоја што ја користела нијансата 150 да споредиме со новиве.
Во глобала беа потемни, не се сеќавам на сите нијанси, бројчињата почнуваа со 300. Ова за во Космо во Сити Мол, не знам дали и на другите места е истиот случај, а ако некој знае го очекуваме
@Mishela Не, не се сменети само има 2 нови нијанси, 250 и уште едната не знам која беше. Едит: Сега ги прочитав и другите мислења и не верувам дека има измени во нијансите. Добра вест е тоа што тие со среден тен што не можеа да си најдат соодветна нијанса баш како мене сега има. Од старите 220 ми беше светла башка што `маваше` на розево, сега 250 ми е идеална.
Сега го гледам ова. Се надевам не каснам многу. Јас лично ги имам користено и двете. Ги купив, Ревлонот новата ја употребив двапати, од Seventeen (од немајкаде, (зборов )) употребив четвртина (испитна беше, не ми се шеташе по пудри) и ги фрлив и двете. Немаше кому да ги дадам. Сега, подетално... Ова погоре, да напоменам, беше пред некои три години, ако памтат жениве тука кога излезе новата формула на Ревлон, ја купив речиси веднаш. Уште една напомена, како реагираат пудриве на мојата кожа е субјективно, иако мислењево ќе биде врло-веома објективно. Праша и за нијанса, од Seventeen мислам 03 ја купив тогаш. Многу портокалова нијанса, која за брзо време оксидираше уште толку, кој сака печена тиква фацка, нека повели. Густа, покривна колку-толку, се фиксираше и стануваше речиси мат по некои си 5 мин., ама светнуваше за брзо време. Ревлонот (Sand Beige 180) новата побрзав да ја купам, зошто старата формула ми беше скроз ок, ама многу ми беше чудна на лице. Претешко ја чувствував, порите затнати, а не ми се фиксираше никако, кога ќе се погледнев во огледало како паштета да имав намачкано. А, нијансата солидна. Многу чудно, жениве тука ја фалат, мене не ми се погоди никако. Што всушност е и многу нормално, уште не е измислен производ кој на 100% од популацијата ќе и одговара. Пудриве не би ги користела ни под точка разно, освен нели, нормално ако сменат формула. За разлика од овие, јас од Catrice сум многу позитивно изненадена, 030 како нијанса е многу неутрална, јас немам приметено да оксидира, иако сигурна сум дека ако воопшто оксидира некому, не станува видливо портокалова или жолта. Ако не си ја нашла сè уште во ДМ, провери и во Еликсир... и таму ја имало. Ако пак си ја барала и на двете места, каде и да отидеш, замоли ги продавачките да проверат во компјутер каде ја има, или евентуално нека се јават низ другите продавници. Крај краева, тоа им е работа.
Како ќе стои пудрата на лице зависи многу и како се грижите за вашето лице. Ако не правите пилинзи, креми, чистки...секоја пудра ќе изгледа ко паштета, посебно оние малку потешките кои траат подолго и не светнуваат, наменети за мрсна и комбинирана кожа. Не е сеедно дали ќе мачкате пудра на слој мртви клетки или на чисто лице. Ја имам ревлонот со пумпица и не приметив разлика.
Ја користи некој пудрата на Буржоа хелти микс? Гледам ја има истата во 2 паковања па да ми кажете во што е разликата ??
Женцки предлог за течна пудра+коректор+камена (транспарентна) пудра, првава да не надминува 800 денари. Исто предлог за руменило/бронзер. Благодариме
Таа ја користам моментално, но во парфимеријава е 480-500 денари? Мојава е 30мл. Инаку мене лично ми е многу сува иако користам крема/прајмер, затоа сакам да ја потсменам за нешто малку покремасто но покривно. Би сакала да можам со бјути блендер да ја нанесувам
Во кружната амбалажа е старата верзија, во коцкастата новата Освен во амбалажата имаат разлика и во формулата, старата верзија има овошни екстракти а новата верзија имаат додадено витамини, инаку во однос на типот на кожа и покривноста се исти, одговара највеќе од нормална до сува кожа и има средна покривност..
Ќе може да ми кажете течна пудра за нормална кожа, ако има воопшто таква. Ве читам дека пудрите се за мрсна, сува или комбинирана кожа. Не мора да има голема покривност зошто имам релативно чисто лице.
Manhattan endless perfection make up 24h. Јас имам нормална кожа и ја користсм моментално, супер задоволна сум. Лесна, средно покривна пудра која изгледа природно на лицето. Исто феминките се задоволни и од Буржуа 123 Perfect, читав доста ја препорачуваат овде, ама јас искуство со неа немам. Неодамна зедов на Алверде пудра, онаа во округло стаклено пакување - пенеста пудра и таа ми е одлична, а не чинеше ни 400ден. @CameliaMiller погледни и ти ако имаш нормална кожа и ако нешто ти фака око .
@Emy867 @koritsaki фала ви женски на предлогот. Една од овие две ќе земам. Може да ми кажете цена на пудрите?
Оваа ја земав денеска ( немаше тестери па се одлучив да ја земам на непробано пошо глеам многумина ја фалат ) и не знам дали е од поновите. Нијансата си ја погодив, многу е лесна и дава природен и свеж изглед на лицето , но текстурата воопшто не ми одговара , не се размачкува и не ја впива убаво , ми се прават како лушпи... што не ми е случај со други пудри кои се наменети за таков тип на кожа. Џабе фрлив толку пари. Ако сака некој да му ја подарам ама сериозно, ич не ми се фрла.
Каква кожа имаш ти (да не ти го барам мислењето пак од претходната страна ), да ти предложам некоја фина ко за со бјути блендерче. И мене ми е ногу сува Менхетн, а имам комбинирана-мрсна кожа...сум кажала дека е најбезвезална пудра за моето лице која сум ја имала.