Ја користев, убаво покрива само не е за мрсна кожа зашто лицето после 1 саат како лампионче ќе почне да свети Четката и е многу убава, сеуште си ја користам само и го извадив тоа кај што стои пудрата и си добив четка во малечки димензии.
^ Јас имам нормална до мрсна кожа...пудрава колку е покривна? и дава онака здрав сјај но не премногу мрсен?
Со оглед на тоа дека има лице со акни, црнки, дупчиња и многу мрсна кожа, задоволна бев од тоа како пудрава ми покриваше и ја користев во комбинација со арт деко коректор но за жал могу брзо светнував. Убаво изгледа на лице и колку што се сеќавам не е многу тешка за лицето. Е сега има еден недостаток што е 15 мл а другиве пудри се по 30 мл ама затоа има четка и трае долго.
ја купив мејбелајн или како и да се вика 525 денарчиња уффф добра е не е лоша, ама многу е скапа беее!!! сега има една нова пудра на Kетрин Aрли, само 90 денари е, ја пробав мене многу ми се свиѓа, и ќе си ја купам
Јас ја користам ревлон,преубава...само не ми се дава сега 780 ден.а за 3 месеци ке треба да купам темна...затоа може да ми кажеш дали убаво покрива мејбилајн ,за да си купам од таа привремено...иначе не жали пари за пудра,и не е скапо 525 ден за пудра
Во Авон се на попуст минералните пудри во прав..убаво покриваат и лесни се,и корисни за кожата..јас планирам да си нарачам..400 денари се
Минерална пудра со висок квалитет и тоа здрава да е, за тие пари шипци со опинци. Не им верувам, ако сум застапник ич не ги сакам, не знам зошто.
Па на попуст е од 600 денари,затоа е толку Јас ги обожавам минералните,сум пробала и Лореал,Артдеко,Мах Фактор и сите се супер..откако ги користам лицето ми е стакло
јас користам seventeen со години. Највеќе ми одговара некако. Не е многу ретка, а не е ни густа. Пудите на Кетрин Арли многу ми се густи некако и се осеќам како којзнае што да сум ставила на лицето. А оваа јас што си ја корстам само го изедначува тенот, а не ја менува бојата на лицето
И јас ја користам долго време пудрата Seventeen и мислам дека најдобро ми одговара на моето лице,стварно е добра
Користев подолго време течна пудра на максфактор а сега последно ја земав на лореал-true match roll on и сум презадоволна а ја користам во комбинација со камената на дебора.
Сакам да ми препорачате пудра со следниве карактеристики: За нормална кожа, ни мрсна ни сува, пудра која ќе биде доволно лесна за да се нанесе без претходна подлога и доволно мат за да не ми свети кожата и да покрива доволно. Ако постои некоја ваква пудра предложете ми нешто со прикладна цена до кај 600 денари... Фала и кај вас
Мимс денес ја зедов оваа И можам да кажам дека засега сум задоволна. Пудрава е мат, мала до средна покривност, ама трпи повеќе слоја за вечерна шминка. Нијансата ми се погоди, ураа. Малку повеќе размачкување си бара за убав финиш, зашто е доста течна, па се познаваат линии кај што ќе поминеш. Ама ништо страшно, крајот е убав. Лесна пудра е, има дискретен свеж мирис. Е сега, јас околу усните имам сув дел па тој малку се изрази, ама ќе ти кажам како ќе се додржи до вечер. Ако имаш нормална кожа што не бара многу покривање, пробај си од тестер во парфимерија, мислам дека ќе ти одговара. Цената е тука, не повеќе од 570 денари.
Јас би ти ги препорачала овие,како голем поборник за минерлната шминка Ти треба само крема за одоздола и малце коректор..траат по цел ден на лицето
Ок, надополнување за Гошот. На крајот од денот се’ уште имав пудра, значи е доста трајна. Ми се изрази сувиот дел околу усните, и помеѓу веѓите (тука малку се насобра). Утре ќе пробам со похидратантна подлога, па ако е подобар резултатот, ќе пишам пак