Ух, значи сепак ја смениле формулата велиш?! Значи не си замислувам , вистина е. Ама за жал ете мене не ми брка работа новава формула. Не само шо не ми покрива туку и многу брзо ми „испарува'' од лицето а не онака ко порано раат цел ден не мрдаше бре! Ништо не прам сега ...да не си трошам џабе ја парите ко така
@danichap еве скоро недела дена ја користам (инаку по грешка мм ја купил таа а јас му напишав за една сосема друга ама тој ги помешал брзините ја немало таа и продавачката му ја упикала оваа). Јас мојава кожа ја доведов во нормала сега не ми е толку сува, можда и ради хормониве сега во бременост којзнае Не ми била одамна вакава, дури заборавив што е пудра па тук -таму сум неразделна со ББ кремот на Nuxe тој ми е незменлив во било кое време од годината. Нешто што приметувам е само дека кожава на мои 30-ти ми бара нешто доста хранливо, па така летово купив чист шеа путер и зимава се дружам со него, бев скептик да не ми е јак ама одлично ми легна на лице. Околуочнава е добра во однос на тоа дека среќа па и фала на генетика немам нешто што би ме тагирало за сега, крмчево е доста хидратантно но има и рич верзија која е побогата. Види ако можеш да набавиш тестер па да видиш како ќе ти легне, пробај ги двете верзии. Пудрата не сум ја пробала викендов ќе ја тестирам и ќе те известам. Него ми текна да те прашам, барам некој фин серум сега за на пролет ама да е прилично добар или евентуално дневен крем кој би си ја вршел солидно работата. Се мислев меѓу Filorga или Babor па останав цела во прашалници, ако имаш било каков предлог би ми било доста од помош
Aко мислиш на Catrice HD, иста цена е како во ДМ, 469 ден. Мене ми ја намалија на 420 ден. со некаков си попуст без никакви картички и слично. Ова беше пред месец дена, не знам дали важи истото уште. Во ДМ моментално е со коректор заедно 469 ден., а за во Еликсир не знам дали важи истата понуда.
Прва прилика кога ќе испаднам ќе отидам до даглас и на лице место ќе ја пробам и твојава пудра. Мене нијансите ме бунат, според рецензиите многу фирми немаат линии за светол тон на европскиов пазар. Инаку и мојава кожа никогаш не била во толку добра состојба, делумно хормоните делумно негата... затоа и ми е страв да не утнам пудра и да добијам некој осип. Инаку јас стандард го чистам лицето со клиник 123, милд серијата и сум презадоволна. Им дадов шанса на нивните пудри, кремата за околу очи и за лице... но не сум задоволна. Од време на време и јас користам шеа бутер како и арганово и бадемово масло и маски. Посебно сум задоволна од производите на артемис, колекцијата мед. Моментално ја користам кремата, серумот и маските. Одлична хидратација без да ми ја иритираат кожата. Ја препорачувам за фазите кога лицето е во многу лоша и иритирана состојба. Но бидејќи сега ми се нормализира и мене... па пак барам нешто за нормална кожа кое би било похранливо и за нијанса поагресивно. Инаку, слична на предходната ми е и колекцијата на физиогел. Лесни и хидратантни за во осетливи фази но и за преку ден. Имаат дури и лосион за тело и шампони. За луѓе со проблематична кожа одлични и со поповолна цена од предходните. Серум имам користено од ланкоме и др. Хаушка. Од првиот бев задоволна, од вториот не баш. Од есте само тестер, мало шишенце. Иако го користев околу недела што е недоволно за целосен впечаток, бев задоволна. Филогра и Бабор на жалост ги немам користено. Би ти ја препорачала и од шишеидо, ибику кремата. Многу пријатна, лесна и одлична хидратација. На др. Хаушка кремата, розе лајт, исто е хидратантна, лесна и пријатна... долго ја коростев но веќе ми се засити лицето и ја сменив. Др. Хаушка има иеден спреј за лице кој секогаш внесувал свежина на лицето и би ти го препорачала. бб кремата од шишеидо исто сум со пофални зборови. На крај ми е и се двоумам дали повторно да ја набавам истата. Ај стави слика за кој бб крем од нукс мислиш?
Баш ме изненади Ja имам пробано аll mat само, убава е, средна покривност и средно матира, природно делува, така да за тие пари е супер
@danichap кој серум на Ланком? Да не содржи парфем во составот? Избегавам се што има многу алкохол и парфем па макар бил и на последно место. Клиник ги баталив одамна за таа цена составот им е безвезен. Једино што пакувањето им е фенси. Можеле да се потрудат кога се работело на состав. Шишеидо не сум пробала, баш ме заинтересира и така нешто рака ме чешаше си викам на што ли пари ќе трошам Инаку и јас со пусти страв купувам пудри и се така си стојат до пола потрошени. Не верувам во декларации, зошто секоја кожа е индивидуална сама по себе. Еве сликче, мене ми е нешто незаменливо. Проблемот е што нема многу избор на нијанси ама мене совршено ми одговара најсветлата, со бронзер и руменило ја корегирам во зависност од тоа како се шминкам. Ја користам 3 години и не планирам да ја сменам, неред на лице не ми направила. Доволна покривност има да изедначи тен и да нахрани иако јас пред неа ставам секогаш полога. Пробај ја па кажи. Иако нивна крема за почетни брчки не ми се погоди баш па му ја упикав на мм да ја користи, да не оди во канта
Јас ниту една ја немав користено и не ни знаев а каква кожа се, кога видов 135 ден веднаш ги земав многу евтино ми се виде. Денес ја имам Even Skin tone и има сјаен финиш и средна покривност. Не е лоша ми се допаѓа. Nude Illusion изгледа по мат и по покривна е, сестами таа ја тестира денес и до сега многу убаво и изгледа на лицето и ниту малку не и свети лицето. За 135 ден се супер.
@Mama25 Јас бев задоволна, не ми создаде иритации. На жалост не го чувам паковањето а после него го користев на др. Хаушка и сега од артемис па составот ми е одамна заборавен. Твојава бб крема дефинитивно ќе ја побарам
Во едно Зегин ми ја понудија ревлонот за 749 денари, и не беа запознаени дека има акција, во друго Зегин од четврток ќе важела акцијата, и во трето Зегин ја најдов по намалена цена.
Знаете што ме интересира? Колку е редовната цена на Ревлон со пумпица во Зегин. Пак си е 750 денари? Некако многу драстична е разликата сега, ако е така.