@young.girl исто можеш да ја пробаш на Гарниер бб кремата, во тесно тубиче (таа е за комбинирана до мрсна кожа), има две нијанси- light i medium, солидно покрива, речиси ко пудра, 320ден е во Cosmo
Да ви пишам update за пудрава. Јас сум презадоволна, има лесна/средна покривност и сјаен/полу мат финиш не изгледа мрсно него баш многу природно сјајно дури ми е жал да нанесам камена пудра. Текстурата е пенаста ама лесно се бленда и не се фиксира многу брзо па имате доволно време за да го нанесете, трајноста му е околу 7-8 часа. Нијансата 010 Vanilla е светла неутрална со малку жолт подтон одлично одговара за светол тен. Не би препорачала да се надоградува затоа што може многу да се познава на лицето доволно е еден до 2 по тенки слоеви. Ако немате многу што да покриете мислам дека оваа пудра ќе ви одговара. Nude Illusion има поголема покривност и по мат финиш. Јас ја користам обавезно со плус хидрирачка база затоа што кожата ми е посува во овој период од годината. Има густа текстура па одлично се нанесува и со четка и со сунѓерче. На лицето изгледа природно иако има средна покривност. Единствен минус е мирисот некако чудно мириса. За разлика од Even Skin Tone оваа пудра побрзо се фиксира па потребно е побрзо да ја нанесете. На почеток изгледа по мат, ама во текот на денот се добива преубав полу мат финиш. Јас двете ги купив по цена од 135 ден затоа што се на акција и мислам дека за таа цена се повеќе од одлични.
Ја имав и оваа,а моментално ја имам таа со екстремна покривност.Омилени пудри од Орифлејм ми се,нема за зажалиш ако ја порачаш.се чувствува лесно на кожата и покрива одлилно.Башка многу често ги намалуваат и се преефтини (околу 300 денари) и секако јас не ја потрошив пребрзо бидејќи треба малку за да ја добиеш покривноста што ти е потребна,топло ти ја препорачувам
@koritsaki беше задоволна од Алверде. Jас ја користам минералната пудра во прав и ми се допаѓа како се однесува на кожа.
Еве јас сама ќе си одговорам, па може ќе му послужи на некој. Мене многу ми се свиѓаше ефектот, изгледаше баш како матитачка подлога да имам, а истовремено не е полно хемикалии бидејќи пишува 99% алое. За тие со мрсна и комбинирана кожа препорачувам.
Го има во Зегин, така? Ако можеш да ми кажеш цена би било одлично. Мислам дека и те како ќе ми се најде кога температурите ќе се покачат. Уште и ако одговара со Ревлон - прекрасно.
Да, го има во Зегин. Го земав заедно со маслото од чајно дрво и вкупно беше 480 мислам, значи негде околу 300 е. Штом пудрата изгледаше супер после 4 саати играње во диско, добра ќе биде и за во лето.
Да јас ја користам на Алверде пудрата , задоволна сум највеќе заради нијансата , е сега јас ја препорачувам највеќе ако имаш нормална - сува кожа , мене со масна кожа ми засветува лицето за околу 4 саата ама за преку ден ми е доволно и ако планирам да носам шминка малку време. инаку зборам за кавер енд стеј
Zdravo devojki, sakam da prasam dali nekoja od vas ima koristeno pudri od Clinique i da mi dadete komentar za istite
Според фотографијата што ја видов во темата вашата шминка не ми се допаѓаше како ти стои пудрата на лицето за разлика од другите пудри што ги имаш. Некако ти изгледаше kako да ти стои над кожата и премногу светеше. А знам дека имаш чиста кожа а со пудрава изгледаше како да имаш проширени пори и како да имаш премногу пудра. Ова е мое искрено мислење никако не сакам да се навредиш, мислам дека во твојата колекција имаш течни пудри што совршено одговараат на твојот тен и тип на кожа.