Таа што е 650 е со пумпица? @nadelinka боржуа никако со прајмер. Не оди, сум пробала. Пробај ја перфект 123 или аир мат на боржуа. И двете ги имам, само што боржуа аир мат малку ми потфрли кај мрсните делови кога беа екстремно ниските температури.
Па не е нешто многу разлика околи 100 денари минус ако претходно била 749 денари. Инаку ги има и новите нијанси, погоре така прочитав од Розе.
Да, навистина за во Зегин не е речиси ич разликата со цената (на попуст и без) и ако остане иста (749мкд) би било супер. Само уште не ми е јасно зошто во парфимериите пудрата е веќе скоро 1000 денари, а во Зегин е 750. Речиси 300 денари разлика и не е малку.
Devojki koristam pudra na catrice hd so prajmer na catrice za mrsna koza,no primetuvam deka mnogu brzo svetnuvam neznam dali e do pudrata ili do primerot a prethodno koristev loreal infallible so primer na aura za mrsna koza . Nekoj sovet ili iskustvo ?
Женски имам нормална кожа , немам проблеми со акни, барам само да ми се изедначи тенот на лицето и да ми ги покрие флеките од акните што ги имав. Ја користам буржуа хелти микс и ми е предобра , но некако ми има слаба покривност , кога ќе ставам коректор исто од буржуа (хелти микс) некако ми е пресува кожата во тој дел. Исто пробав и со камуфлажниот од catrice исто пак ми е сува во тој дел кај флеките. Па сега барам пудра од буржуа која ќе има малку поголема покривност од хелти микс. - Редовната цена на Ревлон во Зегин е 790 ден , баш сега проверив во бесплатниот примерок. Иначе во Зегин на цела колекција на Ревлон има 20 % попуст .
Обично пудрите одат во пакувања од 30мл, ретко која има 20мл производ. Тестерите во кесички имаат 2-3мл, а оние стандардните по парфимериите мислам дека се до 10мл. Вака во малопродажба не верувам дека има помали амбалажи од стандардните.
Во право си, погрешив. Мислев помали од 30мл. Стандард ги фрлам па си реков ќе купам помала, поасолна и ќе ја дотрошам.
Те сфатив, немај гајле. Знам по некоја која има амбалажа од 20мл, ама помали нема за жал. Космо понекогаш се прават паметни и препродаваат тестери кои обично се со по 10-12мл производ (од поскапите брендови) како демек производ на акција, ама испаѓа многу поскапо од оригиналното издание на пудрите. Ако имаш некој познат по парфимериите, побарај си да си купиш нов, неотворен тестер од пудрата која ја користиш. Не би требало да те одбијат.
Кај високи цени на козметиката ставаат па уште и тестери продаваат? Ако се шминкаш ретко Божо поарно оди нашминкај се од тестер и ич гајле да не ти е. Тие ако се без срам што па ти
На огледалото у парфимерија викаш Бриџи, а? И директ на искачање. Ма секој ден ќе се шлакам ако треба таков зијан не правам
Без недоразбирања - никаде не продаваат тестери стандардно, нив и онака тинејџерките им го земаат данокот и ги прават маф за два дена. Приметив пред извесно време дека некои празнични акции ги прават со производи на Клиник. Продаваа мини изданија на некоја од пудрите, а всушност не се „травелсајз“ едиции туку обични, неотворени тестери. Тоа ми беше муабетот. Секако дека никаде нема да и продадат тестер туку ќе понудат пудра, ама за да не си ги дава парите и потоа да ја фрли пудрата, ако познава некоја нека си побара тестер. Секако таму во тестерот има пудра за да нанесе неколку пати, не станува збор за пола шишенце пудра. Дали ќе го плати или не е друг муабет. Да имав парфимерија ќе и дадев гратиси, еднаш се живее.
Се разбравме остај ги сеирџикиве Бриџит ко ќе доаѓа од НА Европа ќе ми донесе поклон. За сува кожа Бригито, немој да згрешиш, светол тен!
^^ Ти напиша -да си купи тестер, немој сега ради двојазичност не се разбираме како треба Гледам на фб овие денови пудра на Есте намалена демек од 2900 денари на 2400, а тука таа цена редовна и е, на попуст за 35 евра можеш да ја земеш. Важи Божо, проблем ли е? Само кажи за по свадби ти треба или за до пазар?
Ахаа, вади се на двојазичност...(кхм, наочари, окалки, има и онакви со фини оквири ) Убаво си беше напишано таму, Во нормални услови, вработените ќе и велат дека пудрата е многу лесна, изгледа најприродно на свет и дека брзо ќе ја потроши ако става повеќе. Ај сега едно парфемче и за мене од НА Европа. Ланкомето со панделка. Плус каде-каде поевтин е таму низ Европите, а и ништо не ми купивте за дипломска, ко форумов влашки да е. ...ќе магистрирам кај и да е, они си кротат.