Да кажеш за кај ќе се парфимисаш Бриџит за на лулашки ми треба види некоја поприроден "лук" што пружа!
Земи си на Артдеко, 20 мл е, таман за сува кожа плус. За мене е најдобра. Бриџи ја вака правам во една дрогерија овде. Армани и Версаче машки парфеми се шприцам. Многу ми се убави.
Пробај без прајмерот. Јас го имав и т- зоната ми светнуваше многу брзо иако немам масна кожа. После пудрата само сетирај со камена.
Незнам дали е до мене на кога и да ставам камена пудра многу грдо изгледа ми се оцртува се на лицето и брунче по некое и црнки Помош девојки? Како ја нанесувате со тапкање мазнење или?
Важно е кожата да ти е хидрирана и да не нанесуваш многу камена пудра. Со поголема четка пројди лесно и ќе биде ок. Ја ставаш врз течна пудра така? Зошто за самостојно треба стварно квалитетна камена пудра што нема да го суши лицето.
Да ве известам дека во парфимериите Еликсир има попуст на козметика. Вчера купив Макс фактор Миракл мач течна пудра, од 800 и нешто беше на попуст 580 денари. Исто така има попуст и на козметиката на Мејбелајн, пудри, моливчиња за уста, коректори....
Инаку дм имаат 30% попуст на цела шминка (Maybelline, Max factor, Aura), до 50% попуст на одредени парфеми и сетови ... Акцијата трае до 12ти март
Не е на попуст, 469 денари е, во Jumbo вo Eliksir i Dm денес ги имаше сите нијанси. Има и некоја нова пудра од Catrice, 24H Made To Stay Make-Up Foundation.
Порано знам во Јавор имаше,сега одамна немам влезено,не знам дали уште се продава козметика (ко ќе влезиш,право на крајот).Види и во Кала или таа пред Камен мост(не ми текнува како се вика).
Може некој да ми каже кај да најдам рок на траење или дата на производство на Ревлонот? Зборам за општиот рок, не оној како во кутивче што е 24м од отварање.
Сега баш ја погледнав мојава, од старите Ревлони (без пумпица).Има налепница со декларација на македонски, стои дата на производство и пишува рок на употреба 4 години.
@LollySky кај мене ни декларација ни ништо нема на македонско, а на обичната налепница не успеав ништо да најдам :/
Хмм... Каj мене е на капачето залепена. Може си ja фрлила кога си го вадела наjлончето... Како и да е, ако ти е од новите не се секираj, сигурно е добра до 2020 (4 години е рокот)
Од постарите ми е, без пумпица. Сакав од новата да земам и ми текна рок да проверам на оваа ама ништо. Фала ти сепак