Користам пудра од bourjois број 53 и сакам да сменам, да ја пробам Revlon colorstay.. Доколку знае некоја која бројка одговара на мојава 53-ка би била премногу благодарна!
Од bourjois 123 јас ја користам 53, а од Ревлон ја земав 250, иако и 240 ми одговараше. Ако имаш мрсна кожа ти ја препорачувам и на Катрис хд 030 бројче, цена околу 470 ден. Инаку Ревлон во Зегин до 15.03 е 632 ден.
Имам јас рецензија на блогот со фотографии како стои на лицето. Во search напиши само Eveline и ќе ти излезе.
Пудрата е лесна, многу пријатна на лице и со некоја слаба накај средна покривност, али не е за мрсна кожа, повеќе е за нормална.
Од catrice hd користам 010, која нијанса би ми одговарала од Ревлонот? Catrice ми одговара како пудра но има розев подтон, а мене повеќе ми одговара жолт... Дали ревлонот е добар за секојдневна употреба или е потешка пудра? А може и предлог некоја трета, имам мрсна и проблематична кожа.
Која нијанса би ти одговарала - не можам да кажам, немам искуство со Катрис. Ама можам да ти кажам дека Ревлонот е најдоброто нешто што му се случило на моево проблематично лице. Со мрсна Т-зона, кожа склона кон реакции на све, а да не правам муабет за креми и пудри. Пудрава толку добро ми ја прифати лицето, што бев запрепастена. Можеш да одиш со потенок слој и да надоградуваш. Самата пудра има многу добра покривност. Ти го измазнува тенот, кожата друга ти ја прави. Сум ја користела секојдневно и воопшто не сум ја осеќала тешка, зашто ниту е мрсна, ниту е со некоја густа структура. Совршена е за тие пари и ќе биде најдобрата пудра додека некогаш не пробам Есте.
Јас користам 010 од Catrice и дури ми е малку темна, односно ми двои а од Ревлонот 150-ка ми е супер...незнам дали е голема разликата помеѓу 150 и 180 од Ревлонот ама една од тие ќе си во зависност дали 010 ти е тамам или малку посветла/потемна
Mислам дека 150 ќе ти одговара, 180ката е како за две нијанси потемна од 150. Ревлонот инаку важи за потешка пудра, ама веројатно се зависи до тоа како ќе ти ја прифати кожата. Meне Catrice повеќе ми одговара за секојдневно користење а и не ми мава на розево, баш ми е неутрална. Размисли и за 123 perfect од Bourjois, нијанса 51, тaa е со жолт подтон.
Иако никогаш не сум ја користела Ревлон упорно ја избегнував затоа што не ми се допаѓаше покривноста кога ќе ја пробував од тестер. Сега ја купив и искрено сум разочарана. Освен што ми го држи лицето мат, покривноста е средна накај слаба. Катрис ми има многу поголема покривност, па дури и Буржоа 123. На носот исто не ми се лепи убаво, туку изгледа како да се закачила на парчиња, а редовно правам пилинг на кожата, значи немам мртва кожа. Пробав и со подлога, само со крема за лице, чисто лице џабе.
Da А наместо пудра да пробаш со полесна варијанта ан ББ или ЦЦ крема?!?! Не разбрав дали ти треба поголема покривност или нешто полесно од класична пудра за лице.....
здраво женски, видов повеќе видови на пудри што се на попуст, дали може искуства, која од тие да си ја купам? Имам сува кожа, скоро 2 години не користам пудра(поради лошо искуство со пудри од Oriflame кои што ми го уништија лицето) по долго време го опоравив лицето со кокосово масло, сега пак почнувам да користам пудра. Дали може да ми помогнете при изборот?