Средно-покривна како за секој ден, види некоја од Есенс. Мислам дека онаа 16-часовната можеби ќе ти се допадне, само нијансите се малку проблематични и секако ќе ти треба камена пудра одозгора бидејќи не е скроз мат и знае да светне во помасните делови од лицето. Моментално Ревлон Колорстеј е на попуст во Зегин (до 15.03), па можеш да провериш и да ја земеш неа. Цената беше 630 денари ако добро се сеќавам. Не верувам дека ќе најдеш пудра со подобра покривност од неа, па и за таа цена.
Тадаааам. Морам да ја пофалам една од најдобрите пудри што некогаш ги имам користено, можеби и најдобра. На Catrice e, идеална за нормална до комбинирана кожа, нема тешка структура и најбитно не ги затвора порите - па лицето го осеќаш дека дише. Има многу убава покривност и не делува паштетесто баш ради прекрасната седефеста структура. Чини 500 и некој денар, во DM маркетите.
Мене кожата ми е нормална до комбинирана, (нормално цело лице само кај Т-зоната т.е. носот ми е само мрсна) и супер ми седи на кожа. Инаку е околу 460, со попуст може да стигне до 380.
Mарама кога веќе си ја купила јас да ти дадам совет Ревлонот порано имаше погуста структура и многу повеќе ми се допаѓаше, по неколку години користење забележав дека негде пред 3 години ја сменија формулата во некако потечна и полесна. И навистина се разочарав, ми стоеше така со месеци непипната додека не пробав да ја нанесувам со сунѓерче. Многу ме изненади ефектот, зошто со четка не ми се допаѓаше многу каква покривност дава. Ја нанесував така што ќе ставам на лицето на неколку места и тапкам и така ја разнесувам. Со тапкање со сунѓерче ми даде одличен ефект. Дури и ме прашаа неколку другарки која пудра имам ставено. Мислам дека имам уште на залиха ама темна ми е нијансата, таа летоска ја имам користено претежно. Ама баш ќе пробам да видам дали сеуште ќе ми се допаѓа ефектот, зошто мнооогу време ја немам ставено. Башка минатата година тестирав милион пудри и сум подзаоравила како изгледаше ревлонот. Инаку за таа цена мислам дека е најдобрата пудра што ја имам користено Нормално можно е да не одговара на секого. За светнување нема пудра од која не светнувам иако не ми е толку мрсно лицето ако не ја сетирам со транслусцентна пудра. Имам користено и камени пудри од макс фактор и флормар ама искрено не ми помагаа премногу, ниту ми се допаѓаше визуелниот ефект. Производи од кои гарантирам дека нема да светнете се транслусцентната пудра на Laura Mercier. Во последно време ја купив и no color powder од RCMA. Да сум ја купела вторава ич немаше да трошам 40 долари на првата. Значи чуда прави! А пакувањето што да ви кажам 3 пати поголемо од на Laura Mericer. Цената е 12-14 долари и ја порачав од www.beautybay.com. Топло за препорачувам на сите со мрсна и комбинирана кожа, верувајте ми ќе се спасите од светнувањето. А ефектот е прекрасен, дава нежна свиленкаста структура на кожата. Можете да погледнете reviews на you tube. Не можев да верувам дека нешто може да и парира на Laura Mericer. Ја немам користено долго време, но мислам дека дури и подобра е. Има и повеќе од доволно производ, дури може и да ја поделите со некого, иако цената мислам дека е и повеќе од пристапна за тоа што и колку добивате. *** Моментално гледам ја немаат на залиха. Кога ја купував можеше колку сакаш да порачаш. После ставија "limited one per customer" и сега гледам ја нема. Ама верувам дека многу брзо се продава, сигурно ќе ја вратат
@LaraSolare Какво сунгерче користиш? Јас го имам Ебелин од ДМ, ама толку брзо се уништува, што ми станува одбивна самата помисла на тоа. Јас немам проблем со покривноста на Ревлон, дури мислам дека ми направиле услуга со новата формула зашто порано не можев да ја смислам пудрава. Ама сакам да експериментирам со четки и други помагала. Ми фатија око и силиконските „сунгерчиња“, па се мислам дали да набавам и такво.
@Mishela има ли кај нас од силиконските? Ги гледам на инстаграм ги користат на велико, ама не сум загледала кај нас дали донеле. Јас го користам виолетовото од орифлејм, на попуст го купив околу 100 денари и искрено не е лошо воопшто. Не сум користела друго да споредам дали е подобро или не. Паралелно го користам и со рамна кабуки четка, зависи од пудрата.
Мишела јас користам на real techniques complexion miricle sponge. Еве баш пред некој ден порачав пак пакување од две од iherb.com за 8 и кусур евра. Убаво е меко, пријатно, убаво се работи со него. Единствено што би сакала е да најдам некој добар дјуп на овој бјути блендерот, со таква форма, мислам дека е полесна за работа. Ова нема тап крај како оригиналот, што мислам дека е совршен за нанесување пудра. Инаку од овие сум задоволна и за некои работи незаменливо ми е сунѓерчето. За блендање коректор под очите и воопшто хајлајтирање, за нанесување трансларентна пудра, па и за некои пудри. Попрактично ми е за миење од четка зошто после 1-2 употреби го мијам и одма така мокро можам да го употребувам. Сакам да го пробам и тоа на орифлејм. @Rose96 го има пофалено во неколку наврати ама никако да го најдам на попуст. Секогаш го гледам дека е 350 денари https://mk.oriflame.com/products/product?code=27686 , а чинам Росе кажа дека многу поевтино го наоѓала на попуст. @Giovanna кога го зема толку на попуст, се јас го испуштам тој попуст Или има разлика во виртуелниот каталог со овие што ги даваат на рака? Кога и да видам онлајн е 349
Мислам дека не, барем не сум сретнала. Последно гледав рецензија кај Хрватските блогерки за овие чудни сунгерчиња и кога видов какви чуда прават, уште толку почнав да размислувам од каде да нарачам. Не сум проверила, можеби има по сајтовите, а пред сè најмногу ме привлекуваат заради лесното одржување. Кога ќе видам извалкани четки и сунгери - ми се крева косата.
@Mishela само да додадам ова не се распаѓа, многу е трајно. Активно го користам од Јули/Август, значи 7-8 месеци и само на едно место ми се искина зошто со нокти го поткачив при миење кога имав многу долги нокти.
Женски предлог за камена пудра за млада кожа, имам кожа иста како @SunnyGirl2 , со многу проширени пори, течната ја зедов на bourjois healthy mix, нијансата ми е скроз погодена, но покривност ама баш ич, и по некои 5/6 саати на челото како да ми се собира и почнува да ми се лупи
Јас сум со многу долги нокти @LaraSolare. Нежна сум со сунгерчињата, ама ова од Ебелин имам чувство дека е толку нежно, што доволно му е само да го допрам и да се распадне. Другарка ми купила некое пазарско во MAC кутивче и немаш поим колку фино нанесува пудра - го тестираше со повеќе различни пудри. Купив и јас и ко да станува збор за друго сунгерче - врска нема, само ми ја ушлакува пудрата. Ќе видам ако можам некако да набавам силиконско, ако не ќе нарачам и јас. Ти благодарам многу на препораката.
Би ти ја препорачала на Кетрин Арли, ја има во продавниците на ГР. Таа освен што матира доста е и покривна. И обавезно ставај крема за лице неколку мин пред да ја ставиш течната, без разлика каква кожа имаш, ќе ти трае подолго пудрата и нема да ти се лупи лицето.
@Mishela Еве замена за силиконското сунѓерче. Мала шала. Реакцијата кога го видов ова ми беше ваква А тоа на орифлејм е баш убаво и не се распаѓа брзо. Ако го најдеш на попуст порачајси го.
@LaraSolare Тоа на Орифлејм по 140 ден го купував, сега го имам на Авон потврдо е за разлика од тоа на Real Techniques и Oriflame ама преубаво ја нанесува пудрата. Да беше по меко ќе ми беше најдоброто сунѓерче што го имам пробано. Исто така и H&M имаат ново црно и премеко е и преубаво ја нанесува пудрата околу 3 евра го купив.
Фала многу Росе. Да не знаеш дали има разлика во цените на обичните каталози и овој онлајн зошто кога и да отворам 349 му е цената. Значи се на се ти најзадоволна си од тоа на H&M? Баш ќе го побарам кога ќе одам накај Грција
Се согласувам со Росе96 за H&M сунѓерчето јас тоа го користев го имав и beautyblender оригиналното но ми се здосадуваше секојден да го мијам и имав чувство дека сунѓерчето впиваше мн пудра и се откажав од сунѓерчињата ама навистина е убаво тоа на ХМ и не е скапо воопшто
Женски, пак ќе прашам - предлог за многу хидратантна, а не мрсна пудра? И секако убаво да покрива.. Исто може и за коректор предлог, да е хидратантен т.е. да не го суши местото кога ќе го покриеш, да не изгледа како перутасто.. Исфрлена сум на образите со црвени точки, а многу ми е сува кожата таму. Сега користам од Макс Фактор мус пудра и многу е убава текстурата и е лесна, ама не покрива многу.
Божуа еар мат, таа е попокривна и погуста, а и Катрис HD, таа е потечна, али исто дава добра покривност.