Супер ми се и едното и другото .Јас имам по сува кожа и мене ми одговара.Убаво се размачкува со сунгерче,ми трае и до 6 часа на лице,и најбитното не ми се собира или прави како лушпи по лицетот.Досега се што користев од пудри на Т зоната ми се перуташе кожата.
Јас имам мн сува кожа и баш вчера пробав тестер од пудрата на челото и одма ми се направија ко лушпички и се предомислив не ја земав.Ај повторно ќе ја пробам
Ја купив Catrice 18h matt или нешто слично по ваша препорака отако се изначитав на темава, и сфатив колку концентрирано го прибележував секое мислење, заглавив саат време на темава На прво шлапање, ич не ме бендиса, многу водлеста и структурата и е како софт кремче за лице. После со комбинација на пан стик на Maxfactor, малку коректорче и камена заличив на човек. Немам некое проблематично лице со акни и лузни, уште некоја што треба да заздрави од тие постарите ( нели треба векови да поминат и многу трпение додека лицето го излечиш од сите тортури што си му ги правел пред година дена) ама изгледа се навикнав на покремасти, попокривни пудри. Плус некако тоновите им се чудни, прежолтеникави а јас сум бела со жолт подтон, некако не се најдов. Или ја утнав едицијата на пудри од Catrice, или бројчето Не е лоша, 18 h не издржува фала јасно, ама повторно не би ја купила, ќе си се вратам на Seventeen natural velvet, презадоволна сум од неа.
Seventeen mat + или Catrice HD? Скоро 2 год.ја користам првата,па сакам да сменам. Да ми направите споредба,ќе ве молам Инаку,имам комбинирана и проблематична(осетлива) кожа.
Seventeen mat+ има похидратантна формула од Catrice, меѓутоа Catrice подолго време држи мат. Нијансите се малку проблематични и од двете пудри, јас не најдов соодветна за светол тен како мојот и затоа ги баталив. Ако ти одговара Seventeen, не ја менувај. Не сум баш сигурна колку ќе ти се допадне Catrice штом имаш осетлива кожа. Прво пробај ја од тестер, затоа што има многу различни искуства со неа.
Фала Мишела.И јас тоа си велам,да ја пробам прво,обично ми тураат во кутивче,па си пробувам дома,ама ако овие на Катрис се во оние малите шишенца,нема да биде изводливо. A,за нијансите воопшто не ми е проблем,си наоѓам(барем од овие досега). Баш ќе одам да видам.Ако не,ќе продолжам да си се дружам со 17-от.
Ја има ли кај нас Лореал про мат и која цена е отприлика? И имам доста светол тел со жолт/олив подон па дали има таква нијанса?
Баш напротив, светлите нијанси се на розево, со жолт подтон има само потемни Дури и најсветлата 11 ванила не е ванила туку на розево и не е баш светла, одговара на 53 oд Bourjois само со розев подтон, Bourjois се со жолт. Инаку пудрата е многу добра за тие што ќе најдат соодветни нијанси.
Лореал имаат едни од најлошите нијанси за луѓе со светол тен, поради тоа мислам дека ми станаа одбивни нивните пудри и најмногу ми е криво за L'Oreal True Match, затоа што за постудени денови ми е супер, ама нијансите - ко да сум фатила жолтица. Не ја користеше ти Catrice HD или сум се збунила? Баш сакав да те прашам каква ти е на лице на повисокиве температури. Мене ми е многу сува, дадов шанса и со повеќе подлоги одоздола, ама ништо. Ми направи лишаи кај носот.
Ja користам и сега за сега добра е. Ама ставам алое вера гел под неа како подлога и врз неа римел стеј мат транслусентната на Т зоната. И многу убаво изгледа на слики.
Мoже некoј дa нaпрaви спoредбa пoмеѓу Golden rose matt i Catrise HD liquid camuflage. Кoјa пoвеќе би ми oдгoвaрaлa имaм кoмбинирaнo лице сo прoширени пoри.
Catriсe HD liquid camuflage е за комбинирана кожа, го држи лицето подолго мат и не е тешка. Ја препорачувам.
Девојки, ај препорачајте ми пудра за екстремно мрсна кожа. Сега на топлово ниедна пудра не ми го држи мат лицето, светнувам по 1 час. Имам користено и ревлон за мрсна кожа, моментално ги мешам лореал 24 мат и севентин мат плус или како и да се вика, ама не ми држат мат. Само да не биде над 1000 ден. и да биде покривна доста.
Јас за топло време користам ББ крем од Гарниер. Не е мат ама не ми спаднува од лице и што е најважно диши лицето. Јас сум уште со ер мат од боржуа сега за вака не толку топли денови.
Имам мрсна кожа и до сега ја користев Аура пудрата, но сега сакам да сменам малку. Што мислите за Bourjois healthy mix пудрата? Покривна ли е?