Имам мрсна кожа ја користам катрис хд,и лореал инфалибле но не се осеќам природно ,да ми препорачате некоја пудра за мрсна кожа што држи долго мат да не е тешка и да не истакнува суви делови ? Имам и бб крем на гарниер но од него ми излегуваат акни,а немам некои проблеми со кожата освен црвенило мало некоја црнка на носот и ретко акна ?
Благодарам Не сум од Скопје и тука немаме производи на Буржуа дали може од негде да се порача со достава?
Мислам дека Шатци имаа со достава. Мора некои локални парфимерии да имаат штанд на Боржуа. Посети ја страната на Шатци на фб.
Некоја пудра за мрсна кожа ама да трае подолго? Таа Буржуа трае? Затоа што ставам пудра и лицето за 1 саат свети и плус пудрата после грдо изгледа, моментално од Игирд користам. Ако имате некоја предложете ми, некаде до кај 800 барем цената да е.
@elvittta Супер е таа на Буржуа 123 перфект , можеш и на Ревлон колорстеј да ја пробаш има и од двете пудри тестери
воопшто не се покривни, само боја ке ти даде на лицето, исто и мене ми требаа.. некој да ни помогне на мене и вини?
Фала, разгледував наназад и многу пофални зборови за неа има. Се двоумам и за Rimmel lasting finish 25h како поевтина варијанта...Ако ја има некој користено мислење?
Јас не можев да си најдам соодветна нијанса од пудрава, затоа што дури и најсветлата нијанса ми беше темна. Секогаш го имам овој проблем со пудри од Римел - никако не се поправија и не донесоа кај нас од најсветлите нијанси., ivory им се дефинитивно жолто-потрокалови и претемни за лица со многу светол тен. Ако не си толку светла, секако ќе си најдеш нијанса и пудрата не е лоша за комбинирана кожа, само што задолжтелно фиксирај ја и блендај ја повеќе, затоа што има таква чудна формула и многу се познава на лице ако не ја соединиш убаво со подлогата и кожата. Фино покрива, ама масната кожа бргу почнува да сјае, имај го и тоа предвид доколку имаш таков тип на кожа.