Девојки препорачајте ми течна пудра за МНОГУ СУВА кожа, да прекрива одлично. Цена не битна, само кажете и каде да ја набавм
Толку ми е погодена и мене што жал ми е да ја користам хахаха Инаку дефинитивно има разлика со старата верзија оваа не е толку мрсна, поубавно некако стои на лицето. Ако кожата ми остане ваква по нормална уште еднаш ќе си ја купам.
Сакам да ја купам пудрава за да ја користам за некои по специјални пригоди затоа што читав била покривна. Ама сепак сум на мислење дали е долготрајна, дали изгледа убаво на лицето. Дали ја имате користено некоја? @Mishela help?
@Rose96 Мислам дека @marama може да ти помогне во врска со пудрава, затоа што ми останало во сеќавање дека таа ја користеше истава пудра подолго од мене. Мене ми се допаѓа, ама малку ми беше тешка на лице, особено кога ја носев подолго време. Има многу убава текстура и некој велвет мат финиш, навистина е покривна ама на моево лице беше малку потешка дури и на масните делови. Јас ја имав во периодот кога излезе Севентин Мат, па споредено со неа - Флормар има далеку подобар избор на нијанси, а онака ми се малку слични со тоа што Флормар има повисока покривност. Да се јави Марама со нејзино мислење, па спореди ги коментарите.
Мислам дека беше околу 500 денари, секако не повеќе од 600. Не беше скапа, поевтина беше од пудрите на Боржуа на пример.
https://lh5.googleusercontent.com/-...o_8PpDahTiI/s640/blogger-image--330261636.jpg http://seventeencosmetics.com/uploads/images/Time_Plus_20090326092407.jpg Може некој да ми каже за разлика помеѓу овие две пудри ? Имам умерено масна т-зона
Повеќе би ти одговарала Natural Velvet, меѓутоа само доколку ја користиш со матирачка подлога или камена пудра/фиксатор одозгора. Има малку cakey формула и барем мене многу ми се разлеваше по лицето, без разлика што користев база и камена пудра. Потенцирам дека ова беше во зимски период, кога кожата ми е дури и малку посува во одредени делови, во лето на повисоки температури секако не ми одговара. Многу убава пудра е, покривноста е речиси одлична, меѓутоа покрај сите напори, засветував во помрсните делови за 1 до 2 часа. Од сите пудри кои сум ги користела, најкриво ми е што токму оваа не ми одговара. Тајм Плус не е за твојот тип на кожа, мислам дека таа е најпогодна за тинејџерки и млади девојки со сува-нормална кожа.
Имам 23 год. и сабајле ставив на т-зоната и под очите малку и уште не ми е измастено челото а кај очите ја осеќам како затегната малку инаку немам проблематична кожа, чисто лице имам..инаку натурал велвет е на мајка ми и таа има сува кожа и кога ке стави лицето веднаш и ја впива и става по неколку пати од неа и сега ја батали си купи друга . Братучетка ми ја имаа тајм плус и многу ми ја испофали па затоа прашав за разликите кои се да знам дали да продолжам велвет да ја користам или тајм плус да купам. Фала у секој случај
@A11, Тајм Плус има многу послаба покривност и полесна формула, пробај ја од тестер ако си заинтересирана за неа, меѓутоа мислам дека повеќе ќе ти одговара Natural Velvet.
@Rose96 пудрата е убава, има одлична покривност. Некаде низ темава имам ставено слика од пред и потоа. Тешка е на лице, ко маска да имав ама долго издржуваше на лице. Некако по сеќавање на Аура кавер ми ме потсеќа. Цената е 550 денари.
Нека е тешка ионака ми е само за посебни пригоди битно ми е да е долготрајна и убаво да стои на лицето.
Еве и јас да напишам нешто за пудриве. Имам сува и чуствителна кожа, со црвенило на образите и неизедначен тен. Две години ја користев Буржуа хелти микс. Ја сменив бидејќи воопшто не ми траеше на лице. После 8 саати беше скроз избиршана или упиена во кожата. Пробав и со хидратантна крема како подлога, пробав и со прајмер, пробав и без ништо ама немаше промена. Можеби и кожата на лицето ми се навикнала и презаситила од пудрава. Инаку самата пудра има преубави тонови и пигментација, лесна, со убава текстура за размачкување ама ете..... Сега ја користам Макс фактор миракл мач. Подолготрајна ми е од Буржуа, ама и малку е потешка. Има погуста текстура ама па кога малку ќе се упие кожата на лицето не делува како маскирана. Мене ми одговараат жолтите тонови, па оваа е баш таква. Ја имам пробано и со прајмер и со хидратантна крема, но дефинитвно најмногу ми одговара со кокосово малсо....