препорака за течна пудра за сува кожа да е одлично покривна и лесна да не е паштета ја ја имам од аура кавер или кавер ме нз како се вика баш покривна е да ама мн е тешка и паштетка е
каде би можела да ја најдам од која фирма е и дали има онака светли нијанси зошо ја сум мн бледа со црвенила околу устата и розеви образи заебана кожа малце дали би ми се совпаднала со тенот и би покрила се и фала на одговор
Мојата кожа е комбинирана накај мрсна, често ми се појавуваат оние месечнине глупи бубулки, а понекогаш ми се суши. Од пудри сакам да е покривна, но не ми е тоа единствен предуслов, најмногу ми е важно да ми изгледа убаво лицето, хидрирано и не ко лепче со паштета. Овој период, кога има сонце и кога се гледа секоја пора, последниве неколку години ја користам од Менхетен Изи мач мејк ап, покрива колку-толку и многу убаво го прави лицето. Бидејќи сакав да сменам кон малце потешко, малку истражував и повторно се одлучив на Менхетн, но сега Ендлес перфекшн, и сум презадоволна за изборот. Подобра покривност, подобро ми лежи на кожа, подолго ми трае и ме хидрира истовремено. Цената беше 620 ден во Космо, и ја препорачувам. Иако јас и зимата си ја истерав со Менхетн Изи Тач хаха, бидејќи имам утнато малце нијанси, останатите ми се потемни и може ќе ги употребам за некоја од свадбите за лето господово 2017то каде што ќе изгледам ко на шминкер да сум била Станува збор за Римел Стеј Мат, малку покремаста и тешка ама супер оди на исончан тен. И арт деко, за која што едвај чекам да се вратам да потемнам малку и да ја поуживам.
Да , нијансите се светли , фирмата е Буржуа , ги има производите нивни во ДМ , Анабела , Космо ако си од Скопје. Често е и на попуст пудрава , нијансата 51 ќе ти одговара на тебе штом си многу светла
Rimmel Lasting Finish 25 Hour Foundation with Comfort Serum. Јас со години на користам, и кога беше во старото пакување во тубичка (без серумот) и сега. Стара љубов ми е, погуста е од Healthy Mix на Bourjois (барем мислам) ама откако се впие во лицето воопшто не е тешка.
Околу 300 денари е. Во ДМ сигурно ја има и на други места кај што држат Rimmel производи да провериш.
Пудри кои имаат SPF може да изгледаат бело на слика под блиц (ама не мора да значи). Тоа е поради тоа што содржат титаниум диоксид. И ревлон има, и римел има, макар искрено, јас не сум приметила дека ми станала побледа на слика со блиц.
Aura cover me за каков тип на кожа е? Искуства со неа ? И цена ако знаете за истата, исто и цена на прајмерот од Aura?
Леле немој таа. Паштета пудра. Не е за комбинирана кожа. Јас ја имав иии многу е тешка и мислам како да сум ставила цименто. За прајмерот не знам.
Пудрата е за мрсна кожа, доста густа и тешка со голема покривност. Би ја препорачала за навечер, бидејќи на дневна светлина се забележува доста. Цената мислам е околу 350 ден.
Јас прајмер не користам. Го имам тој од авон и ми стои. За пудра за комбинирана кожа јас ја користам Перфект123 на Боржуа. Скапичка е, долготрајна, не се чувствува на лицето како ќе нанесеш. Е сега зависи дали имаш комбинирана со сува или со мрсен т-зона. Оваа на Боржуа е за комбинирана со мрсна. Околу 600-700 денари, но ќе ја имаш долго време. Ја имам користено и на Ревлон Колорстеј 220 и таа е добра, дава измазнувачки ефект само што таа нијанса ми беше светла мене и не ја купив повторно, долготрајна е. Сега со овие новите нијанси и пумпицата ја поскапеа многу. Ја имам користено и Ер Мат од Боржуа таа уште ја имам, ме разочара многу, на лето 4 сата стои ама мрсната т-зона ми ја суши и само за преку ден ја користам.
Мислења за max factor miracle touch? Знам дека @Rose96 имаше пишувано за неа. Јас имам доста мрсна кожа, па како би издржала? Сакам лесна, средно покривна пудра за секој ден. Повеќето пудри на макс фактор одлично ми се покажале на моево лице и имаат нијанси што одговараат на бојата на мојава кожа. Ги имам користено повеќето овде набројани, но некако освен facefinity од max factor исто и боржуа 123 перфект ниедна не ми се покажа доволно добра. Ревлонот ми е претешка пудра за секој ден, исто и infallible 24 matte и не ми држат мат повеќе од 1-2 часа и се познаваат многу на лице. Плус лореалот почна да ми се одвојува на лицето на одредени места, не знам што се случува.
Мене секогаш ќе ми биде прв избор како пудра за специјални пригоди затоаа што на фотографии изгледа предобро. Е сега не е мат, мене ми одговараше затоа што имам комбинирана кожа, на многу мрсна незнам како би издржала. И на дневено светло изгледа многу добро. Штета имам многу отворени пудри ама секако дека би ја купила повторно.
Покрива се тешка пудра ја користам секој ден.Имам мрсна кожа проблематична и сакам друга да земам само не знам која