Најлошо е што етикетите на тие производи се копија од оригиналот или целосно измислени. Се прават бланко во фабрики во Кина и после им се лепат етикети како им одговара (сакаш Naked, сакаш Kylie, ABH, Nyx, се што им дојде), така да не можеш никогаш со сигурност да знаеш што содржат. Некое испитувае во Британија покажало дека содржат цијанид за пигмент, олово и жива. http://www.dailymail.co.uk/news/art...ooked-criminals-squalid-underground-labs.html Јас пак ќе кажам, Rimmel Lasting Finish, не ми мрднува од лице додека не ја отстранам на крај на денот.
Јас ја имав таа и не знам на кого ја дадов. Многу темна ми беше со розев подтон. Убава лесна пудра ама не е трајна.
Од Cosmo, DM, Шатци, за некое чудо во DM поефтина е. Околу 540 мислам дека беше. Да, слаби се со нијанси, вкупно 6 нијанси имаат. Јас сум малку накај светлата страна ама се погоди најсветлата од беж нијансите да ми одговара (Soft Beige - 200). Мислам дека Ivory нијансите имаат розев подтон. Мене ми е трајна и лесна, секој ден ја носам на работа и ми држи се додека не ја отстранам дома (со оглед на тоа што имам нормална кожа и не ми се мрси воопшто). Мислам дека не е за мрсна кожа. Има природен финиш и ако убаво ја нанесеш не се ни познава дека имаш пудра на лицето (доказ на тоа е братучед ми кој мрази шминка и постојано коментира на сите дека носиме премногу пудра, а мене никогаш не ми рекол). Сум пробала неколку пати да ја сменам и секогаш и се враќам. Сепак секоја кожа е различна, нешто што на еден му одговара може да биде ужасно за друг.
Точно е тоа секој има различна кожа. Јас имам комбинирана и не ми одговара. Епа девојки со нормална кожа еве ви пудра.
Здраво Може ли малку помош, до сега користев impala добра ми е покрива ама во последно време почна да ми теже на лицето, може ли да ми препорачате некоја што покрива а да не е тешка на лицето
Се наежив од составот на овие пудри. Јас си пазарувам од Али Експрес, ама копии на шминки или козметика ни под разно не би купила. Не ми е јасно како се лажат кај нас девојкиве да купат вакви очигледни копии, и онлајн и по пазариве. Сто пати подобро е да купат некој ефтин бренд од продавница.
Најлошо е што воопшто не ги продаваат ефтино, лажна пудра Naked можеш да најдеш за 700-800 ден, можеби некаде 450-500 најмалку. За тие пари ќе кнајдеш речиси од било кој бренд во продавница по некоја пудра. Барем можеш да погледнеш рецензии на интернет, да ја пробаш и најбитно, да знаеш што ставаш на лице. Нормално дека азијците си имаат стандард нивни за козметика, ќе видиш скоро сите make up гуруа ќе посегнат по некој азиски бренд. И многу нешта што денес на големо се користат потекнале тукму од некој со огромна имагинација во азија (350 видови на маски, хајлатерот, пудрите со перничиња) па некој од европа/америка решил да ги превземе. Ама има разлика од купување на кинеска козметика на која и го знаеш потеклото и составот, до купување на козметика за која појма немаш што содржи.
Ја пробав севентин натурал велвет и ми се виде добра..Но не забележав за каква кожа е..Моменално кожата ми е комбинирана и изразени суви делови под очите и носот..Совет..? Искуство..?
Според моето искуство - најмногу одговара за сува до нормална кожа. За комбинирана можеби, но само доколку Т-зоната не се масти премногу. Јас имам доста масна Т-зона, па пудрата почнуваше да сјае по неполн час. Нанесував и камена пудра, па и фиксатор, ама едноставно не ми одговараше. Фина пудра е, ако ти се допаѓа како ти стои на лице земи ја, можеби сепак ќе ти се погоди.
Имам нормална повеќе накај сува кожа и барам некоја пудра што ќе ми даде така убав dewy finish ако може да ми препорачате некоја таква инаку немам некоја проблематична кожа
Healthy mix од Bourjois. Ако можеш да ja наjдеш Healthy Mix Serum, уште поубаво Со оглед на тоа дека немаш проблематична кожа, размисли и за BB кремата на Garnier.
http://gossmakeupartist.com/videos/...m_source=facebook&utm_term=goss_makeup_artist Еве нешто корисно што ќе ни се најде на сите.
Пудрата е за нормална до сува кожа, цената зависи често е на попуст а ако си премногу светла може да не ти одговараат нијансите , за жал не ги носат најсветлите нијанси во Мк
Нешто да ми кажете за пудриве, било која од нив или споредба? Ме интересира покривност, густина и сл. И колку чинат од прилика
Јас ја користам активно и досега е единствената пудра која не ми направила проблем на лицето. Имам проблематична кожа, комбинирана до мрсна и ми одговара пудрава.. Инаку цената 800 и некој денар, а на попуст незнам немам купувано.