Девојки препорачајте некоја пудра за комбинирана кожа,што е долготрајна..Кога е топло времето веднаш светнувам,пудрата ужас,имам чувство како да ми течи низ лицето ...Ја користам Радиант натурал фикс,но не сум задоволна воопшто..
Ќе може да ми предложите некоја пудра за нормална кожа, да дава природен изглед на кожата и измазнувачки ефект, да не е претешка или прегуста, и да е пофолготрајна по можност да не се прават линии и брчки
Моето лице е со мрсна, комбинирана и светла (бледа) кожа. Читајќи многу позитивни мислења за Catrice HD Liquid foundation, си ја купив минатата недела (нијанса 20) зашто ионака е при крај мојата тековна пудра (Rimmel Stay Matte 103). Искрено, многу ме разочара. Слаба покривност и трајност, нијансата ме прави многу потемна од што сум. Постојано се мислам дали би ми била подобра 10, зашто кога ја купував пудрата, само како тестер ја имаше, а 20 тогаш некако ми се чинеше потаман. Единствено ми се допаѓа мирисот дур ја нанесувам. Моја колешка што е исто бела како мене, ја користи на Max Factor 3 во 1 и е многу задоволна. Дали таа пудра би одговарала на моето лице? Или пак, некоја друга пудра да ми препорачате?
@Miss-Angie92 Пробај ја на тестер таа на Макс Фактор да видиш на твоето лице како ќе е , јас ја имав купено лани ама не ми се допадна воопшто како стои на моето лице. За мрсна кожа , ќе ти предложам неколку пудри Ревлон колорстеј , Буржуа 123 перфект па можеш да ја пробаш и на Мрјбилин новата пудра matte and poreless,јас лично ја немам пробано последнава
@Miss-Angie92 Таа пудра има баш прилично светли нијанси. Мене баш ми одговараше таа пудра на мрсново лице и има солидна покривност. Сепак пробај ја прво на тестер да видиш дали ќе ти одговара.
Некој ги има пробано камените пудри на Голден Роуз да сподели искуство? Се мислам да земам ама не знам каков им е квалитетот. Плус јас сум ептен ептен бела во лицето, порцелан и не знам дали има толку светла нијанса.
Девојки да ми препорачате некоја пудра покривна. Имам комбинирана кожа накај сува. Последно ја зедов од ингрид пудрата ми одговараше ама таа имаше средна покривност. До кај 450-500 денари.
Каква пудра ќе ми предложите која не остава или пак минимално остава трага на јаки од кошули и сл. Цената не е важна
Јас слушнав за првата убави зборови. Густа е и покривна, покривала бубулици, лузни и црвенило по лицето. Е сега не знам ништо за трајноста, сакав да ја нарачам ама некако мала милитража ми се виде.