На пудрава не пишува, ама кога ќе ја ставам мат е. Мене кожата ми е сува повеќе, и ставам многу креми и масла и покрај тоа пак си е мат и ок.. Ако ја има некој со мрсно лице пробано нека каже.
Навистина е убава, и многу покривна, јас ја користам и за некои темни лузни Доста е погуста од Ревлонот но финишот е тука некаде. Проблем може да биде што нијансите се малку, и сите три се многу светли. Се на се, одлична е кога кожата е проблематична (како пред добивање), камуфлира секакви тракатанци
А ја има ли некој пробано clinique beyond perfecting ,ја загледувам неколку пати во КОСМО ми изгледа доста покривна,јас имам флеки на лицето и само DW на есте лаудер ми ги покрива а цената е скоро за 1000 денари разлика,некој со многу масна кожа да ја има пробано?
Да , ја имам пробано јас , сите течни пудри од Клиник ги имам пробано , оваа што ја пиша ти не ја препорачувам ако имаш многу масна кожа. Пудрава е наменета повеќе за нормална до комбинирана. Јас имам масна кожа и за 2-3 часа лицево светнуваше и тоа со пудра камена одозгора. Општо сите пудри на Клиник не ги препорачувам на луѓе со масна кожа. Ти ако имаш многу мерак да ја пробаш ете можеш да побараш да ти ја нанесат на цело лице па види баш колкава и е издржливоста. DW е топ за масна кожа , еве ја имам дома и на Ланком пудрата ама DW ми е незаменлива
@koritsaki да DW ми е до сега најдобра ама никако да ја дадат на попуст,ајде можеби месецов ке биде на попуст. А штом клиникот не е за многу масна кожа онда не ни ризикувам,ти благодарам
Ја меркам оваа double wear. Гледам имаат мони верзија, вреди ли да ја земам бидејќи се 15 мл? Сепак не е евтино, мпже ли да се извадат доста кпристења? И дали оваа во шишенце е иста со онаа во плава туба?
Ова шишенце е пола од нормалното пакување (30мл) по малку се става за цело лице , а не е иста оваа пудра со таа maximum coverage во синото пакување
Па зависи како ќе му текне најискрено.Еве пред некое време ме шминкаа со МАК студио фикс флуид и тоа без коректори и камена пудра и изгледаше одлично па сестра ми ја начека на некоја акција и ми ја прати,јас се нашминкав и буквално ми исчезна за 3 саати од лицето а и не ми ги покри флеките,напротив ги истакна.А незнам што да ставам веќе за да ги покријам.Затоа барав нешто што ќе ги сокрие нив ,да не се фрлаат џаве пари пак за наш стандард не се ефтини
Studio Fix Fluid мене ми стои совршено на лицето, ама другиот ден кожата ми е лом со мали акни внатрешни кои што потоа никако не можам да ги изглечам. И сега барам некоја крема како подлога што ќе ми спречи појавување на акни и пак да си ја купам. Инаку оваа на Клиник пробај ја еднаш на тестер побарај да те нашминкаат нолси ја денот види како ти се допаѓа ако ти е добра земи ја. Мене многу ми се допадна ептем е покривна ама не е за многу мрсна кожа.
Ја проба ли некој новата Fit Мe Matte & Poreless на Мејбелин да ми каже како му реагирала кожата? Ја користам веќе месец дена, ама забележувам дека секој ден откако ќе го исчистам лицето од шминка, имам по една-две ситни гнојанички. Не се акни, минијатурни се, ама ми се прават на места каде што нормално никогаш не сум имала акни/црнки. Знам дека е од пудрата, друго ништо немам сменето, ниту крема, ниту гел за миење лице, буквално ништо. Истово со Ревлонот ми се случуваше, имам пишувано во темава дека ме исфрлаше. Штета, а таман се понадевав дека си најдов добра пудра за секој ден, со пристапна цена. Убава, лесна текстура, со добра подлога одлично издржува, ама... толку ќе и' биде кај мене Аман, на 30 години ли најде кожава чувствителна да ми станува?
@buba4e89 немам проблем со сушењето, освен пределот можеби околу устата, забележав дека тука ми е посува кожата. Дали е од пудрата појма немам. Инаку, масна кожа имам, а проблемот со пудрата е што ми создава гнојанички. А, да, Мејбелинот забележав дека се собира во линиите во текот на денот, колку подолго ја носам, толку е поизразено. За нормална и сува кожа никако не ја препорачувам.