Па истакнав неколку страници поназад дека ревлонот ја суши кожата иако се одлично е пофалена пудрава и од моја страна. Затоа и те прашав. Дали си пробала со прајмер? Инаку јас кажав дека на рака ми се виде како да упива Мејбилин-от веднаш легнува на кожа и имат мат ефект. Во лето кожата е помрсна така да не употребувајте мат пудри, така мислам јас по тестирање на Боржуа летоска мат е пудрата и светев за 3 часа.
Прајмер користам секојдневно. Мејбелинот ја имам носено и со и без прајмер, крајниот резултат е ист, ме исфрла. Па ме интересираше дали има и некој друг со моето искуство. Инаку, цел живот носам мат пудри затоа што имам масна кожа, нема врска дали е лето или зима. Особено во лето мат пудра е must за мрсна кожа, инаку резултатот со некоја luminous пудра не би сакала ни да го замислам. Искуства со Мејбелин?
Имам мрсна кожа и немам проблеми со кожата освен мало црвенило и црнки на носот.Ја користам лореал инфалибле и катрис хд.Сакам да ја пробам мејбилајн новата Fit me matte &porelles па некој нешто да напише повише за неа? Исто и се мислам за ревлонот.Да напоменам имам ептен мрсна кожа Секаков совет е добродојден
Ја има некој Krayolan пудрата пробано? Сакам некоја по професионална што ќе ми трае. Гледам на шминкер со неа шминкаат, а си мислам и сама да се шминкам, за свадба ми е. Јас ја имам ревлон, лореал тру меч и од мејбелин мусот, ги имам сите за на свадба носено ама се потам некако и не ми е тоа тоа Кажете некој трик да не ми се разлева.
Кога сме кај пудрите , гледам не сум напишала ништо во врска со пудрата на Lancome teint idole ultra Пудрава ја земав некаде крај на март , ја носам скоро секојден и добро ја истестирав. Имав многу поголеми очекувања од пудрава , но искрено не ми се допаѓа многу. Убаво и лесно се блендира на кожата , нијансата ми е добра ,но не е постојана како на пример пудрата од MAC - Fix fluid што ја користев пред неколку месеци. Дури и со камена пудра лицето за 3-4 часа почнува да свети што не ми се случувало досега со пудрата на Есте и Мак. Повторно не би ја земала.
Јас сум многу задоволна од ЦЦ кремата на Боржуа. Покривноста ме изненади а трајноста ако нанесам добра подлога и камена пудра ми трае прилично долго, да не претерам ама добри 6 часа што за мене е сосем солидно. Ја купив околу 530 денари од Шатци и дефинитивно би ја купила пак. Ја имам нијансата 31.
Која пудра од Есте ја користиш истата ли од флаерот? и која од Мак, и ако може цена на мак и од кај ја купуваш
Баш штета, толку бев убедена дека ќе ти се допадне и тебе. Мене ми е ептен идеална за лицето, почнав да си ја користам секој ден откако ми се потроши Ревлон. Скапа ми е, ама и онака пудрите ми траат многу долго, па си теков - yolo.
@Mishela и јас бев убедена дека ќе ми се допадне , ама секое лице своја приказна си е изгледа не очркував дека толку брзо ќе ми светне лицето , а ја пробував со разни пудри и плус во парфимеријава ме убедуваа дека и камена пудра нема да ми треба @Ivaivana да таа на Есте ја имам , ја купувам од Сефора ама кога е на попуст околу 32 евра зависи од попустот некогаш и 40% ако стават може да се најде за 28 евра а за Мак ја користев Fix fluid ја земам од Солун и тие често ставаат попусти така да ја начекувам 23 евра сега бидејќи таа ми беше тешка, ќе ја земам деновиве pro longwear за нијанса е полесна од првава ама идеална за масна кожа.
Јас користам пудра на Vichy Ideal Teint и морам да кажам дека досега не сум пробала ништо подобро од неа , а имам пробувано повеќе, лесна пудра и баш ми одговара на мојата kожа (комбинирана). И што е најбитно покрива и трае цел ден.
Цената е 1500 денари, ја купив во приватна аптека, јас сум од Ресен ама ја има и во Зегин таму ги продаваат Vichy пудрите
Девојки, веќе 2 години ја користев CC cream од Bioten, но во последно ми се појавува алергија на лицето, црвени мали точки како со коприва да се џаркам..Ми треба некоја пудра која ќе биде на "поприродна база" ...Некој предлог?
Каква кожа имаш? Ако имаш нормална до сува кожа пробај некоја од пудрите на Алверде , тие се природни , исто така и на Др. Хаушка само прашај за тестер прво по аптекиве пред да купиш зашто не е баш евтина
И Дебора имаат пудра со природни состојки, мислам дека е на попуст во тековниот Космо каталог и чини 400 и нешто денари.
Девојки ве молам за предлог пудра. Ми треба некоја покривна, долготрајна да не ми се распаѓа после неколку саати носење, посебно сега летно време малку ако ми дојде топло одма светам во лицето. И многу важно да има нијанса со жолт подтон бидејќи кај нас ми изгледа како невозможна мисија да погодам нијанса. Цената не е важна
@Minnie-e Dior Forever, најтопла препорака од мене. Долготрајна е, не мрда додека не ја отстраниш, има замазнувачки ефект на порите, има висок SPF и идеална е за мрсна кожа бидејќи е мат. Јас ја користам нијансата 015, светла нијанса со жолт подтон. Презадоволна сум, најново откритие ми е пудрава. Есте Лаудер DW ми е вечна љубов, ама оваа е многу полесна и попогодна за секојдневна употреба, не се ни осеќа на лице, а изгледа како фотошопирано. Ако не ти е важна цената, мислам дека нема да зажалиш, но пробај си прво од тестер секако Додека Есте е со фул покривност, Диоров е солиден медиум, мене ми покрива се' што треба, како црвенила, флеки и сл. Не знам колку е во МК, јас ја купив од Загреб, околу 50 еур.
Девојчињааааа ! Вака сега , сакам да прашам дали некој има искуства со ,, темнеење" на пудра. Поточно станува збор за севентин мат плус. Кога ќе ја ставам е совршена! Совршена нијанса ! Ама после пола саат од нанесувањето почнува да темнеееееe искуства некој? Не сакам да ја менувам пошто ми е супер ама изгледа ќе морам..