Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Течна пудра за лице

Дискусија во 'Лице' започната од angel, 23 ноември 2009.

  1. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.750
    Допаѓања:
    107.207
    Пол:
    Женски
    @Summerlover
    [​IMG]

    Оваа на Виши е мн попокривна од другава Виши погоре. Ако имаат тестерче побарај и пробај ја ;)
     
    На buba4e89, Hipster и Summerlover им се допаѓа ова.
  2. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @koritsaki @LivingGlam 1200 бреј, па подобро нозете да си ги ампутира :rofl: Шала на страна, ви благодарам многу чикас! :* Имајте убав ден, коктелите на моја сметка :D :hug:
    :d::drunk:
     
    На LivingGlam и koritsaki им се допаѓа ова.
  3. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Самерке Виши 3Д корешнот ти е над 1400 денари, може во Зегин да е поевтина некој денар само. Абе вреди за парите ептен, иаку да солена е цената.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.613
    Допаѓања:
    40.101
    Пол:
    Женски
    9049953894430.jpg
    Искуства со пудрава?
    Покривност, трајност?
     
  5. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    Јас сакав да прашам:)Вреди ли да се искористи попустот во Дм-345 денари:D
     
    На Emotional123 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. NewGirl.

    NewGirl. Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2016
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    114
    Пол:
    Женски
    Слаба покривност има :)
     
    На kala21 и sorbet им се допаѓа ова.
  7. sorbet

    sorbet Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2017
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    5.269
    + изборот на нијансите е никаков, 115 е потемна од 220 Revlon Colorstay, a 110 е светла како медицинска течна пудра (преувеличувам но навистина е многу светла). Се надевам дека во лето на исончана кожа ќе ја искористам зошто не ми се даваат пари за уште една пудра за да нијансирам. Ми се допаѓа мирисот зашто не е нападен.

    Се напнав да ја купам пудрата, но многу многу не ме воодушеви :doh:. Да помине одредено време на тестирање и ќе напишам рецензија
     
    На LollySky, kala21 и NewGirl. им се допаѓа ова.
  8. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.914
    Допаѓања:
    5.252
    Пол:
    Женски
    Предлог пудра за мрсна кожа што трае долго и изгледа добро на фотографии? Имам многу светол тен со жолт/олив подтон. До кај 600 ден.
     
  9. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Дојдов да пишам збор- два за пудрава. Ја земав од Зегин ,290 денари. Цената во Дм и е околу 370 денари, а моментално во Шатци е на попус за 250 денари.

    Покривноста е одлична во однос на цената, задоволна сум. Јас ја користам со Ингрид подлогата за пудра и добивам совршена покривност.
    Единствено што не ми се допаѓа е тоа што малку ми е тешка да ја носам за преку ден. Не се бледее во текот на денот, недостаток и е тоа што се лепи.
    Текстурата и е густа,но сепак лесно се размачкува. Мирисот и не и е толку пријатен, ама тоа е поради тоа што јас не сум некој голем љубител на парфимерирани пудри.
    Во однос на нијансата ја земав најсветлата, таа што е на сликата. Но мене ми е темна, има некој жолтеникав подтон.
    Во главно накратко тоа. Ако ви се купува ниско буџетна пудра со солидна покривност ја препорачувам.
    Оценка
    8\10


    [​IMG]
     
    На Quincy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Ја пробав Vichy dermablend-от од тестерите што ги имав и прекрасна е. Со малку се покрива цело лице. Покривна е 8+ оцена, не треба камена само малку коректор, лесно се нанесува и брзо се впива на лице. Чиста 5ка, само за мој вкус е пудра за вечерни светла зашто е доста покривна и ептен се познава на лице дека имаш ставаено пудра на природна светлина како сега ја на пример што ја имам ставено на мене. Пак ќе речам мој вкус, јас не сакам да се шетам преку ден со фаца ко да сум порцеланска кукла, вештачка. Лично преферирам да изгледам поприродно пред се зашто имам чисто лице.

    Криво ми е како порано не сум земала било што од бренодов супер квалитет иаку се посленки со цени, вреди.

    Мене најмногу ми се свија кај Vichy е тоа што не ми се исфрла лицето после стоење пудра цел ден на лице. Осетлива кожа иам и до сеа тоа само од Clinique не ми се дешавало. Ама тие се дупли со цени од Vichy така да јас штедам некој денар:wasntme:
     
    Последна измена: 27 мај 2017
    На Len@82, crazylady, PreciousDiamond и 4 други им се допаѓа ова.
  11. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.750
    Допаѓања:
    107.207
    Пол:
    Женски
    По 2 недели како ја испробувам камената пудра на MAC Studio fix , ќе пишам мислење за неа во темава. Пред да ја купам , се мислев дали да ја земам таа или Блот пудрата , но реков ајде и така ќе дадам 20 и курус евра за пудра ќе земам некоја попокривна. Ја земав нијансата NC20 - една нијанса потемна од таа што ја користам на Пролонгвеар , ама ипак не згрешив што ја земав таа нијанса не се разликува воопшто од другава. Под пудрата во опаковката има сунѓерче за нанеување на пудрата.

    Значи , мене лично ми е најпокривната пудра досега што ја имам користено (заедно со една друга на Севентин што ја имам поставено еднаш во темата вашата шминка низ слики). Покривноста и е многу голема кога ја нанесувам со сунѓерчето , поготово ако ја нанесувате со течна пудра што е покривна или густа во еден збор тешка , лицето изгледа многу лошо , како да имаш ставено сто слоја шминка и дефинитивно не ја препорачувам оваа апликација на пудра за преку ден. Буквално на моето лице по нејзиното нанесување се познаваат линиите на лицето , ме прави како да имам брчки (а немам) и делувам со тоа некако постаро. Има и полесни камени пудри па друго е и да се нанесува со сунѓерче , ама оваа не. Ќе пробам наредно со некоја полесна пудра да видам како ќе стои на лицето или па со четка за пудра. На оваа пудра називот и е foundation , па може да се нанесува и без течна пудра за природен изглед ама па така незнам и колкава ќе биде трајноста на пудрата на лицето.

    Трајноста на моето мрсно лице е околу 5-6 часа (без прајмер на лицето) без воопшто да светне , е после избива маснотија на челото и образите ама важно не се губи пудрата од лицето.
    Мое мислење е дека ми се допаѓа многу пудрава како покрива , затоа и би ја препорачала на девојки што имаат лузни , флеки и поголеми проблеми , јас немам проблеми лицето ми е чисто и затоа ја нанесувам само на критичните делови таму каде што ќе светнам.

    Рецензија за течната пудра на MAC Prolongwear NC15 имам пишувано во темата - омилени продукти на месецот , ќе пишам и овде , значи пудрата е со средна покривност, ни прекуста ни претечна , лесна на лицето , мпже да се стави и втор слој доколку има потреба , при нанесувањето треба да се внимава многу , мора да се нанесе колку што е можно побрзо зашто се суши и потоа нема шанси да се размачка па ќе мора постапката да се повтори од почеток. Ја користам скоро секој ден е сега пред 1,5 недела приметив дека под образите и брадата ми излегоа големи и ситни гнојни акни , се надевам дека НЕ Е од пудрата , зашто истото го забележав и до пудрата Fix fluid и поради тоа престанав да ја користам. Ја ставив на пауза се додека не ми поминаа акните па деновиве ќе ја тестирам пак и ќе се самоцитирам на мојот пост ако забележам дека акните се од пудрата..

    Цените на двете пудри ги земав со 20% попуст , и двете по 25 евра

    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На duffi, Sexybaby86, Mishela и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.047
    Допаѓања:
    81.435
    Пол:
    Женски
    @koritsaki, може да ми кажеш која нијанса ја зеде од течнава мудра на MAC? Ќе доаѓам наскоро накај тебе, па сакам да ја земам, ја мислам одамна, поготово затоа што ја споредуваат со Ревлон (од дрогериските брендови), а мене Ревлон ми е ко Светиот Грал. :D

    Ја видов фотографијата во Вашата шминка низ слики и морам да кажам дека ептен ми се допаѓа како ти прилега на лице и нијансата ти е одлична.
    Плус, многу ми е убаво вака кога има некој по кој се ориентирам со нијансите, секогаш ни се погодуваат исти нијанси, па убедена сум дека нема да утнам со MAC-от.
    Не дека нема да пробам, ама да си скратам маки да не лутам по светлите нијанси. :)
     
    На CameliaMiller и koritsaki им се допаѓа ова.
  13. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.750
    Допаѓања:
    107.207
    Пол:
    Женски
    @Mishela фала ти :) мојата нијанса е NC15 , има и NW15. NC15 ми се виде подобра на мојот тен некако понеутрална па затоа таа ја земав. Можеш да ја пробаш и fix fluid и таа е за масно лице ама е потешка од оваа пролонгвеар и таа ја имав користено лани , истата нијанса NC15 ( од оваа пудра има и NC10 таа е уште посветла ) ама оваа нијанса шѕо ја користам мислам супер ќе ти е. :)
     
    На Hipster и Mishela им се допаѓа ова.
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.047
    Допаѓања:
    81.435
    Пол:
    Женски
    Фала ти многу. Fix fluid ја имав и јас и одвај ја трошам да ти кажам, баш од истава причина. Малку ми е потешка и ми го заморува лицето, па мислам дека ќе ми биде супер по некоја година и ќе и' дадам шанса тогаш.
    Ќе ја земам оваа, па ќе споделам импресии. Со душа чекам. :)
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.002
    Допаѓања:
    10.329
    Не знам каде да го поставам прашањево, па изгледа најубаво тука.

    Во моментов ја користам Catrice HD и имам многу пофални зборови за пудрата кога е нанесена со блендер или четка. На кратко - нијансата ми е погодена, долготрајна е, не ми прави иритации, не ја осеќам на лице и тн. Единствено ми пречи што е некако многу мат, а јас во принцип сакам кога лицето има убав сјај.

    На инстаграм доста често ги гледам оние сувите масла во пипети, ама не знам од каде да тргнам и што да барам.
    Доста често се појавуваат неколку различни од Farsali, ефектот што го даваат е баш она што ми треба. Пробал некој, нешто да препорачате? Овие конкретно се околу 50 евра, ама не ми е проблем толку цената, само да е добро. Секако добредојдени се и поевтини варијанти :makeup:

    [​IMG]


    Инаку назад на темата, во потрага сум и по убава, долготрајна пудра што би можела да ја користам и за целодневни настани. Катрисот иако е добра некако немам толку верба во неа. Важно ми е да покрива убаво, да има природни нијанси, да издржува високи температури, да не се пресликува и нормално да е долготрајна.
    Ја читам @Hipster со дермаблендот и ми фаќа око, ама ми е страв да не е премногу тешка и сува. Исто и за ова не ми е толку важна цената, колку квалитетот.
    Знам дека доста е фалена и Double Wear, ќе размислам и за неа.
    Ако имате некои испробани предлози би било многу фино. Инаку имам комбинирана кожа.
     
    На buba4e89 и Hipster им се допаѓа ова.
  16. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    @Giovanna тестер му е мајката. Мене ми го дадоа во аптека. Скроз фина беше жената, рационална, самата си кажа зашто да фрлаш пари за нешто што не знаеш дали ќе ти одговара. Ми даде дури 4ри тестери, два од dermalend и два од dermablend 3D.

    Искрено мене многу ми е вештачка. Не тешка, туку многу покривна и како што кажам се осеќав ко порцеланска кукла. Конечно после години шлапање со пудри по кило на лице сфатив дека најубава сум со малку пудра на мене. Ми ги нагласува порите. Може е до мене не знам. Таа третата на Виши ми е најубава зашто е лесна и средно покривна.

    Зависи што бараш и што ти треба. Ако ти е за висока покривност дефинитивно или дермаблендот 3Д на Виши или онаа на Есте Лаудер, покриваат лузни. Само сметам дека за наши години се ту мач. Есте кога ја гледав во Америка продавачката ми се изнасмеа во лице, ми рече да не се глупирам дека е за возрасна кожа. Не дека сме 18 годишни ама зашто на 25-26-27 да се гипасаме со толку тешки пудри ако реално немаме потреба.

    Пробај, спореди, не давај пари на празно.
     
    На Len@82, buba4e89, koritsaki и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.002
    Допаѓања:
    10.329
    @Hipster тенк ју!

    Многупати имам барано Виши тестер по аптеките и секој пат немаат. Не знам дали јас барам во грешни аптеки или што е работата. Ми викаат пробај си тука. Не можам да се распослам на сред аптека со четки, блендери и глупости. А пудра нашлапана со раце не е меродавно каков ефект дава вистински.

    Во однос на покривност...греота е да се жалам дека имам нешто премногу за покривање. Освен ценетиот подочњак, другото е стакло. Ни црвенило, ни акни, ни флеки. Не сакам фул покривност, повеќе сакам нешто убаво и долготрајно. Искрено за Есте немав претстава дека е до толку покривна, но многу ја фалат за издржлива и каков ефект дава.

    Сепак пред да шлапнам толку пари секако ќе најдам некој начин да пробам. Ќе одам наскоро и до Солун, можеби ќе најдам нешто добро и таму, ама не ми се бара игла низ сено, мислев прво некоја препорака да читнам.

    Инаку и јас имам приметено кај мене, полесни пудри најубаво ми прилегаат. Не сакам пори да се познаваат, ниту сакам прашкаст, мат ефект. Ама досега не сум налетала на таква поприродна, а долготрајна...секогаш нешто ми фали. Е сега да бидам искрена, повеќе од 1000 денари немам дадено за пудра до сега, па затоа решив да зголемам лимит, па да играм на карта колку пари - толку музика.
     
    На do-re-mi, LollySky, crazylady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. boci79

    boci79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2017
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Devojki dajte nekoj predlog za pudra..sakam da e sjajna,pogodna za leten period,da izgleda prirodno koga ke se nanese,da ima dobro pokrivanje.(do 1500 den).:*:*:*
     
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.101
    Пол:
    Женски
    @Giovanna и јас го сакам тоа на Farsali многу го фалат, за цело лице е.
    И јас би дала 50 евра ма да имаше и помала цена за нешто 30евра 30 мл, ама како би нарачала не знам.

    Инаку @Hipster од која аптека ти дадоа тестери за Вичи?
     
    На Giovanna му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Аптеката во зебра.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.