jas od pudri takvi stvari mi se cini deka ja najdov najdobrata dosega (iako gi nemam isprobano site mozni pudri ) bb krem nutra effects matte od avon.mi se cini deka podobra nema
Пофални зборови за пудрава. Не се сеќавам кога последно сум купила пудра која не е воопшто скапа а да покрива многу добро. Се решив да ја купам откако видов една феминка имаше напишано пофални зборови за истата тука. Се изненадив од цената 290 денари ако добро се сеќавам од Еликсир Веро Џамбо. Јас ја имам најсветлата нијанса ( имам светла кожа ) но за во лето најверојатно ќе треба една нијанса потемна. На сликите испаднав бледа но искрено скоро воопшто немав ставено камена. Но, со оваа пудра дури се двоумам и дали воопшто да користам камена ( некако не чувствувам потреба). Како што на неа пишува најдобар ефект се постигнува кога се нанесува со блендер. Првите неколку пати сфатив дека треба брзо да се нанесува затоа што се впива доста брзо за да не се исуши така на лицето. Не се чувствува маска ефект или некаква непријатна затегнатост на лицето. Навистина е долготрајна , во текот на денот воопшто не ја корегирав. Имам комбинирана накај мрсна кожа склона на митесери и акни. Вреди за секој денар можам да кажам многу подобра од некои пудри за кои сум платила и повеќе од дупло. Немам приметено никакви лоши ефекти на мојата кожа а ја користам скоро еден месец.
Наjискрено, не ми се допага воопшто. Ниjaнсите се многу портокалови, тешка е, а и составот не и е на природна база како што би требало да се минералните.
Ја имам пробано, не е лоша, средно покривна е и не е баш мат,сепак за брзо време светнува лицето. Според мене за нормална кожа за преку ден е сосема ок.
Јас ја користам оваа пудра на Лореал и стварно се што можам да кажам е само пофални зборови. Ја земав од Космо во ГТЦ беше 720 денари мислам во нијанса 20 sand има многу нијанси од основните има направено и како меѓу тенови прекрасна е. Не е тешка , еднаш штом ја нанесеш брзо се впива и останува така , не "протекува" со фактот дека имам комбинирана кожа што значи дека на некои делови ми е мрсна. Има мат финиш и најмногу што ја имам носено е 16 часа и нема никаква потреба да се става камена пудра или да земете со вас beauty blender за да ја блендирате на секои 3 часа. Топло ви ја препорачувам
И јас сум прилично задоволна, освен фактот дека најсветлата нијанса која ја има кај нас - 11 vanilla, мене ми е темна.
Јас ја користев порано. Не е лоша,средно покривна и не е трајна баш. Солидна е за во зимо, а баш во лето брзо ми спаѓаше.
Јас имам пресува кожа, пудрава ја користам подолго време и многу ми е погодена, лесно ја чувствувам на лице не ми прави dry patches и не се вади долго време. Пред да ја ставам пудрата ставам слој на крема од невен можеби затоа не ми се суши лицето.
Погодна е за секој ден? Ревлон си ја имам дома, не ја менувам за ништо ама па многу сум зациментирана за преку ден и барам нешто полесна верзија.
Да да јас цело време ја користам, за секој ден ставам по еден слој а за прилики коа ми треба по два слоја еден врз друг ставам дури и така изгледа супер.
Другарка ја користи, таа има многу мрсно лице, и после 1-2 часа, веднаш светнува. Не е нешто трајна. Ако ти е комбинирано лицето, не толку мрсно, ќе ти биде сигурно супер.
Revlon colorstay донеле ново пакување во Космо (разликата едвај видлива) и ја поскапеле од 690 на 990. Каде ја има пудрава освен во Космо?
Оваа на Ревлон со пумпица оддамна е во продажба и е поскапена , да. Ја има и во Зегин ама незнам таму колку е