Фала ти многу на одговорот Баш ме израдува за ова дека не е масна и не се чувствува на лице. Имам проблем со кремите со висок фактор, така непријатно и тешко ги чувствувам на кожата, толку се исфрлам од нив посебно на местата од лицето на кои се потам, ужас. Ја гледав и онаа на Carroten, ама Eucerin повеќе ми фаќа око
@Avery, Има и од Freezyderm cc крема со spf 50, а од природните тонирана крема со spf има од Еco Cosmetics, ама не сум ги пробала, чисто да ти отежнам избор На самата Еucerin пишува дека е некомедоген, наменет за осетлива кожа и со мат ефект, сепак се уште немало големи горештини за да видам како тогаш ке се покаже матот. И да има потреба сепак може да се стави камена пудра на Т зоната, наjважно е дека е лесна и не поти
Девојки некоја од вас има користено течна пудра на NYX? Ако да, споделете искуство. Гледам ги донеле во градов, па да ја сменам ревлонот, да пробам нешто ново.
Ништо посебно, просечна драгсторска пудра. Ако ти прави мерак, пробај ја, не е нешто што не би го препорачала да се земе. Средно покривна е, ако имаш чисто лице, би ти одговарала. Која им е цената овде? Јас од cherryculture сајтот ја порачав пред 2-3 год и се чинам 12-13$ беше.
Мене не ми одговара оваа пудра воопшто и навистина не би ја споредила со Ревлон. Со Ревлон не ми се појавува масен сјај низ лицето со часови дури, а со City Radiance почнувам да сјаам веднаш, по неполн час дури. Не е за масна кожа. Air Mat не е лоша, ми се допаѓа и ефектот и трајноста. Малку се пресликува, но со фиксатор ми е сосема во ред. Нијансите се повеќе на жолто, единствено тоа можеби би било проблем за некои девојки, а другото е солидно. И често ги ставаат на акции до кај 500 денари, тоа многу ми се допаѓа, имаат ептен пристапна цена (на попуст), редовната е околу 700-800 денари).
По не знам кој пат се свртувам кон темава за помош. Ми треба совет за пудра за масна кожа, по можност со фул покривност. Ги користам овие пудри ама ни една не ми врши работа, најчесто не ми издржува до крај на работниот дел. Ми треба препорака за некоја друга, по можност да има избор на светли нијанси со жолт подтон. Веќе очајна сум
@SaNJaAaaAaa, си пробала пред нанесување на било која пудра да ставиш матирачки прајмер? Јас сум многу задоволна од матирачкиот прајмер на Голден Роуз. На топлово време ептен добро си ја врши работата и лицето ретко ми се масти во комбинација со Ревлон пудрата и плавата гел-крема на Балеа. Трио фантастико ми се за летово.
А што користиш од хидратантните креми, можеби таму лежи проблемот? Ти го препорачувам Алое вера гелот од ЕSI, има многу лесна, а воедно и хидратантна формула. Плус ептен е добар за комбинирана и масна кожа затоа што не ја масти дополнително. Можеш да го користиш како хидратантна крема, па да ставиш прајмер, па пудра. Или евентуално да си набавиш матирачки марамчиња, во ДМ имам купувано од Аура и од Есенс (околу 200 денари се). Многу ми се наоѓаат кога приметувам дека лицето почнува да ми сјае.
Ама новата Ревлон не ја бива Ги имало на акција во Зегин пред да ги донесат новите, 600 и нешто биле старите ама кој да знае. Мене ништо на Буржоа не ми одговара затоа те прашав така и си мислев.
Мене за лето must have ми е на Max Factor 3 во 1 течната пудра, и веќе трета година по ред што ја купувам за летно време. Има средна покривност до целосна зависи од тоа колку ќе нанесете, мат е и долготрајна ми е. Се надевам дека деновиве ќе имам време да ја објавам рецензијата на блогот, и со фотографија како стои на лицето. Инаку долготрајна исто така ми е на Rimmel Lasting finish во комбинација со Maybelline mat and poreless ги мешам двете и добивам некој полумат финиш предобро изгледа што и дечкоми што мрази шминка му се допаѓа таа комбинација.
Те прочитав дека не ти се допаѓа Ели и баш ми падна криво. Јас пред скоро ја почнав новата со пумпица, ама разлика не забележав. Нијансата ми е иста, покривноста, не ми делува сменета и затоа не прокоментирав ништо. Еве мене Макс Фактор 3 во 1 не ми одговара, многу брзо почнува да ми сјае лицето од неа и многу ми се собира во мимичките бори од лицето. Како да „испливува“ на површината од кожата по неколку часа. Воопшто не ми се допаѓа и ептен ме разочара, а гледам на Роуз и одговара. Можеби имам премногу мрсно лице.
@Mishela а не ти мава на розевко малку? За покривност незнам зошто еднаш ја нанесов а и одма кога ги споредив неотворена со старата се приметува мала разлика
Тоа заборавив да напоменам, сега кожата ми е нормална, некогаш имам мрсна т-зона ама ништо страшно. Затоа и Lasting Finish на Rimmel ми одговара иако е посјајна не ме први да изгледам мрсно. Maybelline самостојно не можам да ја користам многу ми ги истакнува сувите делови. Инаку кожата почна да ми се нормализира од кога почнав да го користам гелот на Avene за чистење на кожата, после 3 месеци веќе гледам голема разлика плус во комбинација со четката на Avon кожата многу ми е почиста од порано.
Ја користам кремавата од Неутрогена. А претходно ја користев од Афродита. Ставам крема, па прајмер па пудра. Не мислам дека е од кремата. И марамчињата тешко дека ќе ми вршат работа, бидејќи не е проблемот само во тоа што ми светнува лицето, туку пудрата ми ја снемува од кожата. Max Factor 3 in 1 не сум ја пробала, пред 1 ипол година ја користев Max Factor Skin Luminizer Foundation, ми беше океј, али сега не би ми вршела работа бидејќи имам проблеми со кожата па барам нешто попокривно.
Оваа Сити беше една од најлошите кои сум ги употребувала,Аир е подобра ама и двете не се споредуваат никако со Ревлонот.Вода може да им носиОд Ревлонот не светам и по 8 часа од ставање,не ми го иритира лицето,не оксидира.
Може ми е глупо прашањето ама сепак ќе прашам. Ревлон ја користите ли секојдневно? Оти зборев со другарка и ми рече дека не била за секојдневна употреба зашто имала јака текстура и лицето и се нафрлало со поткожни. Ваши искуства? Дали само на проблематична кожа делува вака или секојдневната употреба си го прави своето?