Девојки би сакала ли некоја од вас, која ги има користено овие пудри да сподели искуство. Би сакала да ја знам и цената Фала однапред
Јас сакам да ја купам деби мат солушн ако е околу 360 денари Споделете искуства за тоа за каква кожа е и дали е добра.
Ја користам на Deline течната пудра со витамин E,b6 i A супер е, не покрива се, но ја чуствувам како крем. Ама сакам да сменам, Може да ми кажете дали е добра Impala и отприлика која цена е?
^^^ Јас ја користам Импалата веќе неколку години си мешам 2 и 3 и ја добивам мојата идеална нијанса, мене ми е совршена и е поефтина од другиве... ама не некој не му се свиѓа, т.е не одговара на секој... и многу е потешка од делинето која доаѓа како крем, оваа е многу погуста. Цената е 180 денари.
Користам Импала подолго време и сум многу задоволна. Ја користам 3 и баш ми одговара па сега за сега не мислам да ја сменам.
сакам да ја сменам макс фактор,ми ја прпорачаа менхетен,ајде ваше мислење барам,за која од менхетен да ја одберам,и некое ваше искуство со неа
Па ако имаш комбинирана кожа или мрсна ти ја препорачувам оваа Поубава е од црната зошто е похидратантна и поубаво се нанесува,а ефикасна е исто,нема да светиш во лицето.
Jaс ја имам користено оваа на Менхетен и можам да кажам дека е одлична. Покрива, но е тешка пудра и тешко се нанесува без крем подлога. За секој ден е тешка, посебно ако ја држиш на тебе подолго време во текот на денот.
Баш затоа и ја препорачав таа другата,јас ја имам оваа и ми пречи тоа рамзачкување,а оваа новава е похидратантна,убаво покрива,барем другарка ми има исфрлено лице а кога ќе стави и е стакло,а и полесна е некако на лицето,ја имам пробано и јас и нареден пат ако земам менхетен ќе ја земам оваа.Чини 510 денари во јуник
Импала ни под точка разно! Користев 3 години импала 3ка и не постои пудра која подобро ги покрива недостатоците. НО, разговарав со една моја професорка, која е дерматолог и кога и кажав дека користам импала и се крена косата. Ја цитирам: ииииииииии Викторија! Никако импала! Содржи колаген еден тон. Сакаш да ти се збрчка лицето? Побрзо да остариш? Сега не гледаш промени, ама ќе плачиш по неколку години! Импалата можат да ја користат само жени над 35 години. Спојлер Колагенот и дава еластичност на кожата и нормално го имаме во составот на кожата (исто го има во витаминот Ц). Но кога вештачки, преку пудри и кремови внесуваме колаген, кожата престанува да лачи нормално и затоа настанува предвремено стареење и збрчкување на кожата.
Да покрива исто како црната,ти викам другарка ми има исфрлано лице со големи акни и стакло и го прави,е сега не знам колку мрсно лице имаш,јас имам комбинирано мене не ми треба ни камена пудра одозгора супер е цел ден трае.
цела тема ја превртив и уште незнам каква пудра да си купам... ја купив пред 1 месец мејбелине афинтоне се вика мислам ама одма лицето ми свети и скоро потрошена ми е... сакам пудра шо е за мрсна кожа за да не светам како улична светилка добро што ќе покрива а цената не ми е многу важна
Па земи си ваква убаво покрива и 420 денари е т.е. кај нас е толку за во скопје не знам колку чини и нема да светиш со оваа како улична светилка. Јас лично сум презадоволна од ова пудра убаво покрива супер е за мрсна кожа а гледам и феминкиве многу ја фалат. поззззззззз
Цените се движат скоро секаде исто. Од 420 до 480 денари. Овде кај нас изгледа најскапа е 480, дека мал град.. А на една другарка сестра и си ја купила од аптека таму е околу 360. Па прво проверете низ аптеките на Зегин можеби ќе има.
Купи си минерлана пудра во прав Артдеко или Мах Фактор..нема да згрешиш..ти треба само хидратантна крема за одоздола,малце коректорче и одозгора пудрата,ништо друго..трае цел ден,и сигурно ке ја користиш најмалку 3 месеци