@manja666 Јас имам многу чисто лице, а Ревлон ја користам секој ден веќе можеби три години. Имам само подочници и малку проширени пори кај носот, што е и нормално со оглед на тоа дека имам многу масна кожа. Повремено правам кратки паузи за да не ми се презасити кожата, ама не планирам да ја сменам пудрава дури гледам дека ми одговара. Мислам дека тоа најмногу зависи од самата кожа, не би се водела ептен по други искуства затоа што кај секоја е различно. @SaNJaAaaAaa мислам дека (колку што сфатив, имаш мрсна кожа, така?) пудрите кои си ги користела не биле баш најсоодветни за типот на кожа. Навистина не знам што е проблемот, особено со Катрис ХД. Или пудрите и кремите ти се премногу агресивни, па затоа кожата така реагира со прекумерно лачење себум. Види ја Фејсфинити на МФ - можеби тебе ќе ти одговара (мене ми е ептен слична со Лореал Инфалибл) или евентуално матирачката од Есенс. Можеш и 123 Перфект од Боржуа, многу фина пудра е и таа.
Тоа што пудрата ти ја снемува од кожата всушност наведува на тоа дека кожата ти е дехидрирана, и едноставно впива се што може. Не е поврзана дехидрираноста со маснотијата, може да имаш истовремено и многу масна а сепак дехидрирана кожа. Кожата преку лојните/масните жлезди се обидува да ја надокнади хидратацијата која и недостасува, затоа и поинтензивно се масти.. Потруди се некој период да внесуваш најмалку 2 литри вода дневно, и задолжително ставај секој ден хидратантна крема/гел, било што, може нешто на база на алое или со хијалуронска киселина ако имаш над 30-35 години.
Ама сепак мислам дека (особено кај масната кожа) кога се нанесуваат поагресивни матирачки продукти и кога се суши површинскиот слој од кожата, за да си го одржува природниот баланс, таа почнува да лачи уште повеќе себум. Така е и со мрсниот скалп кој се трудиме да го „нормализираме“ со агресивни шампони за таа намена, па косата изгледа уште поужасно од претходно. Јас овој проблем (покрај твоите совети кои се одлични и ги практикувам и јас) најмногу успеав да го надминам со употреба на алое вера гел како замена за крема под пудрата. Сега ја користам плавата крема на Балеа која има иста таква гел-структура и ми се допаѓа ефектот.
Се сетив, само што го допишав тоа Мене гел-кремата ме пече, веројатно поради алкохолот, а имам баш осетлива кожа , и баш ми е жал затоа што на раце чувствувам дека убаво хидрира. Дури и еден алое вера гел ме печеше, веројатно поради конзервансот цитрусна киселина. Со серумот немам таков проблем, а со алое вера гел сега се шлакам директно од листовите на растенијата, имам неколку на тераса
Јас да,Ако не баш секој 6 дена во неделата најмалку по 10 часа дневно.Не сум забележала поткожни и не ја ни осеќам дека ми е на лице,за разлика од Аура кавер ми,Менхетен во белото пакување за проблематична кожа и таа паштета во црно пакување која е претешка.
И јас си ја земав пудрава. Многу убаво мириса добра е, ама мислам дека ја утнав, земав 4. Малку е темна.
Редовна цена и е околу 800 денари во Зегин, ама сега е на попуст 20%, до 15ти јуни е околу 600 денари.
Која цена е сега Ревлон пудрата? И дали е иста цена во сите дрогерии? Освен во Cosmo на кое друго место ја има? Само што се вратив а заборавив да погледнам.
Пудра за секој ден, да не е тешка, средна покривност, до 300 / 400 ден? Ја користев essence stay all day ама има некако сивкаст тон а мене кожата ми е накај портокалово.
Не би рекла, јас ја користам а сум на пр. помеѓу 52 и 53 од Bourjois или 150 и 180 од Revlon. Мислам дека всушност е лесно прилагодлива, т.е. се адаптира и го изедначува тенот.