Мојот коментар е за CC кремата на Eucerin со spf 50, можеби мислиш на пудрата на Ревлон... Не знам за неа дали е на попуст, а не можам да ти предложам ни нијанса бидејќи тенот ти е малку потемен од мојот, можеби е најдобро да пробаш тестер
Леле да заборавив да пишам Ревлон. Јас ја имав 220ка и ми беше светла. 240 ја пробав во космо и ми беше супер на рака вака. Ќе ги споредам со 54.боржуа па ќе видиме.Фала сепак,извини што упаднав вака. Само не ми кажа дали е со пумпица 600 ден?
@buba4e89 , за кремата на Еуцерин ме прашуваш? Оти јас за неа зборувам цело време Ако е за неа, да, со пумпица е и е на попуст 600 денари, а за Ревлонот не знам.
Читам два дена на темава и пак ќе прашам. Не ме тепајте плис И не ми се смеете плис Имав/м нормална накај комбинирана кожа. Не користам пудра, освен кога мора на некои настани и тоа пак одам да ме шминкаат. Јас само со коректор и камена што фиксирам доволно ми е за секој ден. Е сега, се решив пудра да купам ама мозокот ми го направивте павлака со Ревлон, Римел, Буржоа, Макс итн итн. Сакам пудра што нема да ја осеќам оти ја имам на лице т.е. нема да ме "гуши", да не се познава оти имам ставено, па да личам на нектарина во фацава. Полесно, ама ете да прекрива малку, да не е до толку ко без ништо. Не знам дали фамозниот Ревлон ги има овие карактеристики..
Не знам дали ќе ти се допадне Ревлон. Не е воопшто тешка пудра (барем мене не ми е, ја користам секој ден), меѓутоа не сум сигурна за кој тип да ти ја препорачам. Дали онаа за сува или пак другата за комбинирана и масна кожа. Ако немаш многу масна Т-зона, јас ти ја препорачувам Мax Factor Lasting Performance. Или пак, да ја пробаш ЦЦ кремата од Боржуа. Мислам дека таа најмногу ќе ти одговара затоа што ги опфаќа баш карактеристиките кои си ги навела како битни, а нема таква формула која се топи на високи температури, а пак изгледа доста природно на лицето.
Јас би ти ја препорачала ББ кремата на Гарниер, Pure active.. Се изненадив од покривноста, башка може да се појача покривноста со камена пудра.. Си ја користам секој ден, понекогаш и за вечерна шминка
Епа ни горе ни доле сум со дефиницијата на типот на кожа и самата. Некогаш коректоров што го користам (Catrice течниот) на брадата ако ставам ако имам некој рог поткожен како лишајче и ко да ми се лупи кожата ми се прави, па го бришам и шетам со рогот. ЦЦ кремата пред 2 години на тестер ја пробав и ми се допадна. Арно ме потсети да ја ѕирнам пак.Туку што цена и кај да си видам најдобро? @marta993 И неа ( не памтам точно која ама од Гарние ББ беше) ја имам пробано пред 2-3 години и ко да ми го потеше лицево. Ја осеќав на мене.. Ми жежеше кога ја ставав. Па заврши во канта цела тубичка. Оти сум вака проблематична, затоа година и пол немам пудра купено.
@Antolinaa ЦЦ кремата на Боржуа е околу 700 денари по редовна цена, меѓутоа често ја ставаат на попуст и може да се најде негде до кај 500 денари, што за бренд како Боржуа е дури и евтино. Многу добра пудра е, велам пудра затоа што споредена со други ЦЦ креми има навистина поголема покривност, а дава одличен ефект на лицето и не делува вештачко.
Девојки хелп Имам прилично чисто лице но екстремно мрсна кожа ..Имам користено лореал инфалибле кетрис хд мејбилајн матте енд порелесс но од никоја не сум задоволна многу брзо светам во лицето почнува да ми ја снемува пудрата да се брише..Користам и матирачки прајмер на кетрис но џабе ништо не помага ..Секаков совет дали за гел,подлога добра пудра и било што е добредојден Благодарам
А да ја пробаш Catrice HD Liquid coverage foundation? Воопто не е тешка, нема густа структура и доволно покривна е. Мислам дека ќе ти се допадне.
Јас ја имав и ич не ми се допаѓаше. Многу е мрсна пудрава а со покривнист можеби средна , не би ја купила пак
Се сложувам со @Deadhalf пудрата воопшто не е за комбинирана кожа,тие што имаат сува можеби ќе им одговара.Ја порачав и ене си седи во фиоката.