Знае ли некој дали и каде може да се најде пудрава на MAC со шифра Nc 15 Studio fix fluid по цена помалку од 2000, зошто скапо ми е :/ Или некој тестер?! :/
@koritsaki, јас убедливо сум посветла од тебе. NC15 ми беше доста темна, ја одбрав NW13. Среќа не ми менува многу дали е со ладен или топл подтон, тенот ми е таков прилагодлив, ептен сум неутрал. Не изгледа розово на лице, првиот впечаток ми е ептен позитивен, иако признавам дека дури ја нанесував на лице се разочарав оти ми се виде некако доста glowy и се запрашав - за ова ли даде толку пари, требаше да ја земеш студио фикс. Ама се фиксираше за некоја минута и нема гајле. Повеќе впечатоци за некое време. Ептен се изненадив од нијансите сепак, задолжително да се проба пред да се купи.
Ги прочитав последните 20 страни и пак не знам која пудра најмногу ќе ми одговара. Значи ми треба пудра која е средно покривна но да е лесна на лицето. Имам комбинирана накај мрсна кожа, склона на акни и митисеи. Барам пудра која ќе можам да ја носам самостојно преку ден без да светнам, за навечер не е проблем и ставам камена. Не користам крема за лице, туку Clarifying Day Oil на Dr. Hauschka. Ги разгледав сите Air Mat Bourjois, Bourjois City Radiance, Bourjois CC cream, Bourjois 123 perfect и не можам да сумирам која пудра најмногу ми одговара. Па еве нека и некој друг бренд, не мора Bourjois, битни ми се карактеристиките. Прочитав и дека essence camouflage 2 in 1 е добра, но повторно не сум сигурна. Навистина ми треба помош.
@Mishela прочитав вчера дека си ја купила , со здравје да си ја користиш да , среќа што има доста нијанси за избор па секој може да си најде. Леле NW13 таа е ептен светла. На почеток е glowly ама за брзо време мат станува и потоа нема шанси да се корегира треба брзо нанесување
Женски, имам суво лице до тој степен да ако стам малце поуста пудра (минералната на алверде) ми се прават ко трошки на фаца (нешто како cake face) и нема шанси да се избленда. Ја користев ревлонот и добра е ама некако не сакав да ја ставам за секој ден поготово преку лето. Си ја земав бб на гарниер и покрива се океј и после некои 3 4 саати се видов светната у фаца шо никогаш порано не ми се случило. Е сеа, да ја мењам бб или да си земам камена па со неа да корегирам?
Девојки, колку за информација повторно ја вративме во продажба пудрата Healthy Mix Serum, само нијансите 52, 53 и 55. Може да ја најдете во Анабела во Сити Мол, Охрид и Битола. Лесна покривност, одговара за многу сува кожа..
Катрис со прозирно капаче, Римел стеј мат, а ако сакаш попокривна на Менхетн, двете што ги имам се добри.
Мене Ревлонов на @Mishela ми се погоди, само што некогаш мојава кожа не го сака и како шљакатарник изгледа малку е течна формулата, тоа е минус од моја страна. Со два слоја има супер покривност. Можеби дека го имам тој за мрсна кожа, а комбинирана имам - суви образи, мрсен нос. На носот не користам пудра ич, само коректор. И онака имам пеги кои ги нејќам Е, камена најдов совршена. На Макс Фактор буф пуф ич не ми текнува во моментов, значиии убавина е. Дајте идеа за коректор. Го корисам Афинитон, ама би го мењала за поарен Подлога на Катрис користам, добра е, ама се мислам да ја дотрошам и да се апгрејднам. Убава пудра ми е и Flawless на Авон, секојдневна @Rose96 мислам беше љубител на МФ, па нека каже препорака за нивна пудра, освен пан стикот, чуден ми е.
Некоја да ми помогне? @koritsaki @Rose96 @marama @Mishela мислам дека вие имате мрсна кожа? За пудра планирам да дадам околу 1000 денари.
@Rebecca_R моментално дома имам: Аура, Bourjois, Ревлон, Ингрид, МФ и Катрис ХД. Најзадоволна сум од Катрис, цел ден ми стои на лице, малку блеснувам после 7,8 часа ама тоа зависи од подлогата. Најнезадоволна сум од Ревлон, не ми легнува убаво на лице, особено на носот. Ете сите се задоволни од неа ама мене не ми се погоди.
@Rebecca_R Јас сум најзадоволна од Буржуа пудрите , 123 перфект и Аир мат можеш да пробаш тестер и двете се за масна кожа. Ревлонот и мене не ми се погоди последниот пат ми стоеше ко маска на лицето
Колку пари е Катрис? Ревлон користат во козметичките салони и сум користела само со комплетна шминка, со прајмер, коректор, камена, хајлајтери и фиксатор, па не можам да одлучам дали навистина е тешка за преку ден или таков впечаток имам поради останатите продукти. Која од овие две е попокривна? Фала ви.
@Rebecca_R Ревлонот има средна покривност, не е мн покривна , Буржуа 123 перфект исто така , Аир мат ми е најпокривна од сите и е малку потешка од другиве само нијансите се малку чудни 01 е малку темна ама јас сум доста светла , имаат тестери ќе си видиш
Женски Пред да ја користам пудрата Rimmel stay matte имав екстремно мрсна кожа. После неа почна да ми се лупи носот и образите ама мислев штом престанам да ја користам ќе помине и си купив на Seventeen matte plus, Manhattan во црната туба, ама не престана. Пред пудрата го чистам лицето, и ставам хидратантна крема, но тој проблем, конкретно со носот не престанува. Грдо изгледа, како гнасен, сув А после 2,3 часа се мастам, светнувам до тука и назад И сега не знам каква кожа имам, ваљда комбинирана, најмногу се мастам во Т-зоната . Предложете ми некоја пудра, со средна покривност, како за преку ден, не сакам тешки. Буџет 700 денари .