Ја немам користено, но мислам дека @senza.parole ја користеше, па ако не грешам ќе ти каже некој коментар кога ќе види.
Jac наjрадо би само со ЦЦ крема, ама аj Во право си, вероjaтно Catrice е наjлесна. Не ми текна за подлога воопшто, ете и тоа ке помогне. Ке ja понесам и Essence All about Matt белата компактна, би требало и таа да врши работа. Ги немам носено пудриве денски по вакво топло време, затоа ми требаше помош, благодарам!
Јас денес ја носев Ревлон цел ден во ваков состав, ама мене Ревлон ми е навистина супер за секојдневно користење и обично секогаш сум обратнопропорционална со пудриве, па затоа ти ја предложив Catrice. Мене таа ми е премногу сува кога ќе се фиксира, а имам и чувство дека лицето не ми дише. Да се вратам на „составот“ - хидратантна подлога ми беше гел-кремата Балеа (новата, во минт пакување), па нанесов фиксатор, течна пудра, камена и фиксатор. Целата шминка од лицето не ми мрдна, го корегирав само носот еднаш или два пати (натапкав само со обична палома). Ама тоа не го сметам за нешто страшно, со оглед на тоа дека имам премногу масна Т-зона. На друго место не светнав и тоа ми е ептен успех на денот.
Да, гел кремата, е па и jac ке ja употребам како подлога. Не ставам фиксатор пред Catrice, не знам како ке легне, немам баш искуство со фиксатор. Мене пак Ревлонот ми е потешка некако, Catrice ми е супер и во зима кога ми е посува кожата. Наjмногу се мислев за Лореалот. Да, ке ставам камена па фиксатор, би требало да е ок. Jac наjмногу се потам над горната усна и ептен ме нервира тоа, си го бришам карминот кога корегирам
@LollySky, стави малку фиксатор и откако ќе нанесеш кармин. Мене ми помага карминот подолго да издржи и не се брише толку лесно. Пробај, па ќе кажеш како ќе пројдеш со Catrice. Јас за жал не можам да си најдам соодветна нијанса, а и формулата не ми одговараше баш (лицето ми изгледа премногу суво и со најхидратантната подлога која ја имам ), па ја баталив. Додека ми одговара Ревлон ќе терам со неа, па повремено ќе ја „одмарам“ кожата со други пудри.
Истава дилема ја имам и јас, иста ситуација. Со тоа што Катрисот ја користам секој ден, денес ја пробав Ревлонот преку ден, одамна ја немав ставено, а најчесто ја користам за свечени прилики. На температурава од 38 степени денес, не ми мрдна и дури пред саат време ја извадив. Така да, јас ќе ја изберам Ревлонот за утрешната шминка за свадба. Надополнето: ок, сеа глеам дека каснам цел ден со муабетов
Која е пидобра пудра deborah или bourjous 123perfekt ..Сакам да е покривна но да не е ко паштета на лицето
Збор, два за пудрите? Користам моментално Aura cover me, онака е, не сум ни задоволна, ни незадоволна. Избегнувам да ја користам денски, некако ја осеќам тешка, додека пак покривноста за таа цена и е задоволителна. Иначе имам комбинирано лице, со мрсничка т зона и не знам што би ми одговарало највеќе, не сум искусна со пудрите воошто, а не ми се фрлаат над 400-500денари за пудра. Ограничен буџет. За есенс имам слушнато пофални зборови од другарка која ја користеше, али некако ме привлекува и оваа на катрис и гр. Поготово кога видов дека некои членки сеа брзо ја купија од гр, си реков да прашам бидејки од нивните производи сум задоволна прилично. Првично најбитно ми е после одреден период да не ми се познаваат сите линии на лицето, да не се познава како рапава површина на лицето кога ќе ја нанесам( мислам знаете за што зборувам и ептен е грдо одблиску кога ќе се загледам) и да има покривност бидејки имам пеги и мозолчиња кои сакам да се покриени. Трајноста не ми е многу многу битна, доволно ми е за едно излегување од 2/3 часа да издржи, не барам за цел ден да не ми мрдни. Совети?
Catrice одлично се покажа, како подлога ja имав новата зелена гел крема на Балеа а фиксирав со белата компактна на Еssence All about Matt, коja ja носев со мене но скоро и да не ja употребив. Сигурно и Ревлонот е добар избор така да се е работа на лично чувство, мене ми е некако потешка од Catrice. @christinnn, немам искуство со другиве две пудри но Catrice ми е задолжителна, jac ja имам во две ниjaнси, си правам од нив идеална ниjaнса и за зима и за кога малку ке фатам боja па дури и си го контурирам лицето со неа, според мене неопходна е бидеjки е многу лесна а сепак покривна, мислам дека и тебе ке ти се допадне.
@christinnn Јас би ти препорачала да си пробаш тесер, затоа што секоја пудра различно седи на секое лице. Инаку гласам за кетрис, ја имам и можам да кажам дека е прилично лесна на лице и солидно прекрива. А за прекривање на акните можеш да си го земеш и камуфлажот на кетрис и ќе имаш супер комбинација.
Еве сум. Ја користев лани летото, да. Ми се допадна тоа што кога потемнев имаше широк спектар нијанси од кои можев да бирам, а и цената солидна, па што да не. И на вештачкото светло во Сити Мол успеав да си погодам нијанса, 14-ка топ ми се вклопи со тогашниот исончан тен. Е сега, пудрава иако не делува тешко на лице, не се суши брзо, има простор за "работа", сепак светнува после нецели два часа. Иако, добро е тоа што не се брише, не исчезнува, али ефектот испотено лице ми е но-но. Пре би ја препорачала на некој со комбинирана/нормална кожа, отколку мрсна. Него жени, шо ќе се прави сега со исончаните тенови? Јас одново се заљубив во Catrice, ал' нема нијанси бре. Ќе се купува MAC Studio Fix Fluid ми се чини...
Јас прашував тука пред некој ден за искуство со пудрава од Golden Rose. Ја купив вчера, број 06, во Рамстор. Колку што успеав на тоа светло да одберам нијанса мислам дека ми е ОК, па ќе видиме, уште не сум ја пробала. Ја зедов и камената пудра од истата линија, исто број 06. Имам нормална кожа, до комбинирана во Т-зоната, па ме интересираше мислење од искуство. И онака не користам за секој ден, по цел ден пудра, битно ми е за одредени моменти, по 2-3 часа максимум да ми издржува, и најважно да немам чувство како на лицето да сум мачкала паштета. Фала ти за мислењето, ќе видиме како ќе се покаже на мене
здраво, предлог пудра за мрсно лице, сакам добра покривност и барем 5-6 саати да не ми мрдни или светни лицево, цената барем до кај 1200, и ако можи некоја лесна )))) за горештиниве...последно радиант ја користев па горе долу задоволна но би сакала др да пробам, ревлон ја имам користено...
Кaкo знaете кoи пудри oксидирaaт? Штo ефект е тoa? Мнoху е штетнo? Прв пaт прoчитaв. Некoј дa дooбјaсни