@koritsaki Знам дека си обожавател на Боржуа пудрите, која од нив би ми ја препорачала за сува кожа? Очајно си барам пудра, кожата ми беше мрсна, сега ми е екстремно сува, посебно на носот, не знам што и е
За сува кожа од Буржуа се Healthy mix ( можеш да ја побараш и Хелти микс серумот , @Madlina пиша овде дека ја донеле повторно во Мк) или City radiance јас ја имам пробано хелти микс обичната верзија и можам да кажам дека е преубава ама штета што за мојава масна кожа не одговара. И многу убаво мириса
Јас имам многу сува кожа, само Healthy Mix Serum ми одговара, дури и обичната Healthy Mix не ми е добра.. Од HM Serum има единствено во Anabella во City Mall, во Битола и во Охрид..
Тие што сте ја користеле Ревлон пудрата ќе ве молам да ми препорачате која нијанса да ја барам? Имам доста светла кожа. И која цена е отприлика? Инаку имам комбинирана кожа.
Искрено веќе 3-4 години немам купено ни ставено пудра и не сум во тек , па да ми препорачате некоја за многу светла кожа а и со заштитен фактор да е ? И да не содржи многу хемикалии сакам што по natural effect .. .
Види ја 150, мислам дека би ти одговарала. Евентуално 180, ама мене таа ми е многу темна, светла сум и јас. 110 е пресветла, 150 би требало да биде во ред. Имај предвид дека во Зегин е најевтина (~790 ден), ама немаат тестери. Пробај ја во Космо или во некоја друга дрогерија, купи ја од Зегин.
За каква кожа , масна / сува? Ако имаш сува кожа пробај ги на Алверде пудрите , тие се со природен состав. А заштитен фактор не сум сигурна дали имаат. За мрсна кожа не одговараат за жал
Околу 850 ден и на тоа има 20% попуст.. Ама ги има само нијансите 52, 53 и 55, најсветлата и најтемната ги нема..
нормална (комбинирана) , сакам мат изглед да ми даде но најважно од се ми е да е природна, да нема многу хемикалии оти било што да ставам и некои креми што сум ги користела ептен скапи но имаат некој тежок хемиски состав лицето одма ми црвенее па сакам некоја со полесен состав .. Фала однапред
Овие две пробај ги , оваа ми беше ок ама јас бидејќи имам масна кожа не ми траеше толку долго на лицето а оваа пудра во прав исто од Алверде мн убаво матира , а плус евтини се заедно се околу 500 денари така да нема што да изгубиш и да не ти се допаднат креми исто така имаат Алверде за комбинирана кожа е таа со јаболка и лимета , можеш неа да ја пробаш над 180 денари не е цената @Anacid
@Anacid, можеш да ја погледнеш и пудрата од Дебора. Ја има во Космо и околу 500 денари е, а ништо чудно да ја најдеш и на попуст - речиси секогаш е намалена. Нема да ја утнеш, во тубичка е, испишана со зелено на неа.
Не би ти ја препорачала. Има слаба покривност и две бои кои мала е шансата да ти одговараат. Лицето свети одма и ако добро се сеќавам ми оксидираше доста. Подобро види ги тие на Алверде.