За исончано лице користете пудра? Имам чисто лице, сега се исончав и пудрава ми е посветла, се мислам за нова, потемна. Или да одморам малце од пудра? Како практикувате во лето кога имате веќе боја?
Јас не потемнувам многу во лицето, па во лето многу ретко менувам нијанса, си ја користам истата пудра. Не ми дели од тенот, затоа што и вратот не ми фаќа многу боја. Единствено нанесувам малку повеќе бронзер и понекогаш една нијанса потемна пудра во прав, во многу тенок слој преку целото лице. Сега откако излегоа тонерите за пудра на Алверде не се замарам воопшто - секогаш можам да си ја корегирам нијансата на пудрата без да ја заменам.
Не знаев дека постои ваква работа. Ама пак, пудрата ми е на Есенс, сакав Артдеко, може и да ја сменам. Ќе знам веќе за пигментот, ама ептен боја добив, а ќе се сончам уште.
Па до 600/700 ден. Но ако има некоја квалитетна под цената која ја пишав нема проблем препорачај но да не е многу скапа. (и да не биде од фирма која е тестирана врз животни)
Одиме со други предлози. Не сум баш во тек со новитетите кај Есенс, ама можеш да ја видиш матирачката пудра - некаде околу 300 денари беше и за таа цена и за тој тип на лице, тешко да најдеш нешто подобро. Извадија и некоја нова пред извесно време, мислам дека е нешто како 2во1 пудра и коректор и мене многу ми се допадна и таа, исто околу 300 денари. Јас бев многу задоволна, многу лесна и покривна пудра за секојдневна употреба. Можеш да ги видиш овие две. Spoiler: Есенс И Гош имаат нова пудра со пипета, нешто како „копија“ на пудрата од Catrice претпоставувам, но има фина текстура и одговара на комбинирана кожа. Со добра подлога, мислам дека може да помине и кај масна кожа. Пак тоа зависи од типот на кожа, види дали ќе ти се допадне формулата, а цената не ми текнува која беше. Мислам дека ми останало во сеќавање некоја цена од 400-500 денари, ама навистина не сум сигурна. Ја имав гледано во Космо зимава. Spoiler: Гош
Редактирав, мислам дека сега би требало да биде во ред. Инаку станува збор за Foundation Drops пудрата на Gosh, можеш да ја погледнеш и неа во Космо па да видиш дали ќе ти се допадне. За комбинирана кожа е навистина океј, за масна мислам дека ќе мора со некоја скроз мат подлога.
Јас користив севентин велвет и бев задоволна ама сакам по покривна пудра сега земав на артдеко ликвид камуфлажната и супер ми е.
Предлог за некоја добра течна пудра со голема покривност, за комбинирана кожа со многу масна Т зона ама за проѕирно бела кожа затоа што сум страшно бела и да не биде тешка на лице и од километар да се познава туку убаво да стои и да не го дава оној "cakey" изглед со цена некаде до 500 денари, читав нешто за таа на римел стеј мат ама не знам дали е доволно светла и добра дека некако евтина ми изглеа помош...
Види од пудрите на Голден роуз во мат стаклено шишенце има доста светли нијанси од пудриве. Јас ќе ти ја предложев на Буржуа 123 перфект само малку е поскапа ама често ставаат попусти , види случајно да не е на попуст
Loreal Infaillible pro-mat (има една и 24h) Цена околу 600-700 денари. Лично ја немам пробано, иаку се мислев да ја земам, ама веќе имам 5 ни до пола потрошени пудри и решив да ја остаам за друг пат. Читав ревјус и многу мејк-ап влогерки ја фалат и користат за мрсна кожа. Ако некој ја користел нека пише, и мене ме интересира
Јас ја пробав само, не е нешто уау покривна, али е баш мат. Не ја купив поради нијансите, најсветлата мене ми е темна и е со розев подтон.
Лореал кај нас имаат убедливо најлош избор од светлите нијанси. Дури и "најсветлата" ванила е прежолта. Или се многу жолти или многу розеви. Баш штета, оваа е навистина солидна пудра, ама нијансите покрш не можеле да бидат.
@Hipster јас ја имам пробано оваа верзија на Лореал ама нијансите ми се мн темни и портокалови , и моето лице е мн светло и најсветлата нијанса 11 ми е темна. Единствено во летно време од Лореал ок ми беше Тру мач пудрата во врска со нијансите
Тру мач баш ја сакам, и јас ја користев само кај нас не ја носат веќе. Сега имаат нова, ја купив и таа пред некој месец крем пудра е. Многу убава нијанса, ама најмат не е баш.