Иако многу ретко користам пудра , користам од Макс Фактор течна пудра и коректор во вид на четкичка е. Инаку пред некое време со пудрата имаше акција даваа гратис камена пудра..се користи како последен слој , откако ќе ја ставиш течната пудра за лицето да ти изгледа 100% мазно. Многу сум задоволна од Макс Фактор пудрата..исто како да немаш ништо на лицето.
Јас ја користам моментално и сум многу задоволна. Ама во однос на покривањето , бидејќи јас имам чисто лице, не можам да ти кажам дали покрива или не. Користам пудра колку да ми го изедначи тенот и толку. А , оваа многу ми е погодена и на кожата и на тенот. Така да , сум задоволна.
А ме интересира за пудрите Debby, која од двете е подобра за комбинирана кожа? Ми треба некоја средна - ни многу лесна (бидејќи тотално ништо не ми покрива), ни многу тешка, бидејќи сепак поголем дел од денот планирам да ја носам на лице, меѓутоа не сакам лицето да ми свети ко сијаличе...
^^ Ја отупевме за пудриве. А од одговор, ни трага- ни глас Можеби никој не ги користел, чекаат ние да ги купиме и да пишеме мислење
Ај изгледа во скоро време ќе си купам па ќе ве известам. Иначе тоа што можам да го кажам (со оглед на тоа дека само тестер имам ставено) пудрата покрива мнооооогу значи, само на мене ми се познаваа влакненцата на лицето кои без пудра и со друга пудра не ми се познаваат но се се мислам дека таа продавачката ми стави многу пудра. А другарката што беше со мене ми кажа само што ти стави и веднаш се ти покрија. Пудрата е околу 360 денари и е за млада кожа. Толку знам за пудрата. Повеќе импресии и жалби другата недела кога ќе ја купам
и јас си прашав за една пудра од борјоус ама не добив одговор можеби никој уште не ја користи а за пудрите од деби не сум користела првата е за сува кожа една другарка ја има прекрасно и го прави лицето многу е задоволна од неа а втората е за комбинирана кожа не знам некој дали ја користи оваа пудра и јас сакав да ја земам ама се предомислив понатаму ке ја испробам продавачките во парфимериите велат дека е добра и дека покрива многу испробај си ја можеби ке ти одговара.
Па, јас досега сум користела повеќе пудри. Ќе почнам од почеток. Уште во моите почетоци почнав да користам DELINE ( не можам да најдам слика на интернет) Бев дете од 14 години коешто мислеше дека и е потребна шминка , па оваа ја најдов дома и почнав да ја користам. Пудрава ми беше како крем , всушност така и ја користев бидејќи задолжително после тоа ставав камена пудра , иначе ништо од шминкањето. Потоа мислам дека имав пробано и Импала ако не се лажам. И таа исто ѓубре, воопшто не ми се допадна, ми беше некако многу тешка на лицето. И така еден ден се изнервирав бидејќи немав квалитетна пудра и мајка ми ми препорача МaxFactor да си земам. Е тогаш се појави мојата голема љубов. Од пудрава сум максимално задоволна. Прв пат во животот откатко почнав да ја користам пудрава, престанав да користам камена. Доволна ми беше само течната пудра. Долго време ја користев Макс Фактор, последно си имав земено комплет и со камена пудра ПОЛН ПОГОДОК!!! Цветав Но, потоа ме зарази другарка ми со производите од Авон , па ја зедов Ок беше, ја користев долго , но не бев максимално задоволна, дали заради тоа што претходно сум користела поквалитетна, па сега некако ја чувствував разликата, не знам. Исто така , од Авон ја имам користено оваа пудра , во комплет со камената Со оглед на цената, не се лоши пудриве, но сепак јас се чувствував како малтер да имам на кожата, најверојатно бидејќи ми е сува кожата ,па не ми одговараа. Откако ми се потроши Авон , не бев во можност да најдам ни MaxFactor ни Авон , па затооа си ја купив оваа Со оглед на цената што ја платив, не бев воопшто задоволна од пудрата. Беше премногу сува за мојата кожа и едноставно кожата ми беше како со прашина. Од друга страна ми се допадна густината на пудрата и мислам дека доста покрива, но сепак би ја препорачала на некој што има помрсна кожа. И конечно , кога на крај се решив повторно да си земам MaxFactor продавачката ме убеди дека сепак Bourjois ќе ми одговара повеќе на мојата кожа , па така оттогаш ја користам 100 % задоволна и од пудрата и од коректорот, многу природен изгледа дава, погодена ми е на кожата, покрива , немам ниту една замерка. Епа девојки ова е моето искуство со пудри за лице , се надевам дека ќе ви биде од корист. Се извинувам за долгиот пост.
Сепак ќе ја земам оваа втората на Деби, некако повеќе ми фаќа око, а спомна лили дека е за комбинирана кожа па ќе видиме, ако ја има по парфимерииве ќе ве известам при крајот на неделата, не ни сакам да ја потрошам оваа старата аман веќе од неа! И фала ви за одговорите девојки.
Јас ја зедов летово 810 денари , заедно коплет со коректорот од Шатци. Можеше да си избереш помеѓу коректот или маскара. Е дали се уште се продава така како комплет , не знам
Имам комбинирана кожа,на носот и т-зоната ми е мрсна,а на образите сува...користев Мејбилајн од тие со минерали што се,ама некако како што се затоплува времево некако како да ми свети повеке носов....па ај ако сакате да ми препорачате некои...според вас....фала
http://www.google.com/imgres?imgurl=htt ... 80&bih=709 баш ме интересира што мислете за оваа пудра немам некое комплицирано лице, а кога ќе видам на некој како стои баш супер ми изгледа во комбинација со камената користат повеќе мои познајнички и задовлни биле, ваши искуства?
Јас имав пред 3,4 години ама не ми се допадна ама и многу светла ми беше, може ззаради тоа. Една другарка ја користи им аи многу светол тен нејзе преубаво и го прави лицето. Се мислам дали пак да ја пробам, тогаш беше ефтина, сега колку е?
Ефтина е пудрава и јас знам околу 140 ден е. Ја користев порано, првите неколку пати убаво ми изгледаше, ама потоа ја фрлив. Не е ваква пудра за мене, а и за оние со мрсна Т-зона, светкав со неа.
сега на каталогот на бјути шоп гледав пудрата само не во стаклено шишенце туку во обична тубичка беше 70 ден јас сепак мислам да земам па да пробам, една колешка ја користи па дење ноќе и е стакло лицето а како да нема ставено пудра ептен е убаво на неа, ама и таа има светол тен може само на светли им стои
Марина од искуство ти кажувам дека каква пудра и да ставиш Т-зоната ќе ти свети. Мојата кожа е комбинирана, лицето никогаш со сапун не сум го миела. Користев благи купки, но попусто. Пред извесно време почнав да го користам Dove сапунчето. Ми беше потребен период од најмногу 10 дена лицето да ми се стабилизира. Еве до ден денешен јас немам никакви проблеми со Т-зоната. Користам Макс фактор пудра со пумпица. Истата ја користев по и пред употреба на сапунчето. И јас мислев дека некоја пудра може да ми ја стабилизира Т-зоната. Барав, барав и не најдов ниту една таква. Откако го користам Dove сапунчето кожата на лицето си ја доби потребната влажност и еластичност. Не ми свети, не е мрсна ниту пак сува. Поубаво никогаш во животот не сум се чувствувала. Сапунчињата не се воопшто скапи, па ако од некаде почнеш топло ти препорачувам да почнеш со сапунчево!