Баш ми е мило да знаеш. Јас нанесувам со густа бушава четка. Менувам различни - и најевтини нарачани од Али и некои од брендовите. Секако изгледа супер на кожата, види си како ти одговара.
Пудрава е повеќе за сува кожа, не е мат, многу е лесна и има слаба накај средна покривност. Другото не знам.
@koritsaki ќе можеш да ми дадеш предлог за пудри со добра покривност, да се секојдневни и за мрсна кожа? Да соберам некој тестер да пробам што ќе ми одговара, зошто сакам Есте да ја сменам. Џабе пари, џабе покривност кога ич не ми трае... И ми се отсликува и на најмал допир. 3та година како ја користам.. ама не иде веќе вака..
@Yowannty незнам до која цена би сакала , ако не ти е проблем пробај ја на mac- pro longwear , таа е со средна покривност за масна кожа и мене не ми се копира. Исто по покривна е studio fix fluid , можеш да ја пробаш и таа.
@koritsaki кога се работи за пудра флексибилна сум околу цената. Значи не е битно. Искуство со буржоа имаш? И која би ја издвоила како подобра од овие. И каде можам да ги најдам овие 2 во Гр. ? Дали негде конкретно да барам или лесно се наоѓаат? Те нападнав со прашања. Сакам да пробам повеќе различни тестери, пред да одлучам, зошто до сеа само Макс Фактор и последниве 3 години на Есте Лаудер сум.
За комбинирана-масна кожа на Bourjois се Air mat и 123 perfect. 123 perfect e полесна од другава , а Air mat е по покривна само најсветлата нијанса мене ми беше мааалку темна. Ама и двете ми се одлични за масна кожа. Јас пудрите на Буржуа многу ги сакам , само најпофални зборови за нив. Буржуа не ти препорачувам да земаш од Гр зашто се ептен скапи , за тие пари ќе можеш да си земеш Мак
Јас секоја пудра што ја пробав ми е претемна, од есенс, макс фактор, голден роуз, аура сите најсветли ги пробав и пак ми се темни некој да не знае најсветла течна пудра каде има и да не е многу скапа?
Знам дека пиша ГР си пробала ама ај ѕирни ја оваа, и јас сум ептен бела од оваа користам број 1,преку лето со број 2 мешам можеби ќе ти одговара број 1