Знае ли некоја како се движат цените на пудрите и кармините на новата линија во ДМ Trend it up? Конкретно ме интересира за мат пудрата и мат карминот.
Дали некој овде може да сподели искуство со GOSH Foundation Drops? Имам комбинирана кожа, на моменти масна. Планирав да ја купам пак Catrice HD Foundation, која ја користев претходно и сум задоволна, но ја видов оваа на Gosh дека е намалена во Космо и приближно таа цена па сакав да ја пробам.
Да не е Bourjois 123 perfect на попуст некаде? Или предлог за пудра со слични карактеристики и убави темни нијанси? Фала
@koritsaki супер, фала уште вечерва ќе идам во Сити мол @Rose96 омилена пудра ми е, заедно со ЦЦ кремот. Со години незаменливи ми се
Имам користено многу пудри но ниедна не ми е доволно прекривна и трајна освен менхетен ама од таа и најсветлата нијанса мене ми е темна. Инаку имам нормална/комбинирана кожа.Дали можете да ми препорачате убава и долготрајна пудра со светли нијанси да е посветла од 80ка менхетен и 10ката катрис хд. Благодарам
Тие што ја користите Ревлон Колорстеј, или сте ја користеле, дали се исфрлувате од кога ќе ја нанесете пудрата после неколку саати или нареден ден? Не знам дали е до моето лице, до периодов, или до пудрата, ама а ја ставам одма се исфрлувам. Со години ја кроистам веќе и мислам дека порано не ми се случуваше ова, или не ми текнува..
Мене ми се случи само првиот пат кога ја ставив. После го одмарав лицето некое време. Може да е до периодот, да не може лицето да поднесе толку тешка пудра на жешково врем. Искрено јас колку и да ја сакам, ја користам само за свадби.
Откако и ја сменија формулата пред некоја година мене ми излегуваат премногу акни од Ревлонот. И последнава со пумпица ја купив и од нејзе исто
Истото и јас го помислив. Од кога ја сменија формулата мислам дека почнав да се исфрлам, а и покривноста ми е многу послаба за разликата од старата формула.. Штета. Предобра ми беше пудрава
Изгледа само мене ми е непроменета пудрата, би рекла и подобрена во некои сегменти. Дури оваа верзија со пумпица ми е нај нај до сега. Потребна ми е само една капка за да го покријам целото лице и изгледа многу професионално ко којзнае што да сум ставала на кожата. Многу ми е погодена, од нијанса до сè. Почесто нанесувам Ревлон отколку МАС, така ми стои засега. Ревлон верна љубов.