Пудра за мрсна кожа што не изгледа бледо со блиц? Ја користам Катрис хд и Боржуа еар мат, во потемни нијанси бидејќи сум исончана и пак сум бледа. Врз нив ставам Менхетн камена на цело лице и Римел транслусцентната на т зоната. Да не биде поише од 600 ден.
Искуство со Rimmel wake me up пудрава? Или предложете некоја што нема да се познава на лице, секојдневна .Светла сум и имам комбинирана кожа што во зимно време знае да си се засуши да не случајно ја зема на гош пудрата во капки?
Seventeen имаат доста светли нијанси на пудри а можеш да ги видиш и на Loreal.. Се сеќавам дека нивната Infallible имаше доста светли нијанси кога ја користев на времето.
Ако е оваа страна, https://www.facebook.com/kryolan.skopje/ имам слушнато дека се веродојстојни (ама од луѓе, де, не од прва рака). Ако прочепкаш по страната ќе видиш дека е страна на оваа компанија http://laguna.com.mk/ Тие викаат дека се официјални застапници на Kryolan за Македонија... А цената толку би требало да и е. Можеш да ја прашаш девојката што те шминкала од каде ја зема. ЕДИТ: Мене ми личи на веродостојна работа. Столчиња за шминкање и компресори за airbrush продаваат, не се тоа евтини работи за да се залажат наивни девојчиња.
Да, имаат доста голем асортиман на производи, сум користела сенки и пудра досега. Сенките се одлични, доста пигментирани и не се ронат а конкретно пудрите имаат доста светли нијанси за оние со порцелански тен
Другарка користеше течна пудра од seventeen, и таа има светол тен. Но, паметам дека пудрите имаат розов подтон. Jaс имам кармини seventeen matte lasting lipstick, и сум презадоволна од квалитетот. Спојлер: Пудра Спојлер: Кармин
Па наједноставно: оди во Космо, стави на брадата малку пудра (најдобро неколку нијаси стави) и излези на дневно светло. Која пудра е иста или најблиску до бојата на твојата кожа - тој е твојот подтон. Мене лично пудри со портокалов подтон ми делуваат поприродно, и јас секогаш бирам таква пудра. Но, не мора да значи, едноставно избери пудра која најмногу ти одговара. Никогаш не купувај пудра според светлата во продавниците, биди сигурна дека ќе згрешиш. Од искуство ти кажувам, јас еднаш направив таква грешка, и сега ставам пудра па ја бирам на дневна светлина.
По бојата на вените која ја гледаш кај зглобот кога ќе ја свртиш раката со дланката кон себе. Ако се плави тогаш имаш ладен подтон и ќе одбереш пудра со розеникави примеси. Ако се зелени, станува збор за топол подтон и одбираш нијанса со жолти тонови. Ако се некој неопределен микс од двете бои тогаш си неутрал и можеш да одбереш било каква пудра. Јас сум неутрал, повеќе ми се допаѓа како ми прилегаат пудри со жолт подтон, со розев изгледам малку смешно.
Ја земав, не сум нешто воодушевена. Ја ставив два пати ама светла ми е периодов и не сум нешто задоволна од тоа колку издржа на лицето. Има жолт подтон, ако ти значи нешто. Во моментот ја миксам со Лореал 24h мат и ми вриши работа вака. Ако имаш не толку комбинирана кожа, ќе ти биде добра.
А изгледа природно на лице ептен? и не ти издржа у смисла пошо ти светна лицето или ти ја снема од лице?покривна ли е? со која камена ја комбинираше и дали е лесна и колку е цената? ТЕ УМРЕВ со прашања
За таа страна мислев. И мене ми личат на веродостојни. Плус имаат адреса оставено и баш ќе им пишам да прашам дали може да се видат производите или да се купат на лице место.
Баш сакав да прашам за РевлонотДодека бев на одмор паузирав,три недели бев само со крема и масла и ми се исчисти лицево.Откако почнав со неа почнаа и црнките (акни не ама црнки премногу) мислев ми се причинува ама ништо друго не сум сменила.Се израдував ја погодив вистинската нијанса,смрт ми е бирање нова пудра
Јас ја имам користено ама искрено не бев нешто задоволно исто како крем за лице да користиш. Ништо посебно, не вреди за парите.
Ми се брзаше и ја купив оваа пудра (Artdeco liquid camouflage) инаку имам комбинирана до мрсна кожа па се надевам ќе ми одговара. Ако некој ја користел добредојдена би била критика за истата.
Изгледа поприродно од останатите ама пошо ставам камена одозгора - џабе. Користам Stay Matte од Rimmel. Брзо светнав и после некое време се изгуби скроз (ја пробав и со Аура зелената подлога и Benefit Porefessional - исти резултат). За покривна, океј е. Може да се надоградуваш слоеви без да изгледа cakey. Делумна лесна и ја купив од Космо некои 450 ден. на попуст е. Не сум задоволна, требаше да си ја купам Катрис Ама ете, за да не ми пропадне, ја мешам со други
Пудрата е лесна, али не е за мрсна кожа, повеќе е за сува и нормална. И има слаба накај средна покривност.
Девојки сега во дм ја видов римел ластинг финиш на попуст е 400 ден а нормална цена е 550. Имам екстремно мрсна кожа и немам нешто многу за покривање.Некоја што ја користела да каже мислеље издржливост покривност.Користам матирачки прајмер на лореал. И дали е за мрсна кожа .