@koritsaki @YoungandBeautiful @Mishela Фала ви многу за брзиот одговор Не ми се допаѓа како ми стојат на лицето прашкести производи, па затоа немам многу искуство Ама на жешково не ми се ризикува. Ако најдам добра нијанса од Римелот, ќе ја земам таа. Тенк јууу уште еднаш
На есенс е многу фина и воопшто не се чувствува на лицето, јас ја нанесувам со големата дуо фибер четка на Аура и е супер.. Е сега за со блиц како ќе се покажи не знам, јас бидејќи ставам ептен малце најчесто на т зоната не ми се познава ништо на слики, мислам дека нема да ти направи проблем.
Дечки, ај предлог за некоја добра мат пудра која покрива и е долготрајна? А воедно и да нема астрономска цена
Предложете ми пудра за секој ден. На катрис која пудра ја фалевте дека е добра? И таа на Есенц во бело-виолетово тубиче дали е за комбинирана кожа?
Catrice HD, стаклено шише со црна пипета. А за Есенс не знам за која се работи, али пишува секогаш позади за каква кожа е, или барем дали е мат или не.
Да, околу 350 денари е. Презадоволна сум, многу убава покривност, стои со часови, не ми остава траги на моб, на гардероба не сум приметила. Плус не изгледа тешко на лице.
За жал не ми дава во моментот од моб да прикачам. Гуглај ја како Ingrid ideal mat, стаклено шише со црно капаче.
Дали ја има пробано некој оваа пудра на Евелине? Ми ја пофалија во парфинерија дека била добра со природен полу мат изглед ама не ми се ризикуваше да ја земам на непроверено
Помеѓу maybeline fit me и catrice HD liquid coverage која би ми ја препорачале? Имам комбинирана кожа, сува на образите, мрсна во Т зоната, и ми треба полесна пудра за секојдневна употреба. Благодарам однапред <3