@Waka-waka Лореал True Match кај нас не ги носат светлите нијанси, не знам зошто, така што не верувам дека од таа би нашла соодветна нијанса. За Фејсфинити потврдувам дека е одлична за секаков тип на кожа. Јас од екстра масна, сега имам сува “благодарение“ на бременоста, и пак ми одговара. Нијансите се многу светли, јас ја користам sand 60, што е претпоследна, една пред најтемната нијанса. Така што, во однос на нијанси, верувам би си нашла соодветна. Е сега, пудрата не е баш лесна, има медиум, па би рекла дури и фул покривност, барем за мене. Ама, нагласувам, не изгледа како маска воопшто. Со потенок слој изгледа фантастично, фотошопиран изглед се добива, и најбитно од се' е што е долготрајна (иако нема такво тврдење на амбалажата). Не мрда од лице, ги измазнува порите, дава убав некој полу мат финиш (зависи од подлогата, што помасна, тоа по dewy изглед се добива). Кога и да ја имам на мене, обавезно добивам комплименти и прашања за пудрата, што значи убаво изгледа за око. Моментално ја користам Менхетен Endless Perfection 24h, и со оглед на тоа што на брзање ја земав, многу пријатно сум изненадена. Трајна е на лице (и тврди дека е долготрајна), има natural финиш, содржи исто некој comfort serum и мене ми е одлична за секој ден, и хидратантна. Околу 500 ден и е цената. Лесна/средна покривност има, изгледа многу природно и има светли нијанси. Јас ја користам 62 porcelain, светла нијанса со жолт подтон. Спојлер: Слика И последно, за посебни прилики секогаш ја имам Диор Форевер, ми ја замени дури и мојата Есте Лаудер. Полесна е од Есте, трајна до бескрај, ги маскира порите, буквално е фотошоп во шише. При крај ми е, морам да ја набавам повторно во скоро време. Ако сакаш нешто по high end, ти ја препорачувам. Лесна/средна покривност, природен мат финиш, но не го суши лицето и погодна е за сите типови на кожа. Ја користев и кога ми беше масна, а и сега кога ми е сува и немам проблем. И за оваа сум добила безброј комплименти и прашања, навистина е преубава и најприродна пудра што сум ја користела. П.С. Ни една од набројаните не оксидира, барем не кај мене. За ББ крема немам препорака за сува кожа, за жал.
@Sexybaby86 која нијанса ја користиш на Диор? Јас овие денови ја тестирам , ми ставија во бело кутивче да ја испробам , веќе ја пробав три пати многу ми се допадна, многу! Дури и подобра ми е од таа на Мак и Есте што ја користев и нареднава недела ќе ја земам. Е сега 20ката ми е темна некако па ќе видам дали 15ката или 10ката да ја земам.
Фала @Sexybaby86 , најверојатно ќе ја земам Фејсфинити,супер штом има избор на нијанси. Погодено ми е и тоа што може да се надоградува од лесна до целосна покривност,зависи како ќе ми треба во различни периоди на месецот. п.с. Честитки за бременоста!
@koritsaki ја користам нијансата 015, совршен match за мојава кожа е, неверојатно. Од Сефора од Грција ја земав последен пат. Светла е доста, со жолт подтон, мислам дека ќе ти биде добра. 10-ката е доста посветла, ама види си, пробај. Нели е врв пудрава, предобра е
П.С женски препорачајте ми некоја добра пудра што покрива колку толку флеки, за комбинирана кожа. Само не со ептен енормна цена Фала @Sexybaby86 колку пари е таа на Диор? И дали е за комбинирана кожа?
Одлична е , не мрда од мојава масна кожа. И порите како не се приметуваат без прајмер чудо едно. ќе ја земам , само ќе видам со нијансиве ќе ја пробам и 15ката па ќе видиме
Катрис ХД, Севнтин мат плус, Макс фактор 3 во 1 (фејсфинити), Ревлон (на некои им прави мозолчиња). Некои ја фалат боржуа 123 но ја немам пробано и незнам да ти кажам. Сепак тргни во поход по прафимерии и со тестер да си оцениш која ќе ти прекрива најдобро. Пудриве што ти ги пишав се во просек од 500 - 1000 денари.
Air perfect подобро покрива јас и двете ги имам користено , исто така разлика има во нијансите , 123 перфект има по неутрални нијанси (со жолт подтон) додека нијансите на Аир мат се потемни (секако ако си многу светла)
@IronLady Диор е Диор, не може да биде евтино во никој случај Пудрата Форевер е околу 2.900 кај нас, јас обично од странство ја земам и често ја наоѓам на акции. Инаку, да, за комбинирана кожа е совршена, има мат финиш, но не суши, преубава е. За сите типови на кожа одговара инаку, пишав дека сега мене кожата ми е сува, и пак ми одговара, преубаво изгледа на лице. Ја користев и кога ми беше масна кожата - исто, преубаво изгледаше на лицево.
@YoungandBeautiful над 800 денари (не знам точно), ама речиси секој месец ја има на акции низ Космо, Еликсир, Анабела, така што често се наоѓа за 650. Јас секогаш ја земам на акција, досега не сум платила фул цена
Здраво Сакав да ја пробам Катрис ХД, се мислам која нијанса би ми одговарала најмногу.. Користам 53ка од Боржуа, па ако некој е исто како мене а ги има користено и двете би била благодарна да ми предложи бројче
Мој совет е воопшто да не ја менуваш Боржуа, јас за брзо и се вратив Навистина Катрис има многу убава структура, покривноста е одлична, цената исто е супер, ама оксидира и на блиц е бела. А и мислам дека тебе воопшто не ти е потребна пудра со толкава покривност. Ама ако ја пробаш, пиши импресии, баш ме интересира како ќе ти се допадне
Пусти мерак да ја пробам сакав уште од пред некое време да си земам пудра со поголема покривност за навечер. Сега додека го пишувам ова се сетив дека ја имам користено онаа на Римел lasting finish 25 и тој период бев многу задоволна, па можеби ќе се вратам на неа за потешка вечерна шминка. Ако ја земам на Катрис ќе пишам имресии. Фала многу
Која е средна нијанса од римел lasting finish не сум ни темна ни светла, прееска бев во дм но сите ми изгледаа темни некако