Која е најдобра и најпокривна пудра а да изгледа најприродно на лицето..Макс фактор фејсфинити буржуа 123 перфект или севнтин велвет..Никако да погодам нијанса..Ми треба некоја со жолт подтон
Според мене од сите овие три најдобра е Макс фактор, веќе второ шишенце како користам, поточно нијансата голден 75, малку ми е светла, но со бронзер не се забележува.
Јас 470 ја земав и е нешто препрепрекрасно. Има средна накај висока покривност, стои мат на лице, не се пресликува на облека и си стои на место додека не ја избришиш. Што е најбитно не светнува и воопшто не се осеќа тешка на лице.
Дали некој ја има користено Max Factor Healthy Skin Harmony Foundation, за каков тип на кожа е и како сте задоволни?
Пак јас, кожава ми се менува со годишните времиња Предлог oil free, некомедогена пудра за сува кожа, со покривност и трајност?
Мислам дека е за нормална-комбинирана кожа. Малку е тешка, па претпоставувам дека не е баш погодна за сува кожа.
Купив Bourjous Healty Mix Serum пред некоја недела, со квадратно ново пакување и забележав дека формулата не е иста како со старото пакување. Многу е течна, иако и старата беше течна оваа ми се слева по прстите кога истурам, а порано имаше погуста структура. Исто забележав дека и покривноста и е намалена. Јас имам чисто лице, и ја користам само за да покријам подочнаци и дисколорации, ама сега покривноста и е како на пудрите од орифелим и авон. Знам дека оваа пудра е со средна покривност и не треба да се очекува многу ама имаат направено разлика со форумулата во старото пакување. Ќе ја потрошам комбинирајки ја со камена пудра, ама дефинитивно после многу години одлучив да ја сменам и да си барам друга пудра. Предложете пудра за сува кожа до 700ден.
не е баш за сува кожа. Одлична покривност чиста 10ка ама мн е тешка и од авион се познава кога имаш ставено од неа дури и кога ставаш малку.
Девојки која пудра е потрајна и попокривна за комбинирана кон мрсна кожа,Revlon новата формула или L'oreal infallible 24h matte?
Според мене на Лореал е по покривна од Ревлонот и по мат , но разликата е во нијансите , сите пудри на Лореал имаат чудни нијанси , темни , портокалови.. само пробај си на тестер може тебе таа на Лореал да ти одговара
Висока покривност ама претешка е на лице.Иначе кожата ми е ниту мрсна ниту сува. Нешто измеѓу. Премногу се осеќа кога ќе ставиш, веднаш паѓа во очи. Па за денска употреба никако, како лицето во паштета да си го мрцнала. Кај мене после час/два ми се собираше на некои места и правеше лицето одблиску да ми изгледа како испукан асфалт буквално.