Мислам дека моментално во Космо на попуст е онаа органската пудра од Дебора. Ако не се лажам, околу 400 денари е, но не знам колку е соодветна за многу мрсна кожа. Мене не ми беше воопшто лоша (имам комбинирана кожа) - покривна е, нијансите се фини, не се лизга од лицето меѓутоа многу бргу светнував во Т-зоната дури и кога користев матирачки прајмер.
Женски предложете ми некоја убава покривна пудра за сува кожа,тешко да погодам се како лишаи ми се прават
Вака девојки... Ја користев Hd liquid coverage пудрата на Catrice.Не можам да опишам колку катастрофално влијаеше на моето лице. Инаку акни имам само во ПМС,од кога почнав да ја користам пудрата еве веќе второто шишенце го имам,секојдневно на лицево имам акни и ми излегуваат нови. Освен тоа,имам многу мрсно лице,а пудрава нели е матирачка,мене лицето после неколку саати ми свети како лампион. Крајно сум разочарана ,не е многу скапа,но и поевтини пудри кои сум ги користела,немале толку покривност но не ми правеле проблем со лицето. Дали и некоја од вас има слично искуство со оваа пудра? И ако може да ми препорачате пудра со слична цена и и да има слична покривност и да има мат ефект?
Здраво девојки, ќе може ли да ми препорачате пудра што има добра покривност а може да се користи и за преку ден. Моментално ја користам на Севентин велвет плус, но сакам да најдам нешто поевтино затоа што повеќњ ми треба за преку ден. Ако има некаде попуст по скопјево кажувајте
Како сте заоволни од пудрите на Дебора, или препорака за убава течна пудра што дава сјај на кожата до кај 500 ден.?
@Tumblr Ја користам истата пудра и воопшто не сум задоволна. Јас имам сува кожа. На почеток кога почнав да ја користам Catrice лицево убаво ми ја примаше, во последно време кога ќе ја нанесам ми се прават лишаи, а кога ќе упие лицето ми добива скрос различна боја од природната и од таа на пудрата - таман можам да глумам во Adams Family (изгледам како да сум ставила цело паковање бебешка пудра на лице). Забележав и дека ми се прават и мозолчиња. Јас би ти препорачала да си земеш пудра од Авон - LUXE со бисерен сјај. Претходно користев таква и сум презадоволна. Ќе си се вратам повторно на неа. Лесно се нанесува, има совршена покривна моќ и му дава на лицето свиленкаст сјај.
Не сум баш компетента да кажам, јас и онака имам проблематично лице, не можам конкретно да кажам дека од оваа пудра се акните. Инаку мене пудрата не ми оксидира, имам мрсна кожа ама не светнувам, покривноста и е одлична. Е мене проблем ми е тоа што на дневна светлина нијансата ми е одлична - речиси и да не се забележува разлика на вратот. Ама затоа под вештачко светло, особено она што го имам во купатилото (не е економична сијалица, не е обична, туку оние мали, кружни сијалички) сум како дух - од бела по-бела. Се мислам дали да ја земам wet n wild photofocus или essence camouflage. Ни едната ни другата не се скапи, ама катрис ни до пола не ми е потрошена, пудра не ставам секој ден, не би да дадам пари за џабе.
Леле па мене ептен ми е погодена пудрава, за ништо не би ја сменила. Толку време ја користам и ниту еднаш не ми светнала, си стои на лице онака како што сум ја ставила. Баш она мат. Додека кај претходните пудри после саат два ми се правеа ко лишаи на лицето, цело ми се збрчкуваше, со ова пудра не се случува тоа. Ја нанесувам на лице одкако веќе преходно сум ставила најобичен крем и супер си стои додека не ја тргнам. Али секој различно.
Искуство некој со пудрава? Ја утнав скроз или? До сега Буржоа Мат и Катрис ХД користев, па да сменам ја земав, пишува фри оил ама некако без камена не ја бива. @Tumblr и мене исто ми влијаеше Катрис и моментално во канта ја фрлам. Исто мислев од ПМС е, ама не ќе да било.
Јас ја имам користено. Мене не ми се допадна баш бидејќи ми светеше лицето од неа, и плус бојата ја утнав. Не ми се допадна и тоа што беше густа , чудна..
Бојата е ок, жолтеникав тен(ако може да се каже така) имам и единствена да ми се погоди, ама мрсна е, како восочна фигура ме направи. Ок, уште една во канта. Буржоа судена ми била.
Фала срцка,баш ќе ја пробам. Само кажи ми дали одговара за мрсно лице,пошто јас имам многу мрсна кожа?
Мислам дека не би одговарала на мрсна кожа. Јас ја имам користено со нормална, и сестра ми со екстремно сува. Сестра ми ја обожаваше, јас не бев импресионирана. Воопшто не е трајна, убаво изгледа на лице кога ќе се нанесе, ама за 2-3 часа исчезнува, исто како ништо да не си ставил. И не, воопшто не е покривна.