И јас не би ти ја препорачала ... За многу мрсна оваа, Нема да се покаеш, но маана има, нема избор на нијанси.
@Tumblr Мене ми е мрсно само челово и тоа многу - немам досега со ништо успеано да го "матирам" Поголем дел од кожава ми е сув така да Luxe ми беше убава, на неа не пишуваше ништо околу тоа за каков тип на кожа е погодна. Плус тоа забележав доста различни искуства со Luxe, а и со Catrice - значи зависи од кожа до кожа. Би можела да пробаш со пудрите Bourjois: Мислам дека би ти се допаднала оваа. ^ Или евентуално оваа со витамини ама нема матирачки финиш, туку е сјајна.
Ја разгледав темава ама не успеав да најдам препорака за добра пудра за нормална до малку сува кожа. Ја користев Лукс на Авон, ама сакам да ја сменам. Неам проблем со лицето, едино подочнаци што излеа на сите ни се must have и по некоја пегичка. Барам пудра што нема да се познава од километар на денска светлина, да не е многу тешка, да има добра покривност. До 1000 би дала. Предлози?
Ако не се лажам од 600до 800ден.... Е сега и 1,2,3 ја имам земано не знам точна цена. Ја имаш секаде.
@Tumblr ако имаш многу масна кожа тогаш Хелти микс серумот нема шанси да ти одговара , ќе светнеш по 2 часа , од искуство ти кажувам и обичната ХМ не е за масна кожа. Таа аир мат да , супер е за мрсна кожа , само ако си пресветла тешко да ти одговараат нијансите. Можеш и 123 перфект да ја пробаш , таа има и по неутрални нијанси. Цените на Буржуа пудрите се движаш околу 800 денари , 123 перфект без попуст е 860 , ама често имаат попусти , би ти предложила да отидеш во Анабела , таму има најчесто попуст
Споредба на bourjois healty mix серумот и bourjois healty mix? Која е повеќе покривна и има smooth ефект ?
Девојки ќе ве молам за совет. Сакам да сменам пудра, последно користев буржоа хелти микс (т.е сеушште ја користам). Задоволна сум од покривноста, но во последно време почнаа многу често да ми излегуваат мозолчиња и акни. Не сум во пубертет, а и досега толку не ми се нафрлало лицето. Се си мислам дека од пудрава ми излегуваат.Имам нормална кожа со мрсничка т-зона. Се думам меѓу Ревлон колорстеј или Авон лукс?
Пробај да не ја користиш некое време. Оваа пудра е за нормална до сува кожа (а тебе ти е комбинирана кожата) па види поради тоа да не ти излегуваат акни..може да е хормонално пореметување и сл. ) А јас ја имaм користено на Ревлон и ок ми беше но последен пат кога ја земав беше како маска да имам на лицето. Јас ја имав земено таа за масна кожа , а таа Лукс не ја знам
Мене пак од ревлонот ми се направија акни многу и големи. Од буржуа малце ми се опорави лицево, ама не е за мрсна кожа како мојава, баш како што кажа @koritsaki светнува за 2 часа. Лукс е добра. Пробај ја. И 123 перфект од буржуа е исто добра
Нели е оваа во ново пакување ?На попуст е во Космо 530 денари,ја меркав пред некој ден ама некако не ми се покривни пудриве на Мејбилајн.Ако пробаш кажи ми
Фала на одговорот, ќе проверам таму и не знам дали е истата, ќе прашам. Инаку јас сум презадоволна од пудрава, ми одговара најмногу од сите.
Само оваа ми се погодила од Артдеко - Longlasting oil-free. Мислам дека беше околу 900 денари, ама подобра пудра од овој бренд нема да најдеш за масна кожа. Многу убаво покрива, има убав избор на нијанси, само малку е потешка и не знам колку би ти се допаднала за секој ден. Мене лично ми е за нијанса потешка од Ревлон, има погуста формула и баш ми е пудра за овој зимски период.